Тања КАРАКАМИШЕВА

Тања КАРАКАМИШЕВА

Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска

Со оглед дека изборите веќе почнаа да се вртат како решение за спас на земјата време е да ги исцртаме првите, но најважни ЦРВЕНИ ЛИНИИ на политичката сцена.

Првата црвена линија позади која ќе застане мнозинството Македонци е ИЗБОРНО ВЕТУВАЊЕ СО КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ на политичарите кои ветиле, а не ја оствариле е ИТЕН ВЕТИНГ на постојните уставни судии.

Втората црвена линија е ИЗБОР на нови уставни судии кои ќе се заколнат пред народот дека ќе работат согласно Уставот со обврска да ги ПОНИШТАТ сите до сега донесени неуставни акти, сите неуставни дејствија, ќе ги поништат срамните уставни амандмани, и најважно од се, ќе го поништат велепредавничкиот Договор од Преспа.

Без јасна поддршка на овие две исцртани црвени линии мнозинството Македонци не треба МУАБЕТ НАТАМУ да прават, а не пак да дадат доверба и мандат на која било партија!

Ако ова се испочитува и реализира состојбите во Македонија ќе се вратат таму каде што беа пред промената на името, пред промената на македонскиот идентитет и историја, односно само вака ќе си го вратиме украденото, изгубеното.

ОСТАНУВАМЕ НА БРАНИКОТ НА ТАТКОВИНАТА!