На рингот каде се брани Македонија и Македонскиот народ, на рингот каде има отворена критика кон продавачите на Македонските национални интереси, останаа уште три-четири лика.
Сите други згаснаа. Ниту ТВ настапи, ниту колумни, ниту Фејсбук, ниту Твитер – ништо. Сите од ред од страв и калкулации се повлекоа. Останаа оние про-ВМРО и про-СДС навијачи. Кариеристи. Клиенти.
Но од неутралните, само тројца сеуште гласно удираат со оружјето што го имаат – СЛОВОТО. Удираат и по позиција и по опозиција, за се што прават или наумиле да прават на штета на Македонкиот народ и држава.
Тие тројца не се во координација, а не си и во комуникација. Може да се каже дека еден кон друг имаат подоста работи да си забележат. Но, ИСТОМИСЛЕНИЦИ се со Македонскиот народ.
Тоа се:
- Емилија Гелева
- Љупчо Палевски – Палчо
- Миленко Неделковски
Палчо беше веќе приведуван и распрашуван во СЈО. На Миленко, малку-малку, полиција му тропа на врата. Дај Боже Емилија да ги нема тие дешаванки.
Бидејки се исчисти Македонската медиумска сцена од критичари на власта и опозицијата, значи дека нема веќе неутрално новинарство, остана овој фашистики режим да измисли што-и-да-е причина и да ги уапси овие три лика, па комплетно да завладее мрак во Македонија.
Стравот од репресии на оваа власт на Џес Бејли, и сознанието дека опозицијата нема намера да се заложи ниту да брани било кој притворен (напротив бара да им се суди) – ги натера дури и измислените ФБ профили да се самозгаснат. Да се поништат себе си.
Се згаснаа ботовите, лажните профили и партиските дежурни административци на Фејсбук.
Од оние поактивните го нема повеќе Мартин Толовски (инаку момак од град, информатичар, другар на Бетмен).
Го нема и профилот на Унуфриј Светогорски (тоа е лицето Ѓорги Поп-Ѓеоргев од сајтотовите на Филип).
Ја нема и Ана Веровска (тврдат информираните дека е машко)
Уште не е јасно околу ФБ ликот Јана Митрова (машко, од Општиски карпош на ВМРО, избркан сега од работа оти е под договор за вработување кај Стевче).
Значи, да се упасат уште Палчо, Миленко и Емилија, па Македонија да си тргне кон свтелата иднина.
Дудинка
30.12.17