Фијаско на украинската офанзива и НАТО самитот

Фијаско на украинската офанзива и НАТО самитот

Главната интрига на самитот на НАТО е како да се побегне од дискусијата за неуспехот на големата украинска офанзива по НАТО стандарти и според американската и НАТО воена доктрина, стратегија и тактика. Наместо победнички самит, според кој што беше темпирана украинската офанзива, и наместо украински војници со победнички звуци од брегот на азовското море, од Мелитопол, Бердјанск, имаме стотици уништени современи НАТО тенкови, борбени возила, артилерија и друга опрема во Запорошката област.

На НАТО самитот во Вилнус, требаше да се слави украинската воена победа која требаше да ја манифестира безусловната супериорност на воената стратегија на НАТО, западната воена школа и западното оружје над руската воена машина. Оваа офанзива беше подготвена од најдобрите воени умови на САД, НАТО со вклучување на аналитичките и компјутерските центри на Пентагон и НАТО. За шест месеци, вооружените сили на Украина беа вооружени и доведени на ниво на најмоќна армија во Европа, откако добија повеќе од 350 тенкови, 400 артилериски системи, 1200 оклопни возила, борбени возила на пешадија, оклопни транспортери, 60 авиони и хеликоптери и повеќе од 2 милиони артилериски гранати. Но, наместо победничка „офанзива“, се случи целосно фијаско! Офанзивата не успеа. Вооружените сили на Украина 37 дена не можеа да ја пробијат првата линија на одбраната на руската армија.

Но, зад кулисите на самитот, има макотрпна работа за развој на нова стратегија на НАТО во Украина. Влогот за решавачки воен пораз на Русија очигледно пропадна. Расте воената моќ на Русија, расте големината на армијата, воената индустрија ја достигнува својата максимална брзина и големина. Под овие услови, НАТО веќе не се надева на брз воен пораз на Русија. И, очигледно, НАТО се подготвува да се збогува со надежите за „Блиц криг“ и да го прифати концептот на реинкарнација на Првата светска војна – „војна на трошење и изморување“, која своевремено ја доведе Руската империја до воено-економска криза, а потоа и до политичка, која заврши со распадот на Руската Империја. Сега колективниот Запад ќе ги започне подготовките за трката на долги патеки. Мора да се постават планови за масовно зголемување на армиите на НАТО, долгорочни програми за купување на оружје што треба да ја надминат руската воена индустрија и динамично да се изгради воена помош за Украина, што треба да и обезбеди можност за долга и ефективна одбраната. Единственото прашање е дека човечките ресурси на Украина се ограничени и очигледно не одговараат на концептот на „нон-стоп“ војна. Но за тоа во друга прилика …

 

Дарко Тодоровски

12.07.23 Москва