Тања за “нон пејпр”-от

Тања за "нон пејпр"-от

За политичарите кои очигледно не го владеат правото на ЕУ да им објаснам дека правилото содржано во Францускиот нон-пејпер во делот на преговорите воопшто не е ново.

Ова правило е старо колку и самата Унија само што со тек на време било надоградувано и специфицирано во конкретни области.

И до сега за поглавјата за кои се преговара се сметаат за привремено затворени во оној момент кога ќе биде постигнат договор за тоа.

Да нагласам, и да повторам, се сметаат за привремено затворени, што значи дека секое поглавје повторно може да биде отворено иако претходно било затворено со договор.

Правилото “ништо не е договорено, додека се не се договори” (nothing is agreed until everything is agreed) не е различно од реверзибилноста што ја споменува Франција во нон-пејперот.

Секое од поглавјата и сега може да биде повторно отворено, иако била постигната согласност за негово затворање, доколку тоа земјите-членки на ЕУ го сметаат за неопходно.

Така што драги политичари намалете со чувството дека сте ја допреле Ајфиловата кула кога објаснувате за европските правила и најдете си подобри советници од оваа област!