Шилегов, пијаницата и лажовот, го сече Водно!

Шилегов, пијаницата и лажовот, го сече Водно!

Трамвајот наречен Желба
.
Еден од акцентираните и главни моменти зошто требаше да падне “Режимот на фамилијата“ беше и заштита на #Скопјенце, а со тоа и заштита на нашето здравје и живот.
Имено режимот беше корумпиран и безмилосен, исече повеќе од 60 дрва ( некој велат 65, други 70) за да направи проширени булевари и пристојни улици.Тогаш излегоа десетици и стотици експерти со кампањата “ Коце можеш ли да ни го повратиш здравјето“ …
Во исто време се активираа “Паркобранителите“, “Имам право да дишам“, “Зелена патрола“ …чинам беа околу 20 слични организации кои направија невидена фрка и калакурница низ градов. Правеа театар, се врзуваа за стеблата на дрвата со ланци, лежеа пред механизацијата која асвалтираше нови улици и нејсе од тоа произлезе ветувањето на гратскиот татко по познат како “ Петре &биветре“ дека прва работа кога ќе дојде на власт ќе биде да го намали загадувањето во Скопје (повеќекратно), а до крај на мандатот загадениот воздух да биде минато. Во неговата кампања вети 3-4 нови паркови, вети секое новородено дете да има дрво со свое име и презиме, вети ефикасно пошумување ( а не како она “Ден на дрвото“ кое мораше да се укине поради неефикасност). Вети многу нешта меѓу кои и ТРАМВАЈ за град Скопје и околните населби, а за скопските села “Незагадувачки превоз“, што тоа и да значи ???
.
После 2-3 год од падот на “Режимот“ не само што нема ништо од ветеното туку : Испливаа документите дека во “Дрисла“ се гори радиоактивна медицинска пластика на ангро, испливаа документите дека 6 од 10те најголеми фабрики-загадувачи на Скопје воопшто немаат филтри и апсорбенти на оџаците, но исплива и фактот дека на температура од 22C кога никој не се грее на дрва , Скопје е четврт по загаденост град во светот.

И како да сево ова не е доволно денес бевме сведоци на тотален масакар на “ Белите Дробови“ на Скопјенце. Исечени се нови 5000 стебла ( тоа по проект) што велат -By the book, а сигурно има уште толку искршени од тешката механизација и со соголени корења кои од зимата ќе се исушат. Значи никој не се прашува колку време треба да пораснат 5000-10000 стебла висококвалитетна борова и букова шума, И ШТО ЌЕ ДИШЕМЕ ДОДЕКА ПОРАСНАТ; АКО ВООПШТО СЕ НАСАДАТ?


.
Она што мене ме фрапира, е фактот што во овој случај нема : Паркобранители, Зелена патрола, Право на воздух, Анима Дунди…Никој жив не се замара, а одговорот на прашањето знаеш ли што се случува на Водно? Најчесто гласи : “Не се замарам брат или мене не ме интересира политика“.
Така што #НаПравПат сме…сега го пробиваат, пушка прав е !

 

Томче Ширков

Водно, 03.11.19