“Теорија на лудиот“ беше карактеристика на надворешната политика на Ричард Никсон. Тој и неговата администрација се обидуваа да создадат перцепција за лидерите од непријателскиот комунистички блок нации, дека Никсон размислува како лудак. Дека Никсон е ирационален и променлив. Според таа теоријата, тие лидери тогаш ќе избегнуваат предизвикување на САД, плашејќи се непредвидливиот американски одговор.
Началникот на Генералштабот на Никсон, Х. Р. Haldeman, пишува дека Никсон спздавањето на ваква илузија му доверил на него:
“Јас ја нарекувам “Теорија на лудиоот“, Боб. Сакам северновиетнамската врхушка да верува дека сум ја достигнал точката каде што би можел да направам нешто за да се спречи војна. Ние само ќе треба да испратиме абер до нив за тоа. На пример “Знаеш Никсон е опседнат за комунизмот. Ние не можеме да го контролираме кога тој е лут, а тој ја има раката на копчето за нуклеарното оружје”. Сметам дека после тоа Хо Ши Мин по сопствена волја ќе долета во Париз во рок од два дена за да моли за мир“ – рекол Никсон.
Во октомври 1969 година, администрацијата на Никсон му укажа на Советскиот Сојуз дека “лудакот е вон од контрола” кога војската на САД беше подигната на целосна глобална војна подготвеност (непознат за поголемиот дел од населението во САД), а бомбардери вооружени со термонуклеарна оружје летаа три последователни дена покрај границите на СССР.
Администрацијата на САД им ја наметнатана “стратегијата за лудакот во Белата куќа” и успеаја да ја принудат владата на Северен Виетнам да преговара за крај на војната во Виетнам. Во ист правец, американски дипломати, особено Хенри Кисинџер, прикажаа упад 1970 во Камбоџа како симптом на нестабилност што би требало да ја има Никсон. [4]
Во 1517 година, Макијавели тврдеше дека понекогаш е “многу мудро да се симулираат лудило” (Дискурси за Ливи, книга 3, Глава 2). Во Виетнамската војна на Никсон, Kimball тврди дека Никсон стратегијата ја открил и применил независно, како резултат на практично искуство и набљудување на ракување со Корејската војна на Двајт Ајзенхауер.