УДБА моја судба

УДБА моја судба

Во Словенија, на 4-ти мај ке се одржи референдум за ОТВАРАЊЕ НА СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА УДБА. Да се видат убијците, егзекуторите, платениците, нарачателите…
Акцијата ја предводи мојот пријател, колега новинар, Роман Лелјак.
Кај нас, исто така, е време да се видат на виделина тие досиеа. Знаеме дека еден наш сограѓанин со бркови, поранешен сопственик на сендвичара и постојана сенка на Владиката и на Тодор Петров, бил егзекутор. Тој со тоа долго време во рамките на СФР Југославија се фалеше. Во музејот на ВМРО удбашкиот егзекутор е направен да личи токму на него.
Време е да видиме кој ги елиминираше нашите во странство. Како на пример, кој го уби Шамбевски?
Словенците одат на референдум. Ние можеме и без референдум. Собранието може да реши. Во наше име.
Дајте ги имињата на зверовите на виделина.