Па, почитувани сограѓани, драги сонародници – може да сме среќни што сме сведоци на историски решавачки моменти. Во светот и кај нас. Среќни де, оти може низ денешниов пример да си ја растолкуваме дилемата за минатото од пред четврт, пола или цел век.
Ако сте се прашувале како дошло до раскол на Солунскиот конгрес по прашањето за востание во 1903-та, ако сте се думале како тоа Македонските ревулуционери се убивале меѓусебно во првата половина на 20-тиот век… Или, ако не ви било јасно како тоа во нешто помалку од една година од Првото до Второто заседание на АСНОМ успеваат да бидат отстранети, а потоа судени, затворени и ликвидирани врвните борци и победници во Антифашистичката борба какви што се Ченто или Панко – ете сега ви станува јасно. Кристално јасно.
Последните две години на фабрикувана криза, огромно меѓународно мешање, традициоалниот поданички однос на качаците и претерано дипломатско однесување на ВМРО, што кулминираше со периодот од 11-ти декември до денеска, разјаснија како тоа им се случувало на нашите претци, а еве сега и нам.
Ако сте имале дилеми како тоа можеше референдумското прашање да биде најглупаво и најдвосмислено срочено, ако сте се прашале како ние си се самонарековме ФИРОМ и како дозволивме да имаме врхушка што ќе ни го промени знамето, како можеше победничката партија од првите парламентарни избори да не формира влада, како можеше да имаме два-од-четири Претседатели атентатирани а да нема атентатор – еве сега низ овој пример кој го живееме од декември до денеска можеме заедно да си го дадеме одговорот.
Ова секако е и одговорот на прашањето зошто како народ не сме биле сериозно земени во обзир на најразличните Берлински, Букурешки, Париски и слични конгреси и конференции, а и зошто последни од сите балкански нации сме формирале држава. Секако тука не го сметам периодот од пред два-и-пол милениума. Еве го одговорот зошто сме се тепале на страната на најразлични комшиски армии и војски.
Одговорите на овие дилеми, еве сега сите заедно си ги живееме во овие “сибирски“ денови во Македонија.
Кризата која требаше да заврши со изборите, не само што не заврши, туку е на самиот почеток. Никола Груевски не може да има стабилна влада, па да може да ја спроведува својата економска политика со која донесе инвестиции, ја намали невработеноста, со која градеше низ цела држава. 51 секако не е 63. Албанците не можат да добијат ништо од нивната платформа, оти за такви Уставни промени потребно е двотретинско мнозинство. А без ВМРО го нема, без разлика кој ќе прави Влада. СДС не може да ги испорача ветувањата дадени кон албанската дијаспора, оти ниту има мнозинаство за Влада, ниту ќе добие мандат, ниту има сила да ги убеди вмровците за двотретинско мнозинство.
Пата – пата ситуација. Само што “три од карти“ се во рацете на Иванов и Груевски.
Сега ние, народот во Македонија, ќе видиме од каков материјал е направен Ѓорѓе Иванов. Бидејки веќе видовме дека Груевски е направен од материјал кој не попушта.
Уставните одредби, тоа баш убаво го кажува Каракамишева, не му даваат можност на Иванов мандатот да го даде на партија која има помалку пратеници од победничката. Такво правило нема. Иако уставот за таа работа беше прекршен од првиот парламентарен состав.
Сега ќе видиме дали прошетаката на Иванов со амбасадорите низ Вевчани е со агенда тие да го направат “пивтија а ла Хорхе“, или тој од нив направил “македонско макало“. Онака толчено…
Деновите што се пред нас, велам, ќе покажат од што материјал е направен Хорхе. И, тие денови, ќе покажат со каква стратегија е ВМРО и Груевски. Оти сум убеден дека во однос на коалицијата со ДУИ, тоа не била “еден е изборот“ стратегија. Туку знаејки го лидерот на ВМРО, тој имал и има повеќе излезни и добитни решенија.
Македонскиот народ мора да дознае кои се излезните решенија. И тоа брзо. Во следните 48 часа.
А доколку не се обзнанат, тогаш повелете во петок, на Алфа ТВ во 21.15 часот, каде во мојата емисија Мирка Велиновска со моја скромна помош, ќе ги даде и образложи излезните решенија за Република Македонија од оваа фабрикувана криза. Мирка ќе ја соопшти нејзината идеја за “Спас на МАкедонија“:
Бидејки кога можела Франција 5 пати да прави република, па сега ја имаат 5-та Република, можеме и ние да ја направиме 4-тата. После Крушевската, АСНОМ-ската и Референдумската – редно е да имаме уште една, нова, 4-та Република. За да се ослободиме од злото, да го отстраниме притисокот и да си бидеме свои на своето. Земја каде амбасадорите ќе си знаат каде им е местото. Земја каде орелот ќе лета а Бејли нема да цвета.
А за тоа е потребно Уставотворно собрание. Каде што народот ќе го освои и завладее парламентот а не Фатиме од Феризај, Бејли од Кале, давајгазовците од СОРОС/СДС или качаците од Швицарска.
Уставотворно собрание за нова, современа, просперитетна Република Македонија.
Миленко Неделковски
Скопје – 30-01-2017