Неколку постови што ставив на тема дека ВРО ДПНЕ се премисли (по стот пат), па иако нема никаква промена на односот на сегашниот фашистички режим кон забелешките на опозицијата (демократски амбиент, апсење, притисок…), тие ќе скршат нога и ќе се појават да присуствуваат на седницата во Собранието – предизвикаа дилема да се оди или не? Демек, да се дело оти таму ќе имале можност да бранат, да ги кажат ставовите и сл.
Последното нивно дело, пеењето на хорчето од “Распеаните пр-(едавни)атени-чиња“ од 27-ми април лани, не ми дава за право да имам некоја надеж дека нешто храбро ќе се понесат, па ќе не спасат од ова зло. Згора на се, оние кои меѓу нив беа најхрабри и нај големи патриот се во пртивор и нема да се во салата.
За да не одговарам поединечно на прашањата: Миленко сметаш ли дека не треба да одат“, веднаш да кажам што јас сметам. Сметам дека требаа уште вчера, односно во било кој момент, да излезат на улица и заедно со народот што ќе го повикаат, да го блокираат Скопје и Собранието. И тоа ВЕ-ДНА-ГА.
Тоа сметам.
Исто така сметам дека е многу јасно за која и каква агенда играат политичките субјекти што себе си се нарекуваат ПАТРИОТИ.
Прозивката на Тони Науновски која остана непреземена од никој друг, еве јас да ја ставам на најјако на своите медиуми:
Значи КАДЕ СЕ сите оние силни организации што застанаа зад протестот на 29-ти јануари, сега кога се знае и часот и денот на оддржувањето на седницата каде ќе биде избришан Македонскиот јазик, да ПОВИКААТ НА СЕНАРОДЕН СОБИР. Тогаш, ден порано се собрале во Хотел Континентал да договорат кој ќе биде говорник. Сега, не може ли со помош на истата комуникација да се договорат за утре?
Значи каде е Тодор Петров и МКЦ. Каде е Сотир Костов. Каде се Тврдокорни, Христијанско братсво, нашата дијаспора… Ги потроши ли Тодор Петров парте собрани од дијаспората, па сега нема за импулси? Што молчат Илија Димовски, Антонио Милошоски, Виолета Ачкоска…
Натаму, малите, или оние што не се сметаат дека се мали, партии а се кажуваат патриоти, исто ги нема никаде? Каде е НДМ или како и да се вика “проруската“ партија (ако воопшто е таква) на Бачев и Мицов. Повикаа ли утре со жив штит да се брани Македонија? Повикаа ли помош од Русија и руската амбасада. Ќе го покажат ли утре Мицов и Бачев своето огромно членство и големиот број поддржувачи?
Каде е Стевче Јакимовски, и тој заедно со Стоиљковиќ, кој исто така никаде го нема, беа во Москва во Единствна Русија?!
Каде се Цезар, Ѓултистана и Кекеновски? Или само позиција во партијата ги интересира?
ВМРО ДПМНЕ стана ВРО ДПНЕ. Од неа ништо не остана. Само шпиуни на Џес Бејли и соработници на Зоран Заев. Од нив ништо, и онака, не може да се очекува.
Ама ние што правиме. Ние граѓаните, МАКЕДОНЦИТЕ. Ние што ги немаме патните трошоци на Силвана Бонева, позицијата на Зоран Трајчевски, хидроцентралите на Хрстијан Мицковски, зградата во Антверпен, пресретнатите разговори снимени на бомбите… Ние, ШТО ПРАВИМЕ?
Секој е одговорен сам за себе. Јас сакам да бидам запаметен како оној што го стрелаа и немам намера да бидам меѓу оние што ги ебаа (според црногорскиот виц). И да сум еден, ќе се знае дека имало БАРЕМ ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ ШТО НЕ СЕ СОГЛАСИЛ СО ЗАКОНОТ.
Утре HIGH NOON, значи тачно на пладне, ќе бидам пред Собранието. Дали ќе има други, не знам и не ме интересира. Јас ќе си дојдам за себе, својот покоен татко и чичо и покојни дедовци и баби. И заради моите деца и неродени внуци. Одговорен сум за нив и за себе. Немам намера да се срамам од сам себе до крајот наживотот
Јас сум Македонец. Ова е моја држава и се вика Македонија. Овде мој јазик и официјален јазик е МАКЕДОНСКИОТ.
Миленко Неделковски
13.03.2018