Светот се има сменето од 1968 до денеска.
Олимпијадата беше во Мексико. Сексуалната револуција во САД. Студентските протести во Франција.
Сега, Олимпијадата ќе е во Бразил, сексуалната револуција е меѓу албанките а студенстките протести се сопственост на Канвас.
Но, оваа слика што ја постира Дудинка, ја дава и визуелно разликата од 1968 и 2016-та.
Што може на прв поглед да се забележи:
1. Клупите во парковите се многу поубави денеска отколку тогаш.
2. Кампањата против пушењето вродила со плод.
Па, како што се гледа, и како што авторов на споредбата констатирал, РАБОТИТЕ ПОЛЕКА НО СИГУРНО СЕ ДВИЖАТ КОН ПОДОБРО.