За новгодишната ноќ и патериците се претера со српска шунд музика? Да се претера.
За истите тие денови се претера со надворешно мешање во внатрешните уредувачки политики на приватни фирми (ТВ станици)? Да се претера.
Јас лично, Новогодишната “програма“ на водечките ТВ станици во Македонија Сител, Канал 5 и Алфа не можев да ја гледам. Таков српски шунд и кич мене увото и окото не ми поднесува. Со исклучок на вестите и по некој филм, другото не можев да го гледам. Ама фала му на бога, има МаксТВ па може да се бираат канали, филмови, спорт, документарци, странски вести. А, најјака забава ми беше креветот и спиењето.
Од друга страна, рејтингот на гледаноста не се мери според вкусот на Миленко, ами според пипл метрите на Нилсен. Тие пипл метри покажуваат дека таа и таква програма е најгледна. Убедливо. (Рејтинзите веќе ги објавив). Според Нилсен, пучанството во Македонија обожава таква забава!
Па така, тоа што овие три телевизии инсистираат со таква програма која им билда гледаност, не може критизерите да ја оценуваат од надвор. Оти тие телевизии, газди и директори, секој први, мора да поделат плата. Канал 5, на пример тоа го прави редовно, без доцнење, веќе 17 години. Оној што критикува нека проба редовно да даде плати не 17 години, ами 17 месеци, па ќе види што е вадење од п…а трње.
Значи, тоа се приватни субјекти на слободен пазар. Они ги имаат сите права, на тој слободен пазар со капиталистички правила на функционирање, да работат на начин како што сметаат дека е најдобро за нив. Ние, немаме право да им се мешаме. Ние го имаме нашето далечинско. Тоа е нашето право.
Мене, во ова трето утро од новата 2016-та ми се поставуваа други две дилеми во врска со овој вапрос:
ПРВО, доколку ваква музика, аутфит, дегенеричко однесување – со еден збор шунд, е штетен за македонската ТВ публика, може фино-лепо да се донесе закон со кој ќе се ограничи ова српско труење. Тој закон ниту можат, ниту сакаат, и што е најважно ниту требаат да го иницираат прватните ТВ станици. Тоа е работа на министерката Камчевска Милевска, која и онака на месечна основа ептен често има состаноци со одговорните лица од телевизиите. И пред се, таа е работа на нашите претставители во законодавниот дом. Пратениците во Парламентот можат да иницираат, подготват, туркаат и на крај изгласаат закон кој ќе го среди овој српски импакт во Македонија. Тие, впрочем се наши пратеници, избрани да ги штитат нашите и НАЦИОНАЛНИТЕ интереси. Сметам дека национален интерес е малите дечиња да не се палат на Чорба со розева перика или некоја певачица со цвикери и однесување како избегана од емисиите на Џери Спрингер.
ВТОРО, кај мене постои сомнеж дека мерењата на ТВ гледаноста се местат од страна на агенцијата за мерње рејтинзи Нилсен, која во основа некогаш потекнала од ЕјЏиБи Нилсен, а сега е само една приватна СРПСКА фирма.
Да разјаснам. Канал 5 и Сител, и со Нилсен и без Нилсен, се најгледаните и највлијателните ТВ станици во Македонија. Убедливо. Вестите, домашните емисии, политички програми, утрински програми… Но, Нилесен не само што мери гледаност, таа и препорачува што да се купува од “странска“ програма (читај, претежно српска и турска) за да остане или се зголеми гледаноста. Нилсен има двоен бизнс во Македонија. А спротивно на одредбите за антимонополско работење, тие се монопол.
Сметам дека таа фирма Нилсен, покрај другите работи што си ги менаџира, има задача и да шири Великосрпска пропаганда и да наметне српска опаначка култура. Кај србите тешко оди да изаџу из опанак и да уџу у ципелу, па сега и нам, како нивна Јужна бановина, се обидуваат да ни ја вметнат нивната сељачка култура.
Но, и Нилсен како и ТВ станиците во нашата земја е приватна твртка (фирма). Тие си тераат и прават профит. На тоа имаат право и тука нема љутиш
Но, што правиме ние? Уште пред повеќе од две години, при јаловите дебати во врска со новиот закон за медиуми дискутирав и предлагав дека треба да се има алтернатива за мерњето на гледаноста. 2015-та година и фирма од Англија проба да влезе на Македонскиот пазар за да се занимава со бизнисот на Нилсен, ама нашите теевизии ја одбија, оти била прескапа.
При дебатите за новиот закон (ништо што предлагаа “режимските“ новинари не беше ставено во законот, се што предлагаа сороспиите беше инкорпорирано) тогашниот Министер Ивановски и тогашниот и сегаше директор на СРД, односно Агенцијата за електронки медиуми Трајчевски, ме увреуваа дека процедурата за набавка на опрема од страна на државата за мерење на гледаноста е во тек. И кај и да е ќе имаме коректив, или конкуренција, на она што го мери Нилсен. Трет пат ќе паѓа снег на планините низ Македонија, од ветувањето нема ништо. Препуштени се телевизиите на супертајниот начин и чудните формули на мерење од страна на Нилсен.
Да заклучам. Не може Канал 5 (или Сител) да биде виновна за тоа што се бори да опстане на слободниот ТВ пазар. Тие го немаат профитабилниот нафтен бизнис и криминал МАкпетрол-Оилко, тие немаат претплата како МТВ, а немаат ниту кабелска телевизија како Роби. Тие имаат реклами – и, толку.
Според мене, Виновна е публиката што ја гледа таа програма, ги пее тие песни, ја прифаќа таа шунд култура.
Виновни се пратениците во Собранието што се отепаа со анкетни комисии за меѓупартиски (нивни лични борби за власт) борби, а за националните интереси и иднината на сопствениот народ ниту дебатираат ниту иницираат закони.
Мене ми е јасно дека во “бизнисот“ на Нилсен со српскиот шунд се вклучени домашни мокни бизнис лобија со големо политичко влијание, па закониве за заштита на малдешта од Лепа Лукиќ ги нема.
Па ете, затое е тука Миленко да напише.
За да може утрово да ми се испојават на мобилен сите што ќе се најдат засеганите со овој текст. Оти, еве да погледнеме, никој друг новинар во државава не ја потегнива оваа тема?!
Коко и многу други, впрочем.
Миленко Неделковски
На три дена пред да наполни 59.