31 август 2018 година, Скопје, Македонија – Имајќи предвид дека во медиумскиот простор Миленко Неделковски и некои про-владини портали од таканеречниот жолт-печат лиферуваат дезинформации дека претседателот на Светскиот Македонски Конгрес (СМК) примил пари од странство за уставобранителите, кои ги присвоил и не ги предал на адресата за која биле наменети, СМК упатува јавен демант дека станува збор за злонамерни и неосновани лаги и клевети.
СМК или претседателот на СМК ниту примиле пари од било кого за уставобранителите, ниту присвоиле цент за таа намена од странство.
СМК апелира јавноста да не наседнува на лаги и клевети од шарлатан-новинари кои имаат шанса судски да го “потврдат“ тоа што го зборуваат и пишуваат или да се извинат и да платат оштета поради повреда на честа, угледот и приватноста.
Тие што пласираат такви лаги и клевети треба документирано да докажат кој кога кому и за кого колку дал, сето останато е злонамерна но не случајна анти-македонска пропаганда за дефокусирање на јавноста со тривијални теми пред референдумот на 30 септември годинава.
Ниту СМК ниту претседателот на СМК не учествуваа во настаните од 27 април 2017 година, иако за волја на вистината, неколкупати побараа од претседателот на Републиката амнестија за сите инволвирани. Но, жалосно е што тие кои ги дотераа до Идризово, први од нив се откажаа и со прст не им помогнаа. Македонците во светот не се должни да ги плаќаат судските и адвокатските сметки за предавствата на власта и опозицијата во Македонија, иако и покрај се’ секогаш помагале и се покажале солидарни и хумани.
СМК укажува, дека не прифатил дистрибуција на пари од Македонци и македонските заедници во светот за поединци во Македонија, но поради ризик од злоупотреба, секогаш асистирал донаторите лично да ги предадат парите на рака на тие за кои се наменети или да ги уплатат на банкарските сметки на тие за кои помошта е упатена. Така беше и за ранетите и семејствата на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија во 2001 година, така е и сега за инволвираните во настаните од 27 април 2017 година.