Тони НАУНОВСКИ

Тони НАУНОВСКИ
Тони Науновски – КОЛУМНА НАПИШАНА ПРЕД ПОЛОВИНА ДЕЦЕНИЈА
ВРАЌАЊЕТО НА ХЕРОЈОТ ЈОХАН
Најзначајна димензија на враќањето на Македонскиот херој Јохан
Тарчуловски, во симболичка смисла, е поттикнување на процесот на
ревитализација на колективната самодоверба кај Македонскиот народ.
Константно истоштуван, постојано медиумски масакриран (посебно во
последните дваесетина години), секогаш и секаде потиснуван, на
најразлични начини оневозможуван – токму колективниот дух на
Македонците, националната самосвест, колективниот национален Ум,
денес, со враќањето на Јохан, добива нов импулс, ново согледување на
актуелниот историски миг, поттикнува преиспитување на општествено-
политичката реалност. А токму во овие категории, во овие жаришта кои
го креираат мислењето и однесувањето на индивидуата (посебно во
овој, општествено-политички аспект) е најважниот извор на толку
потребниот пресврт за оваа држава кон големите проблеми кои мора
да се разрешат. Со повторното симболичко соочување со неправдата
кон државата, претставена од неправедната осуда на припадник на
одбранбените државни структури заради легитимна и легална
одбранбена акцијаод терористички напади, денес секој Македонец
одново се соочува со свирепите факти кои опфаќаат повеќе димензии
поврзани со случајот Јохан.
Дека т.н. хашки трибунал нема правен легитимитет односно не е
кредибилна институција, е веќе многупати утврдено – посебно појавно
искажаните податоци за начинот на негово функционирање,
презентирани од страна на членови на самата таа институција (на
пример, Карла дел Понте). Одамна е сосема јаснодека, меѓу другото,
тој хашки суд е под големо влијание на политичките и економските
интереси на некои центри на моќ од ЕУ и НАТО. Со оглед на фактот
дека бројните парадоксални и очигледно неправедни пресуди
недвосмислено покажуваат дека проалбанското дејствување на ЕУ и
НАТО на Балканот се рефлектира најдиректно и таму, преку нивните
судски одлуки(во комбинација со сите објективни факти кои ние ги
знаеме за случајот со Јохан), логично треба да резултира со ново,
големо преиспитување на „добрите намери“ на тие кои го осудија
борецот за слобода на Македонија. Бруталноста на неговото апсење од
страна на државата, по наредба на политичките раководства на
институциите во тоа време, ќе биде историска поука за новите
генерации Македонци, за тоа како не треба да се биде беспоговорно
послушен кон странски (проалбански) центри на моќ, посебно кога тие
очигледно со намера бараа жртва и од Македонија за оправдување на
нивното неправедно воено и политичко однесување на Балканот. Во
овој контекст, веројатно методот од случајот „рачак“ на Косово, кој
денес е докажано дека е инсцениран од оперативци на ЦИА со
пресоблекување на терористите во цивилна облека и нивно медиумско
прикажување како „цивилни жртви“ заради пропагандистички цели
кои имаа за цел „оправдување“ на бомбардирањето на суверена
држава, е веројатно употребен и во „случајот“ Љуботен.
