После макотрпна 6-месечна работа, после серија од дадени насоки, понудени решенија и напишани критики…, после издржан и одбиен притисок од партиски притисоци, закани и замолници…, после “што ти е” прашањата, после “работиш за Вице” етикетите од “дувлото” во режија на Александар Николовски, Бонтур, Гусар и слични…, после злопатењето на колегите националисти и патриоти Бобан Нонковиќ, Тања Каракамишева…, ПОСЛЕ СЕ’, успеав(ме) да ја “разбудиме мечката” (како што напиша Бобан Н.).
Заедно со наодот, со оние десетици илјади на 27 февруари и оние 60.000 на 2-ри јуни, успеавме да ги окуражиме лидерот на државата Ѓорѓе Иванов и лидерот на опозицијата Христијан Мицковски да излезат од досегашниот “конструктивен” шаблон и да ги употребат вокабуларот, констатациите и стратегијата на народот МАКЕДОНСКИ.
Вокабуларот е “Заев предавник”, “швррцерска влада” и сл.
Констатациите се дека нема попуштање под странски притисоци (Хан, Борисов и сл.).
А стратегијата е излегување на улица со својот народ. Лидер или лидери што имаат народ зад себе, нема од што да се плашат. Се надевам дека сегашниве лидери на сегашниов опптонароден револт, нема да ја повторат грешката на Груевски кој повеќе веруваше на странците и нивните ветувања и лаги отколку на својот народ.
СЕСТРИ и БРАЌА, повикувам исто како и на сите други митинзи и протести без разлика од кого се организирани, сите без разлика на кавги, фрустрации, комплекси, амбиции, несогласувања – ДА СЕ СРЕТНЕМЕ, СОБЕРЕМЕ, ПОКАЖЕМЕ во недела, задутре, во Битола.
Баталете недоразбирањата. Ние еден непријател имаме: слугата на Џес Бејли од Муртино.
Чкембари, Мајмуни, Комити, Лозари, Пирати, Сејмени, Војводи…, пензионери, баби, дедовци…, невработени, имуќни, семејни, разведени – СИТЕ ВО БИТОЛА во Битола во недела во 13 часот на Општонародно Востание против фашистичкиот окупатор и неговите слуги.
#ЕДНА Е МАКЕДОНИЈА
#Наша, чиста, независна и неутрална.
М. Н.