Тања Каракамишева

Тања Каракамишева

Каков легендарен мајтап со пратениците на СДС си направи денес Владата, грев да те фати.

Владата буквално избриша под со своите послушници, ги натера да зборуваат за снегот пред четири години иако ниту снегот може ретроактивно да се врати, ниту автентично толкување може да важи за нешто што се случило пред толку време.

Што би било кога би било, а не било, може да биде реално само во Заевиот филм “Алиса во земјата на чудата”, но не и во правниот систем на Македонија.

Замислете, Владата ги натера пратениците и Законодавно-правната комисија да дадат автентично толкување на чл.11, во услови кога знаеле или морале да знаат дека на 16.3.2016 Уставниот суд го укина целиот Закон за изменување и дополнување на Законот за помилување каде беше предвидено бришење на чл.11.

Значи Уставниот суд пред повеќе од 3 години донел одлука да се УКИНЕ целиот закон за изменување и дополнување на законот за помилување, вклучително и бришењето на чл.11.

За срамот да биде поголем извршната власт постојано и во континуитет врши притисок врз судската власт и не го почитува начелото на поделба на власта.

Заев една година беше претседател на Советот за реформи во правосудството иако тоа не смееше да биде согласно сите можни светски и европски стандарди каде се зборува за одделеноста на извршната од судската власт.

Министерот за правда постојано им дава некакви насоки, некакви негативни мислења на судиите и ги кара како мали деца небаре е претседател на Судскиот совет, а не министер за правда.

Од сите страни судиите и обвинителите се “Ѓорги сардисан”…вистинска монета за поткусурување.

Заборави ли СДС дека судството е трета гранка на власта, независна и самостојна од извршната и од законодавната?

Очигледно Заев многу брзо заборави што зборуваше од позиција на опозиција.

Сега, од позиција на власт, само притисоци, уцени и закани до судиите го интересираат.

Заев треба да и одговори на јавноста зошто токму сега ги воскреснува помилувањата…кому му е од интерес да го отвора “духот” на аболициите?

Дали тоа Заев си подготвува терен за сопствен спас?

Уште еден во низата…

 

Т. Каракамишева

06.12.19

Скопје – 22.15 ч.