Тања КАРАКАМИШЕВА – четврти дел

Тања КАРАКАМИШЕВА - четврти дел

Лекција бр. 4 за непросветлените и неучените

 

КОИ СМЕ НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ? (четврти дел)

Македонската национална свест, творечките создавања, сопствената надградба, и Божјиот дар кај Македонскиот народ го покажаа патот кон посовршено живеење и владеење, станувајќи цивилизациска културна колевка на Европа и светот, а со епитетот „Македонски“, Македонскиот народ уште од 5-от век п.н.е. претставува единствен случај на народ во светот кој во континуитет суштествува(л) на истото Македонско тло од неолитот до наши дни.

Стотици илјади најдени археолошки наоди имаат древномакедонска содржина и карактер со артефакти на врежани зборови „Македон“, „род Македонски“, „Македонец“.

Најстарата сочувана јазична средина се одредува според живите архаични јазични норми, стандардизирани низ говорните сведоштва кои се во сооднос со сочуваните сопствени архаизми и јазичната зона која егзистира со влијанијата на сопственото осовременување и развој на писменост, книжевност и литература заснована врз денес живите линвистички древномакедонски корени, кај современите Македонци денес и други народи во Европа.

Со жалење денес може да се констатира дека се прескокнува древнонаследното и живо македонско-говорно-писмено-јазично постоење, кое современо егзистира и во литературниот македонски јазик и може да послужи за разврска на сите досегашни дилеми, бидејќи станува збор за кодиран јазик кој фактички има способност да го дешифрира минатото.

Сродноста меѓу Македонските глоси и старофригискиот јазик ја потврдуваат 250 натписи кои сите до еден имаат словенско потекло (види според Jost Gippert, Frankfurt, 2001). Зачуваните Македонски глоси, називи, лични имиња, и патроними се содржани на натписи на Бригите (Фригите), а најновите епиграфски артефакти се врзуваат со современиот Македонски јазик, бидејќи Бригите се супстрат на античко-македонскиот јазик, и добро е што голем број лингвисти ги отфрлаат етимолошките измислици и класични лаги разоткривајќи ја вистината за древните Антички Македонци.

Истражувањата во палеоархеологијата и палеолингвистиката на тлото на Република Македонија покажуваат дека знаците од (П)Белазгиско-античко-венетско-древномакедонската азбука со „Глоси“ (зборови) од фонетското (гласовно) писмо се стари меѓу 35000 и 55000 години пред Исус Христос и штичката од древната наколна населба од Костурско езеро, Македонија со утврдена старост Ц 14 од 5260-та година п.н.е. која гласи Ш,пел VII кол ште, или според современиот Македонски јазик гласи: Шупел, VII колиште (Шупливо седмо колиште) (според Andre Lefevie, Les races et les langues, стр. 170).

Македонското фонетско (гласовно) писмо е прво светско буквено, а не симболично изразување на мислата на човекот кое сведочи за постоењето на Македонската духовност, култура, книжевност, јазик, писмо, писменост, како стожер на цивилизациското постоење со одлики на државност, градејќи ја сопствената историја, бидејќи Македонците се живи сведоци што ја искажуваат, пренесуваат, осовременуваат и глорифицираат сопствената, но и светската историја и денес како свесен народ со жалење и презир гледа кон сите учесници во неколку милениумската голгота врз Македонија, Македонците, и Македонското духовно-културно богатство.

Непобитен е пишаниот артефакт на Херодот и Диодор кои велат дека „Фонетското (гласовно) писмо со право е наречено Феникијско, бидејќи Кралот на Феникијците, Кадмо, пишувал на тоа писмо, а кое всушност е  (П)Белазгиско-древномакедонско писмо со кое подоцна се служеле и Римјаните, Латините и Англосаксонците, врз чија основа си формирале сопствени азбуки.

Следниов преглед на зборови од Библијата, книга Генезис, односно Битие (book Genesis) аргументирано потврдува дека имаат ист корен, назив и значење во Македонскиот и во Англискиот јазик и ги потврдуваат Библиските пишани артефакти дека „По целата земја имаше еден јазик и исти зборови“ (Генезис 11:1, Свето Писмо), и „еден народ се и сите имаат еден јазик (Генезис 11:6, Свето Писмо).

Примерот од Македонската топонимија како производ од заедничката корен-основа на зборот „трн“ со исто значење во Македонскиот современ јазик „трн“: Трново, село во Македонија и област Трница, Тирново, место во Тесалија, Трнава, град, градот Тирана во Албанија (Матија), Трново и Тарново, места во Бугарија, Трновац, место во Србија, Трнова-Полска, Трнава-Австрија, Тирнава-на Британските острови, а по овој пример можат да се наредат уште безброј други од древната Македонска типономија, оронимија, хидронимија, нисонимија, литература, драматургија, филозофија, митологија, историја, итн.

Сега да ги споредиме следниве зборови:

МАКЕДОНСКИ

Кирилица

MAKEDONSKI

Latinica

ANGLISKI

English

  Vo Biblija

Gen (geneza)

In Bible

Gen (Genesis)

Ден den Day
Ноќ nokj Night
Водите vodite Waters
Трет ден Tret den Third day
Сигнали signali For signs
И ги благослови Бог I gi blagoslavi Bog And God blessed them

 

Крепети Krepeti That creepeth
Маж Maz Man
Шести ден Shesti den Sixth day
Седми ден Sedmi den Seventh day
Носалки Nosalki Nostrils
Го формира Go formira Had formed
Градина Gradina Garden
Командува на мажот Komanduva na mazot Commanded the man