Прво, да ви ја расипам партиската еуфорија! И на големите и на малите партии што не се во власта.
Се си мислам дека Зоран Заев на 3-ти јануари нема да се повлече од премиерската позиција. Нема да даде оставка. И, нема да распише предвремени избори (СДСМ нема да ги изгласа во Парламент).
Зошто?
Просто, затоа што таква лажовчина се нема досега родено на светов. Како и за се досега, и тогаш ќе си излаже. Ќе измисли причина, ќе создаде инцидент… Само од кабинетот да не излезе.
Што ќе добие тој со тоа?!
Па, исто како што ВМРО-ДПМНЕ-овската стратегија за “4-ти Илинден“ (искористувајки ги Бетмен, Борис и Јовановски) доведе до општонародно спласнување на енергијата со секојдневно собирање, а ништо не преземање; “4-ти Илинден“ што резултираше со предавство од врвот на партијата (Груевски и Николовски во Виена, Ѓорчев во одбрана на пучистите во Скопје, Иванов и Синиша скриени во газот на Живаљевиќ, Вељановски без исклучен микрофон при пеење шиптарска химна…); “4-ти Илинден“ со кој се елиминираа најтврдокорните и нјасилни мажи (Југ, Горан, Јане и другите…) – исто како ВМРО ДПМНЕ тогаш, сега СДСМ ќе сака утакмицата да ја добие на кондиција. Тогаш, 2017-та, народот беше изнемоштен со 5-месечни безцелни маршови, сега пред заев се 12 месеци за комплетно еутаназирање на народната енергија.
Кој може, политички, да ја преживее 12-месечната политичко-криминална голгота од страна на СДСМ. Ниту една мала партија, никои апасевци, бојкотирачи, бачевци, интегри, родини, левици, тортевци… Едноставно, на кондиција (читај: пари), Заев ќе ги прегази сите.
И за ВМРО ДПМНЕ е тоа предолг период. Судски рочишта, блокиран имот, лица со затворски и домашен притвор, лица со кривични процеси, ограничени финасии, избеган Почесен претедадтел… Плус, во 12 месеци купишта луѓе од опозицијата што се надевале дека ќе бидат кандидирани за претседател на Собарние, министри, пратеници на добитни места, партиски функции, нов Извршен, и други бенефиции ќе бидат опсипани со понуди од помалите парти и разно-разни граѓански здруженија за да имаат добитно место на нивните изборни листи. Тоа, додатно ќе го раслои вмровското ткиво кое во моментов е тотално нејасно колкаво е. 200К, 300К или 400К+?
И, оние наивните, кои јавно ќе прифатат понуда, и ќе се декларираат дека се решиле за тоа-и-тоа, ќе бидат масакрирани и од непријателите (СДСМ) и од своите (ВМРО).
Ова, реално е добитна комбинација за Заев. Плус, Македонија примена во НАТО и некаков вординг кој имплицира почеток на преговори со ЕУ – Заев е на коњ. И тоа оној белиот, каков што имаа Тито за влез во Белград и Жуков на парадата во Москва.
Секако, ова се мои резмислувања, не можам да тврдам дека баш така ќе биде. Но умни луѓе се обидуваат да размислуваат, пресметуваат, калкулираат – и со тоа да претпоставуваат што би можело да се деси.
Исто така, не е далеку ни помислата дека избори на 12-т април догодина, и некој горе-долу пата-пата резултат (ВМРО ДПМНЕ 52-53, СДСМ 46-47), може да донесе, под огромен странски притсок, концентрациона влада која ќе не води кон НАТО, ЕУ и цементирање на “северна“. Во таков брак од интерес, ВМРО ДПМНЕ би имала премиер (и некои министри), ама не и комплетна власт. СДСМ би имале министри по мерка. ДУИ би останал во бизнисот, а странците би владееле со овој протекторат.
Човек да не знае што е полошо!!!
Избори на 12-ти април 2020 – Цветници, не сум баш сигурен.
На Цветници победа на СДСМ – катаклизма.
2020 на Цветници 55 или повеќе пратеници на ВМРО ДПМНЕ, хммммм!!!
У ствари, што па јас се мачам со прашања и одговори. Ќе си ја викнам Класната у емисија, па она ќе ми разјасни.
М. Неделковски
за Дудинка,
Скопје 24.10.19