Голема, огромна, навреда е кон секој поединечен граѓанин на Република Македонија сознанието дека целата “борба“ за да започне процедурата на конечното оддржување на два пати одложените избори, се сведува на медиумите!!!
Ниту избрачки список, ниту фалсификување, ниту контингенти на гласачи, ниту незаконско присаство на странски амбасадори во Државна изборна комисија, ниту фантоми, ниту дијаспора, ниту привремени министри… – ништо од ова не е битно, само медиумите!!!
Партиите и медиумите не‘ обременија со темите од типот “Дали Трпе бил на одмор во Хрватска“, потоа кој ќе бил 5-тиот член, односно албанецот во телото. Излезе дека меѓу најважните работи, покрај кај-е-трпе, е и кој ќе биде три месеци на чело на дневно-информативната во МТВ. Фронтменот на проопозиционот ВИС (вокално иструментални састав) “Д Репортерс“ или некој друг?
Крајно, не само домашните заинтересирани страни (ВМРО, СДСМ, ЗНМ, МАН…), ами и странците на дело покажаа дека медиумите им се најбитни. Па така, како што тоа пластично тоа го открива “Дневник“, Насер Селмани добива од Брисел 250.000 евра помош, а сите настрадани од поплавите 150.000 евра. Судбината на еден полутан и неговата платеничка организација без членство е поважна од десетици илјади настрадани граѓани и безмалку 30 загинати.
Навереда?! Зошто???
Затоа што партиите, медиумите, колегите и странците СЕУШТЕ сметаат дека народот е глуп, дека е кал, дека е пластелин за месење и обликување… Односно, дека е народот толку абдал што ќе се поведе по 100-дневната политика на еден уредник на Дневна на МТВ, или по забелешките на некое ад хок тело, паралелно со веќе постоечката орвеловска творба која ја води Зоран Трајчевски.
Значи, ако емисијата на Миленко се укине, ако вестите на Латас се по меки, ако некој ТВ автор биде инспириран (платен) да промени мислење (превртачи колку сакаш), тогаш демек народот ќе се премисли и ќе гласа поинаку!!! И тоа не еден гласач, не 100 гласачи, не 10.000 гласачи, ами повеќе стотици илјади гласачи!!!
А да ве прашам вас што мислите дека народот е тесто за манипулирање: Вие природно глупи сте, или така се правите?
Па, да ви откријам една работа. Народот за Груевски или ВМРО не гласа оти така Миленко, Латас и Јанко кажале, оти Мирка и Дарко напишале, оти Цветин тролал а Борис Дамовски се инспирирал… Не. Народот така гласа оти така мисли. Оти си донел свој вредносен суд, кој е негов и е непроменлив. Никаков мачкар, амбасдаор твитераш, бриселски чиновник или домашен превртач (Никола Димитров, Јове Кекеновски, Павле Трајанов, Лиле Поповска…) не може одлуката на гласачот, граѓанинот, едниката да ја промени.
Оваа “медиум“ навреда граѓанинот нема да ви ја прости, и на избори, колку пати и да бидат одложени, ќе ви ја испорача својата одлука. Така јавно да се смета дека МАКЕДОНЕЦОТ е глуп и по медиуми повдлив е стратешка ПР грешка на сите амбасади, соросоидно-гебелсовски творби, партии и пајтон партии.
Така јавно да се смета дека оној што ги владее медиумите ја владее и волјата на гласачкото тело (кое, нели, е глупо) е навреда на интелигенцијата, итрината, чесноста, доблеста, традицијата и патриотизмот на овој народ.
Не можам да престанам да се чудам?!?! Демек Трпе и пејачот на “Д Репортерс“ ќе ја решат 10-годишната апстиненција од власт на СДСМ? Што би рекол Кили: Ма дај не ме јеби.
И, сепак, да го искористам текстов па да прашам. Оваа година правам 35 години професионална кариера во новинарството. Но и со толку години искуство, не ми е јасно што значи “избалансирани“ медиуми?! Еве, ова со поплавава избалансирано ли беше пренесено во медиумите?! На пример, има 100-ци актвисти на ВМРО што секојдневно помагаат (копаат во калта, чистат), и ниту еден од СДСМ. И сега на пример: Денеска на терен беа Пандов, Бичиклиски, Бинго, Ико… од десната опција и НИКОЈ од левата. Или на еден саат во сите овие денови, еднаш беше Оливер Спасовски, популарниот Мрсуљко од Куманово. И сега, за да е избалансирано, што треба да се прави? Да се каже дека бил Оливер, и избалансирано дека бил и Пандов. А сите други од Бичикле натаму да се избришат, за да биде балансирано?!?!?!?!
Еве ги прашувам Чилиманов, Мирчевски, Трајчевски, Иво Котевски, Роберт Поповски дали би можеле да ми објаснат?
Да заклучам. Народот не е глуп. Глуп е оној што смета дека народот е глуп.
Миленко
04.19 h
17.авг.2016
населба Аеродром – Скопје