Достоинството на проститутката и проституција без достоинство
( неопходноста од возобновување на Македонско општество)
Како одминува времето од узурпацијата т.е владеењето на хунтата, така мегафоните на милитантниот глобализам (читај платеници –без р’бетници) се повеќе ја усукуваат (спинуваат) максимата “Политиката е ку&ва“… така било од секогаш, така мора да биде.(културно кажано-“Изборот е еден“) Спинувањето е се посилно, во надеж дека ќе се оправда проституирањето на кланот “северно муртино“, но и на “маршмалооу колаборационистите“ со окупаторот и вековниот душман, кој за разлика од поранешните физички геноциди, сега се обиде да изврши тотален етноцид врз Македонскиот народ .Бидејќи основно човеково право е правото на живот, постоење и самопределба, ќе се обидеме да го демонтираме, одвртиме, спинот но и да ја доловиме вистината онаква каква што е . Затоа што таквите спинови ги загрозуваaт нашите основни човекови права и егзистенција. За жал, некој млади луѓе, но и некој возрасни “Интелектуалци“ го прифатија системот “ Проституција-за подобро утре ( пари и бенефити)“ зошто така е модерно, така е на запад и впрочем тоа е европска вредност! Но дали е тоа така? Ќе ви посочам буквални примери од секојдневниот живот во западните демократии па вие сами проценете. Примерите се вистински настани кои се имаат случено на мои пријатели, можеби ќе се препознаат и воедно ги поздравувам.
- Пример еден. Друштво шегаџии собрани во Холандија сакаат да зезаат свој пријател ,кој фатил нова девојка и наоѓаат проститутка која многу наликува на споменатата девојка…Нејзината цена за една сеанса е сто еур. Тие и нудат двесте само да стави перика, да се преоблече службено и да одглуми некоја сцена пред пријателот. Проститутката го одбива предлогот со индигнација и со зборовите-“ Ако сум проститутка , не значи дека сум кловн и дека ќе се преправам во нешто што не сум, само за пари. Јас имам свој имиџ и свое достоинство“
- Пример два. Пријателот се шета по некој канадски булевар и наидува на проститутка која отворено му нуди да направи за него што сака таа вечер…Тој ја прашува како се вика, таа одговара да речеме “ХаниБани“. Тоа и е секако “уметничко“ име, не е лично и фактичко име. Бидејќи била навалентна пријателов дошол на идеа да направи експеримент. И понудил за сумата која ја барала да се преименува и од утредента да се вика , да речеме Елада. Проститутката одбила, тогаш пријателот и понудил за двојно поголеми пари да додаде наставка на своето име…Проститутката и тоа го одбила со изговор дека има славно минато и во тој крај сите ја знаат со тоа име…
Наравопоучението е и повеќе од јасно, Значи и проститутката има достоинство и некој работи не можат да се купат за пари и луцкасти ветувања. Едноставно кажано модусот “ Политиката е ку&ва“ не држи вода и не може да ги оправда сите велепредавства на црпнатите северџани и нивните газди ( макроа), како што не може да ги оправда ни колаборационизмот и премолчувањето на Хидромиш и ДПсмНЕ. МОЛЧЕЊЕТО ЗНАЧИ СОГЛАСУВАЊЕ. Наравопоучението е многу потребно и кул во последно време затоа што се повеќе се актуелизира моментот дека : “ Еве и покрај продажбата на се вредно и свето“ Нема да добиеме “Датум за датум“. Оваа дубиоза и небулоза дирекно имплицира врз претпоставката дека ако добиевме “Датум за датум“ или “Услов без дополнителни услови“ е тогаш вредело : националното велепредавство, геноцидот и културолошкото етничко чистење. Ејјј пациенти нели сте вие про-западно ориентирани, иста екипа со Аденауер, Билдерберг, ЕПП…нели постојано сте на врска со Фашингтон и на Интерњет? Како е можно да не сте ја разбрале омилената поговорка на западот : “ no free lunch“. А и не сте разбрале дека без разлика на борбата за терминологија ( како ќе го наречат условот за услов и датумот за датум) Ние во ЕУ не влегуваме , а и не сакаме , барем огромен дел од мнозинството на Македонскиот народ???
Ако е тоа така , а така е зошто е научно докажано ( емпириски и статистички) Турција има “датум за датум“ 30 год…тогаш може : Да си дојдем на думата ( што би рекле нашите побугарени браќа, источно од Марица). Дека #КуртоИмурто системот е потрошен тоа е евидентно , дека треба да се замени час поскоро и тоа не е спорно, подложно на дебата е само начинот и цената која ќе ја платиме и ние и тие во системот на “ЗАВРШУВАЊЕ НА ВЕЧНАТА ТРАНЗИЦИЈА“.
/
Јас лично сум за конкретни казни за сите сторители и учесници во велепредавството, по можност по заслуга и најстроги –воведување на смртна казна изречена од народен суд. Не затоа што сум злопамтило или христијански фундаменталист, туку затоа што тоа е многу добра показна вежба и педагошка мерка за идните генерации. Нејсе, многу пријатели, познаници и браќа од #Организацијата во која членувам нема да се сложат со мене и ќе сметаат дека затворски казни и прогон се сосема доволни и ќе ја завршат работата во прво време. Но за да можеме да го спроведеме првиот главан чекор треба исполнување на предуслови . ПАД НА ХУНТАТА и СПРЕЧУВАЊЕ ДА ЗАЈАВА КУРТО; КОГА ЌЕ СЛЕЗЕ МУРТО… Е сега 1) Дали ќе ги бојкотираме сите избори и ќе спроведеме масовна “Граѓанска непослушност“ се додека не се создадат услови за Експертска влада која ќе има само една задача : Спроведување на ФЕР избори за избор на легитимна и легална Власт (законодавна, извршна и судска) и коренито расчистување со криминалот-Бојкотирање на хунтата и парализирање на киднапираната држава се до нејзино ослободување. 2)Или ќе се обединат сите триесет или триста патриотски движење и независни патриоти индивидуалци и “ На мускули“ ќе ја донесат новата власт( Напоредно со своите несогласувања и набилдани суети) ….тоа е само техничко прашање. Втор важен момент е попис по сите светски и пропишани стандарди без “ Балкански методи“ на кој ќе се потврди дали албанците се 17, 2 или 15,6 % од популацијата на Македонија и со тоа легално и елегантно ќе се укинат сите штетни договори. За бугарскиот договор не ми се прави муабет, тоа е само по себе научен и историски апсурд…може да се финансира научна експедиција во Чувашија( Удмуртија), Татарстан и Велика (Кабардино) Балкарија за утврдување кои се вистинските бугари и разлики во етногенезата на Ески и Асл Булгарите. Но за да било што од ова се спроведе треба идејата да биде неколку нивоа над егото и голата суета…да се закопа модусот “ Кој си бе ти-знаеш кој сум јас“ и одлучно да се тргне во Возобновување и Будење на Македонскиот народ и држава.
Почитувани браќа и сестри Македонци, почитувајте ја ВИСТИНАТА и ИДЕЈАТА, а не авторитетот. Зошто : “ Некритичното почитување на авторитетот е најголем убиец на вистината“
МнМ
Томче Ширков
Скопје, 08.10.2019