ФК ВАРДАР

ФК ВАРДАР

Гледајки ја моменталнава фудбалска беда, гледајки го катастрофалниот Вардар кој се плаши дури и од Царев Двор, гледајки дека еден играч во Вардар има поголема плата од вкупниот платен фонд на ресенчани, решив да се потсетам на времето кога Вардар беше голем клуб, со перфектен тим, преполн стадион, одлична управа… Се што сега не е. Време кога неможеше да се замисли човек што држи кладилници да држи и клуб. Сега во светот и кај нас тоа е пракса.

Еве потсетување на преубавите фудбалски времиња на ФК Вардар преку две слики на “документ“ кој никој друг во светот, освен семејството Неделковски, не го поседува.

Лоз на лотаријата на ФК Вардар, со потписи на генералниот секретар Борче Неделковски (татко ми) и претседателот Инженер Кочо Китановски (Регулација на река Вардар) како потписи на гувернери на народна банка.

На лицето од тикетот фаците на играчите од првиот тим на Вардар таа 1967-ма. Горен ред: Диме “Стари“, Дробац и Плачков. Среден ред: Мечка, Дојчин, Муто и Шуле. Долен ред: не сум сигурен за првиот ама мислам дека е Крсто Врбица, Мето, Сократ и Ковачевски.

Е, а  наградите што ФК Вардар за таа Првомајска фудбалска лотарија ги давал се:

Главна Премија: Застава 1.300 плус пари.

Втората премија: Шкода 100МБ плус пари.

Третата премија: Фиќо плус пари.

16 телевизори од домашно производство и 160 јапонски транзистори.

Да споредам, тогаш “тристач“ е како сега Цитроен Ц5, Шкодилакот е како Цитроен Ц4, а фичото е како Ц3. Плус, немаше можност да се купи друга кола, а и за овие се чекаше ред со месеци.

Па сега ти види.

Миленко

28.10..15  Скопје/навечер