ХЛАД

ХЛАД во петок излегува од замрзнувач за длабоко, и повторно стапува на сцена.

ХЛАД од хлад на сонце.

ХЛАД или High Level Accession Dialogue between Republic of Macedonia and European Commission е начин на преговори меѓу ЕУ и Македонија, за да се избегне ветото од ГРција.

ХАН доаѓа со рестарт на ХЛАД во петок во Скопје.

Па, на стартот на школската и академска година, за школарците што ништо не научиле, да разјаснам:

– Избран е “Специјален“ од фелата, а не од листата не желби на СДСМ.

– Рокот за подигнување евентуално обвинение од 18 месеци, кажува дека до изборите во април нема да има ништо атрактивно.

– Името на законот за Специјално обвинитество содржи формулации што однапред го индицираат нелегалното стекнување на нелегалните снимани матерјали.

– Разочарувањето кај Калајџиев и Најчевска е очебијно и документирано.

– Разочарувањето кај Твитер заедницата на СДСМ утрово е комедија за уживање.

– ЕУ, според сите параметри на ХЛАД, во петок ги започнува пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

– Никола Груевски повторно маестрално одигра партија шах. Овој пат со далечински управувач. Од селата во Реканскиот регион, од регионите низ Македонија, од Тетовско…. Од секаде каде што секојдневно е присатен, успеа да ги матира правнците на СДСМ и да му донесе победнички поени на својот ВМРО.

– Без обвиненија ( а и онака нема ништо опипливо, туку само оговарања) и со пристапни преговри со ЕУ, Никола Груевски влегува во предизборната трка со грогираниот и поразен СДСМ, демотивиран Заев (со стент заради проблеми со срцето, од пред некој недела), и распаднат СДСМ.