Втората важна димензија на долгоочекуваното враќање на Јохан и
оправданиот триумфален пречек од страна на државното раководство
и Македонците, се реакциите на некои т.н. интелектуалци, припадници
на Македонскиот народ. Како никогаш претходно, се покажа очајното
ниво односно отсутноста на елементарна национална самосвест кај
некои луѓе, кои со децении го креираат, во голема мерка, јавно-
политичкиот и образовен дискурс во РМ. По ова демаскирање, односно
потполното паѓање на нивните долгогодишни маски на „независни
аналитичари“, стана евидентно зошто денес Македонците се толку
понижени, дискриминирани, демотивирани и исцрпени како колективна
енергија, како колективен субјект на Балканот. Се покажа каде е една
од главните причини зошто сите ние дозволивме сето ова да ни се
случува – токму заради идеологизацијата на јавната свест, токму
заради субверзивната пропагандна војна против највисоките
национални и државни вредностисо која успеаја да ги направат
Македонците без верба, без надеж дека е можно подобро утре за нив
во оваа држава. Ете ја одгатката зошто дозволивме да ни сеслучи
неправедната приватизација на општествениот капитал, охридскиот
рамковендоговор, небомбардирањето на терористички дувла како
селото шипковица, антимакедонскиот закон за границите на
општините, командант форина односно Талат Џафери како министер на
одбраната на РМ, и многу други ирационални нешта кои се уникатни во
историјата на оваа планета. Бројните историски грешки (за само две
децении независна РМ), во голем дел се должи токму на перманентното
искривување на Умот Македонски – преку весници, телевизии, радија,
интернет, образовни институции. Первертирањето на сите автентични
национални вредности на Македонците беше комплициран процес и
смислена операција со која од повеќе инстанци упорно се креираше тој
губитнички дискурс на Македонскиот народ/нација. Сепак, со
реакциите против третманот на Јохан како јунак и нов херој, се покажа
  • во сета своја жестокост и соголено лицемерие таа стратегија. На
    пример, интервјуто на Биљана Ванковска (долгогодишен колумнист на
    весникот „Нова Македонија“ и државен универзитетски професор,
    замислете!) за „ал-џазеира“ (патем, се разбира, не е случајно што таа
    ТВ се интересирала за рецепцијата на Јохан како херој од страна на
    Македонскиот народ), нејзините несоодветни и погрешни
    интерпретации па дури и напишаните клевети против Македонскиот
    херој Јохан Тарчуловскина странски интернет портали (за кои јавниот
    обвинител на РМ треба да поведе постапка по службена должност),
    парадигматично го поставуваат прашањето – кои и какви луѓе со
    децении ги учат децата и младите луѓе, и тоа во државните училишта
    и универзитети ? Дека таму е лоциран еден од клучните проблеми кои
    мора наскоро да се разреши во име на отворање на перспективите за
    развој на Македонскиот народ и држвава, нема сомнеж. За оние кои
    ние граѓаните ги плаќаме (преку нашите даноци), и тоа премногу во
    оваа финансиска криза, мора да се воспостават специфични психо-
    тестови пред да им биде дадена институционална дозвола да
    едуцираат ученици и студенти.
    А Јохан треба да претставува (всушност, тој тоа веќе претставуваше и
    досега за сите оние Македонци кои успеваа да се оттргнат од
    влијанието на антимакедонската пропаганда) – нов колективен модел
    за идентификација на младите Македонци. Јохан е амалгам,
    специфична синтеза на сите свети вредности на Македонскиот народ,
    пригушувани до ден-денес, а без кои речиси и ја изгубивме нашата со
    крв и солзи извојувана современа држава. Јохан е пример за секој
    Македонец – како треба и мора да се брани државата од терористи;
    како да се пронајде енергија за да се остави семејството и да се замине
    на фронт, во име на идеалите кои не се апстрактни, туку најконкретни
    и најреални. И Јохан токму затоа е врежан во херојската историја на
    Македонија, онаа која многумина ја туркаат во заборавот, заради
    странски интереси и плановите за уништување на Македонската
    држава (дел од нив, од т.н. интелектуалци кои денес ги покажаа
    нивните агенди и вистински цели на нивниот јавно-медиумски
    ангажман, веројатно и заради толку неважните пари со кои се платени
    за таа нивна свесна непријателска пропаганда кон родот свој, кон
    државата своја). Радоста на лицата на Македонците тој ден, кога Јохан
    повторно, по долгите години во белосветските зандани, стапна на
    Македонската земја, е симбол на новата енергија која тој ни ја подари,
  • и која ќе предизвика нов почеток за оваа наша единствена национална
    држава, со ревитализираната национална верба во самите себеси.
    И токму затоа, Јохан мора да биде и нов институционален почеток на
    големиот, најголемиот денешен проект на Македонскиот народ/нација –
    поправање на сите големи грешки на политичките елити поттикнати и
    однепријателската пропаганда од страна на многу т.н. интелектуалци и
    професори на државни универзитети. Идентификацијата на
    системските проблеми во функционирањето на државата, нивно
    надминување преку практична примена на новите вредности кои
    непосредно ги рефлектираат највисоките, највиталните потреби и
    интереси на Македонците, денес е новиот модус на мислење на
    Македонците. Синтезата на сето она што е највредно во Македонската
    историја, денес е персонализирано преку/во херојските дела на Јохан,
    паметник за младите генерации Македонци. Добредојде, голем
    Македонецу, на нашата Македонска земја!