Харвард, ма дај не ме јеби!

Харвард, ма дај не ме јеби!

Мислев дека ќе успеам да се воздржам, еве веќе 10 дена СЕ, ама далеку е 12 декември, а веќе го претеравте со дечково од Харвард, почнавте сериозно по насловни да си играте мајтап со него!?

Значи вака, типов wannabe Крмов ко што го причаат низ чаршијата, прекинете да го ставате во иста реченица со Харвард.
Вака било тоа,.. тој бил во САД, да, можеби, и се возел од лево кога го забележал Харвард од десно. Застанал, уредно се паркирал, ПРОШОЛ ПОРЕД ХАРВАРД, се вратил во автомобилот и продолжил понатаму, сакал да стигне да го посети и Жилет стадионот тој ден, бидејќи да си во Бостон, а да не направиш тура во тогаш домот на Брејди и Беличек, треба да не си одавде!?

Вака,…
Типот Ковачевски завршил на наш економски, Таки му предавал тогаш марксизам, а Драги Јанев математика, кој Харвард ве спопаднал!? За време на студиите го фатил ова преодов на промена од Маркс во Самуелсон, но не преполагал, не се малтретирал.
Таму се запознал и прво другарче му станал Зоки од Струмица, кој тогаш веќе скоро да бил во сериозна врска со Зорица, така што често разговарале и си помагале со совети како Зоки не би ја оплескал пак, после дебаклот што му се исподесил претходно со Јелена.

После успешната одбрана на дипломската на економски, тој не застанува тука, ами набрзинка, додека е уште во Скопје, и магистрира на истиот,… не на Харвард, за него во тоа време Харвард било тим од трета лига на Англија кој често го типувал 3+.

Поминуваат години, па и декада.
Во меѓувреме татко му успешно градоначалничи со Куманово.
Меѓутоа, оп цуп, од немајкаде, во 2006 година татко му од градоначалник оооопс, станува амбасадор во Црна Гора,… дааааа!! Е не ќе се заебава!?
И одма прилика се отвара за Драганчо, треба да имаш осет за прилики, да си иноватор, а не да чекаш судбината да си поигрува со тебе.
Па така тој истата година, по долги разговори и убедувања, татко му го запишува на докторски студии во Црна Гора, наравно на државниот универзитет.
Татко му е на функција таму 2006-2010, но тој не се заебава и докторира одма, 2 години подоцна, во 2008 година!!, – ЅВЕР!!
До тука се уште мисли за Харвард дека е ок ако ги игра 3+, но сега доктор по економија, му текиња да ги игра со прогресија на уплата, оти шансите после 11 пати 0-2 гола да изиграат и 12ти пат се мали. Не знаел колку точно мали, оти веројатност учел одамна, прва година на економски кога бил, па заборавил како иде тоа, но бидејќи доктор, знаел дека е мала таа веројатност.

Е сега, тоа што преку еразмус бил на курс или екскурзија апсолвентска до Барселона и Ротердам, а најверојатно онлајн за 20$ ја има посетено “Школата за бизнис” на факинг Харвард, тоа си е проблем на вас новинарите да не го тапаните, ами,… ами да кажете дека тој истиот Ковачевски…

Значи од она што може да се најде по забранетата литература, а го нема во неговото CV, па така и немам докази за истото, е и:

– Откако станал заменик министер за финансии одма и дал, подарил, Нотарска лиценца на сестра му 😲🙄🤫
– Пред неколку месеци купил 200 м2 стан во Гранд Престиж (појма немам што е тоа гранд престиж) 😲🙄🤫
– Исто, стан на ќерка му од 80 м2 во Карпош, во некаков си Трим и Лум 😲🙄🤫
– Жена му, поставена ли, се усовршила ли, дал во ова меѓувреме на негово замеништво во финансии или не, не знам, но БИЛА и Е во врвот на Телеком 😲🙄🤫

Значи дај бе сериозно доста со тој хардвар софтвер, човекот ПРОШОЛ ПОРЕД ХАРВАРД и ваша должност е да ни кажете како прошол, а не да го пумпате анонимусов и иден премиер на Вашата Земја.

 

Преземено од ФБ профилот Јосиф Џолев

02.12.21