Т. Каракамишева

Т. Каракамишева

Според информациите што кружат во грчката политичка јавност кој е можниот дил со “нашиве”:

1. Морковот од Грција за Македонија би бил да ни ги пуштат преговорите со ЕУ во јуни со привремената референца БЈРМ, а да ни го блокираат влезот во НАТО.

Со оглед дека Коѕијас веќе најави дека е многу тешко до следниот самит на НАТО да се реши името, многу веројатно е дека тој влез ќе ни биде блокиран, но ќе ни биде даден почеток за преговори со ЕУ што треба да биде сфатено како вид компромис од грчката страна кој компромис може многу лесно да се оправда пред грчката јавност.

2. Почеток на преговори со ЕУ не значи буквално ништо ако се знае дека работата на 33. поглавја е тешка и макотрпна работа на која Македонија во најдобра варијанта би требала да ги потроши следните 10 години.

На секое од тие 33. поглавја Грција може да стави рампа и да не не пушта да ги затвориме, па дури има можност да не пушти да затвориме одредени поглавја а на крајот повторно, Грција или Бугарија сеедно, имаат право да изразат незадоволство од затвореното и да предложат реотворање на поглавјата се додека не се постигне целосна согласност.
Во процесот на преговарање со ЕУ важи правилото ништо не е готово додека се не е договорено!

Ова правило значи дека и да не пуштат Грците сега да почнеме да преговараме со ЕУ тие можат во секој момент да не блокираат на патот на преговорите, дури и кога хипотетички би го промениле името како што тие сакаат!

3. Оттука оптимизмот на владата дека многу од работите се помрднати во позитивна насока е лажен и не е вистински одраз на реалноста што не чека во следниот период.
ЕУ сега почувствува момент да пушти ветар во грб на Владата, бидејќи има должност да го љуља своето новороденче и да го поддржи во се што прави.

Владата е креација на странскиот фактор и таа МОРА да биде поддржана од ЕУ по секоја цена!

Но факт е дека тој ветар што Владата го има сега нема да може да дува нонстоп. Дува еднаш силно и потоа треба силен менаџмент, знаење и посветеност за работите да се одржат позитивно. А
оваа влада нема таков капацитет!

Ако се види последниот извештај може да се забележи дека во 90% од поглавјата има нотирано речиси незабележителен прогрес дури и со розевите очила на ЕУ, или прогрес воопшто не е забележан. Овој факт е поразителен, но сега нели според ЕУ не е време за критика!

Сега мора да се фали власта, како што ја изнафалија вчера и денес, иако таквите фалби не значат буквално ништо за граѓаните и за економскиот понор и сиромаштија во која се наоѓаат граѓаните.

Државата и натаму тоне, во политичка и во економска смисла!

Европските претставници си заминаа со фалбите, ние остануваме со НАШИТЕ ПРОБЛЕМИ!