Додека ние си тераме мајтап со недокваканиот муртинец и неговиот “тарзан инглиш“ што “течно го говори ко и српскиот (?!?!?!), на Пацификот стравот од Ким е на ниво на стравот на САД од Куба и ракетите на СССР на крајот на 50-тие и првата половина на 60-тите. Тогаш американците се изглупираа со “Заливот на свињите“, а сега ќе видиме?!
Но, да почнеме со ред:
Нелегалниот, противзаконски и неуставен човек од Муртино што лажно се претставува дека е премиер на Македонија, во својот CV има кажано дека “течно“ говори англиски и српски.
Еве го “течниот“ англиски:
Говорот во ООН на #Црпко.Па ја подобро читам три пати…аман веќе.Башка и Ким Јонг-ун има да каже нешто.
Posted by Здравко Китаноски on Samstag, 23. September 2017
А, еве го и на “течен“ српски:
Неговиот CV вели дека “течно“ говорел!!!
Откако со видео и пишана документација го елабориравме “македонскиот“ дел од проблемот на Северна Кореа, да се вратиме сега на главното.
Имено, заканите од “братот“ Ким во САД и на Пацификот се примаат исклучително сериозно. Хидрогенска бомба (како онаа што ја тестираше пред некој ден, значи 5 пати посилна од онаа фрлена врз Нагасаки од страна на американците), фрлена во Пацификот некаде по должината на Mariana Trench (најголемата длабина на светот каде лежи и американската воена база/остров Гуам), може да предизвика Цунами што ќе е со височина од неколку стотина метри и сила која никој не може да ја претпостави. На тој начин би биле загрозени најмалку три континенти: Северна Америка, Австралија и Азија. А и 4-от, Јужна Америка би имал шанси да страда. Сите “ниски“ територии, како Калифорнија и Австралија, сите острови како Хаваи би биле изложени на тотално потопување и уништување.
За пошироката американска и светска јавност се крие, за да не избие паника, но на Хаваите уште летоска е издадено специјално предупредување од Претседателот на САД Доналд Трамп, а воедно е издаден и прирачник за однесување при евентуална екксплозија на ракетите на Ким.
Еве, ексклузивно (единствено) за македонската јавност, како изгледаат тие прокламации и предупредувања:
Па така, смешниот настап на кловнот од Муртино можеби ќе го забавува и насмејува “братот“ Ким, ама на оние од Хаваи ама баш ич не им е смешно.
Американците очигледно се плашат од Ким. Дали од неговата “непресметливост“, дали од нуклеарниот потенцијал, дали од неговите сојузници Кина и Русија, дали од се‘ ова заедно – ама се плашат. Инаку би му ги собориле ракетите што овој ги пушта да летаат над Јапонија како петарди на плоштад за Нова година.
Она од што САД и Трамп всупност најмногу се плашат е дека Ким ќе им го зеде чаламот. Дека ќе го сруши митот на САД како светски воен доминатор. Претходно тој мит го срушија истата таа Кореа, па Виетнам, па Куба, сега Сирија…
САД и Трамп се плашат дека “налудничавоста“ на Ким ќе преставува тригер за рушење на кулата од карти (впрочем “house of cards“ е назив на ТВ серија за Белата куќа) и почеток на крајот на “Новата Римска Империја“.
Ким, ваков таков, стана единствена надеж на слободниот свет за рушење на Вашингтонската тиранија.