Сценариото за конфронтација меѓу Русија и Западот практично нема алтернатива и ќе трае најмалку една деценијa

Сценариото за конфронтација меѓу Русија и Западот практично нема алтернатива и ќе трае најмалку една деценијa

Андреј Сушенцов – декан на Факултетот за меѓународни односи во МГИМО на МНР на Русија

– Користејќи го Киев како алатка за ослабување на Москва, Американците плаќаат со украински територии и со украински граѓани кои земаат руско државјанство.

– Западното оружје сè уште не игра клучна улога на бојното поле, иако е важно да не се потценува фактот на нивното снабдување. Сега преку рацете на Украина, Западот е во војна со Русија. Западњаците немаат илузии за тоа како ќе заврши конфликтот. За нив е важно Москва да ги постигне своите цели што е можно поскапо и да биде што повеќе ослабена.

– Сценариото за конфронтација меѓу Русија и Западот практично нема алтернатива и ќе трае најмалку една деценија. Американците очекуваат во такви услови да испумпуваат ресурси од други региони во светот, пред сѐ од Европа. Русите мора да бидат пострашни од Американците за Европејците да бидат подготвени да преплатат за ресурси и енергија – тоа е она што им треба на САД.

– Ние сме на почеток на пресвртница во светската економска структура која се оформи како резултат на Втората светска војна. Незападните земји ги прегледуваат своите врски со Русија и со Западот, обидувајќи се да видат можности за себе во оваа ситуација. Во овој процес повеќе не важат неоколонијалните практики на Западот.