(Повторно) за Дип – Шит, УкраинГејт и импичментот на Трамп
Низ слободомислечките медиуми почна да се објавува името на наводниот “свиркач“ кој наслушнал дека Трамп од Зеленски барал да го гони Џо Бајден, со цел да добие воена помош (quid pro quo).
Произлегува дека дечкото по име Ерик Чарамела (Eric Ciaramella) не е никаков свиркач туку дека е оперативец на длабоката држава пар екселанс, убацен во близина на Доналд Трамп од бившиот советник за национална безбедност генералот МекМастер (H. R. McMaster).
Што се знае до сега за Чарамела:
1. Во времето на Обама, соработувал со подпретседателот Џо Бајден, и со бившиот директор на ЦИА Џон Бренан. Тој е регистриран член на демократската партија. За Бајден работи точно во моментот кога Бајден го уценува Порошенко да го отпушти украинскиот обвинител Виктор Шокин (Viktor Shokin) а со цел САД да гарантираат 1 Милијарда долг од ММФ (познатото видео на Бајден, ставено во коментар). Виктор Шокин е разрешен по отворањето на истрага за Хантер Бајден (Hunter Biden) и Бурисма (Burisma). Ова дефиниција за quid pro quo или услуга за услуга преку уцена.
2. Чарамела бил протеже на Сузан Рајс (Susan Rice), под надзор на Чарлс Купчан (Charles Kupchan) и работел како ЦИА аналитичар – експерт за Русија и Украина. Личен пријател на Викторија Нуланд, која е анти-Трамп, а сопруга на нео-консот, либерален интервенционист Роберт Каган (Robert Kagan). За овај Каган имам пишувано дека е најверојатно од фамилијата на Лазар Каганович кој пак беше еден од главните инжинери на Холдоморот. Да додадам, Чарлс Купчан е пријател со Сидни Блументал (Sidney Blumenthal) помошник на Клинтон, кој беше еден од учесниците во креирањето на лажното досие на Кристофер Стил.
3. Чарамела е истакнат Русофоб, а поддржувач на фракциите на Порошенко и другите структури кои сакаа насилно вовлекување на Украина во НАТО дури и по цена на војна со Русија. Противник на надворешните политики на Трамп до максимум.
4. Се смета дека тој ја произвел шпекулацијата дека Џејмс Коми (бившиот директор на ФБИ) бил отпуштен од Трамп по налог на Путин.
5. Активно соработувал со Александра Чалупа (Alexandra Chalupa) која е со американска и украинска националност, инаку член на кампањата на Хилари Клинтон, со цел барање на компромитирачки материјали за Доналд Трамп.
6. Се смета дека бил во дослух со Викторија Нуланд, посебно при трансферот на компромитирачки материјали од украински извори против Пол Манафорд и Доналд Трамп.
7. Еден од најголемите украински олигарси и донатор на Хилари Клинтон, Виктор Пинчук (Victor Pinchuk) ја испратил на средба со Ерик Чарамела украинската пратеничка Олга Биелкова (Olga Bielkova) која пак само еден ден претходно има средба со Дејвид Крамер (David Kramer) помошник на другарот на Влатко Ќорчев 😎 – Џон Мекејн (John McCain). Дејвид Крамер пак, е човекот кој тајно го предава досието на Кристовер Стил на ѓубрето од медиум Buzzfeed во Јануари 2017 неколку дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп
8. Чарамела исто така е забележан во копија на неколку имејли од Викторија Нуланд испратени кон Џефри Пајат (Geoffrey Pyatt) тогашен амбасадор на САД во Украина, а сегашен во Атина, кој е СИЛЕН ПОДДРЖУВАЧ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР и еден од лобистите Патријархот Вартоломеј да ја признае нелегалната православна Украинска Црква.
За македонската јавност мислам дека ќе е од интерес дека Ерик Чарамела иако низок чиновник во хиерархијата, бил официјално поканет од Бајден и присутен на свечениот ручек во Октомври 2016 организиран во чест на бившиот Италијански премиер Матео Ренци (Matteo Renzi), на кого исто биле присутни (!!!) Џон Бренан (John Brennan), Џејмс Коми (James Comey) и Џејмс Клапер (James Clapper)
https://foia.state.gov/search/results.aspx?searchText=ciaramella&beginDate=&endDate=&publishedBeginDate=&publishedEndDate=&caseNumber=
корисни линкови:
https://www.realclearinvestigations.com/articles/2019/10/30/whistleblower_exposed_close_to_biden_brennan_dnc_oppo_researcher_120996.html
Eric Ciaramella, Schiff’s ‘whistleblower,’ has ties to Susan Rice and Joe Biden
Eric Ciaramella, Brennan protege, more coup plotter than “whistleblower”
https://www.lacortenews.com/n/whistleblower-eric-ciaramella
https://www.washingtonexaminer.com/news/rush-limbaugh-alleged-whistleblower-looks-like-the-pajama-boy-in-the-obama-ad
https://www.washingtonexaminer.com/news/white-house/pinnacle-of-irresponsibility-attorneys-decline-to-confirm-cia-officer-eric-ciaramella-is-whistleblower