Тања КАРАКАМИШЕВА

Тања КАРАКАМИШЕВА

.

Црвените линии што ги пишувам јавно ви ги посветувам вам, мои драги Македонци.

Не ми треба НИШТО за возврат, ниту пари, ниту функција, ниту каков било друг интерес.

Свесна сум дека предлозите ако ги дадов на партија или некоја политичка организација можеа да ми донесат одредена корист, дека ова мое професионално искуство можев да го наплатам или да го преточам во некаква позиција или функција.

Но, јас не се одлучив на тоа.

Јас одлучив се што имам како идеја или конкретен предлог да го споделам со вас за доброто на сите.

Сакам преку ЛИЧЕН ПРИМЕР да покажам дека љубовта кон татковината нема цена, и дека татковината вреди многу повеќе од пари или функции.

И натаму ќе продолжам да ја пишувам НАРОДНАТА ПРОГРАМА, ве повикувам и вас да ми се приклучите во оваа мисија со цел да им покажеме на луѓето дека излез има, дека енергијата и желбата е тука и дека се се може само треба посветеност, љубов и многу работа.

Секој од нас да даде по еден позитивен личен пример во областа каде што е стручен, ЌЕ НЕ БИДЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА БИДЕ!

ДА ЈА НАПИШЕМЕ ЗАЕДНО ПРВАТА НАРОДНА ПРОГРАМА!

 

Т. Каракамишева

23.10.19

Скопје