Црни Груја!!!
Српска пародија – Македонска реалност!
“Неки че те да погинете, а неки че да се вратимо“ тактиката на Црни Груја, ние во Македонија си ја гледаме во живо.
На страницата на сајтот “Сведок“ (http://svedok.org.mk/mk/index.php) кој е сајт на соросоидот Саше Димовски, а финансиран од чудна швајцарска невладина организација, стои објава која ми се чини вистинита.
Имено, во текстот од 01.11.2017 http://svedok.org.mk/mk/record.php?id=1015 посветен на рочиштата на Апелациониот суд, има навистина чудно тврдење на адвокатот на Никола Груевски, Боро Тасевски.
Доколку е цитираното точно, велам доколку е точно, бидејки сајтот припаѓа на аморален човек што себе си се набедува дека е новинар, тогаш е тоа баш тактиката “Неки че те да погинете, а неки че да се вратимо“ .
Бидејки досега не видов демант на порталот Сведок, ниту на било кој друг сајт, овој прилог ќе го сметам за релевантен.
Таму, Боро Тасевски, адвокатот на Никола Груевски, експлицитно вели: “ако се прифатат овие докаи ќе се озакони нелегалното прислушување што го правелее УБК и МВР во Македонија“!!! Натаму, исто така вели: “ “Оваа повреда, нелегалното прислушување е направено во МВР и УБК, од овластени лица во МВР. Ова би значело прифаќање на незаконското прислушување бидејќи лиицата што го вршеле се внатре во МВР и УБК“!!!
Уште еднаш велам, АКО Е ОВА ТОЧНО, адвокатот на поранешниот премиер тврди (признава) дека во УБК и МВР имало нелегално прислушкување!
Директор на УБК во тој период за кој се зборува беше Сашо Мијалков, а министер за внатрешни Гордана Јанкуловска (“Неки че те да погинете“), додека во истиот период Премиер беше Никола Груевски (…“неки че да се вратимо“).
Пак да прашам, да поставам дилема. Вистините ли се обие зброви изречени пред судот?
Ако се вистинити, братучедите кинисале во различни правци.
02.11.2017