Тања Каракамишева

Тања Каракамишева

Како ќе се приближува терминот за избори така пропагандата, спиновите, спин-мајсторите и манипулациите во јавниот дискурс ќе се засилуваат.

И тоа не е ништо ново, ниту невообичаено.

Сите избори имаат во голем обем манипулативен и расипан фолклор.

Зошто се одлучив да ги напишам овие неколку реда?

Главната поента ми е да и свртам внимание на јавноста, посебно на онаа јавност што постојано ме следи и ме поддржува дека во последно време моите објави на твитер и на фејсбук се преземаат од за мене непознати и анонимни луѓе и групи со надеж дека преку нивна злоупотреба и спин ќе бидат остварени нечии лични лукративни или политички интереси.

Дури и се спонзорираат, се бустаат за да добијат поголем опсег на публика и поголема читаност.

Најголем проблем во таквите најнови спинови е што се злоупотребува мојата патриотска искреност и чесност и истата се извртува така што треба да му наштети не на мојот противник, бидејќи за мене има само еден противник, а тоа е Заев и СДС, туку да се нанесе штета на нивниот лут политички противник.

Токму оваа нивна цел е осуетена, провидна, прочитана.

Бидејќи во оваа гнасна игра сум внесена и јас без своја вина и волја со овој текст сакам најостро да ја осудам оваа злоупотреба и јавно да предупредам дека нема да ја толерирам.

Моите идеи, сите до сега напишани црвени линии, статуси, текстови се само мои, посветени на мојата публика која ме почитува и ми верува.

Моите статуси никогаш немале свесна намера да повредат некого, да нанесат штета некому, да донесат поени на некои скриени ликови, да внесат или уште помалку да разгорат говор на политичка омраза.

Не.

Мојата комуникација со јавноста е чиста како солза, извира од моето големо патриотско срце, и секогаш има за цел политички да ја освестуваат јавноста, правно да ја едуцираат, да ги осуетат обидите за злоупотреба на власта на штета на граѓаните и да алармираат на опасностите што демнат околу нас.

Целта на моите статуси, на моите идеи и на сите до сега напишани предлози е да ја направиме Македонија политички, правно и економски поквалитетна држава, држава во која ќе се знае кој јаде со државни пари и зошто граѓаните го плаќаат тоа.

За крај, порака до скриените ликови кои спинуваат туѓи идеи за да добијат поголема видливост кај граѓаните.

Мојот авторитет не ми дошол на тацна, уште помалку бил граден со финти и подметнувања од ваш калибар.

Злоупотреба на мојот авторитет нема да дозволам па не знам кои и да сте.

Ако имам намера нешто да му напишам на некој лидер на партија или на друг политичар јас тоа ќе го правам ДИРЕКТНО без влакно на јазик и јавно со име и презиме.

Немам намера да се кријам како вас позади некакви лажни фејсбук страни и профили.

Кај мене епитетот предавник или предавници се става по заслуга, ама дали е некој предавник во мојот текст, во моето мисловно царство е САМО МОЈА ОДЛУКА!

НЕ ВАША!

Тања Каракамишева,

Скооје, 26.10.19

 

НАПОМЕНА од редакцијата на Дудинка:

Писанието на Тања е предизвикано од “спонзорираното” манипулурање од некоја си “Бојкотирам предавници” страничка.

Дудинка и во ова пригода го цитира Џон Вејн: Јас сум одговорен само за она што го пишувам, а не за она што ти си мислиш/толкуваш дека е напишано.

Во текстот на Тања, никаде не стои името на Мицкоски, но текстот “спонзориран” од уцвикан и анонимен автор, токму тоа го наметнува.

Гадни луѓе, уцвикани пичици, превртачи, скриени џандари и гниди ќе има се’ повеќе како изборите се ближат.