СУПЕР КУП

Утре се игра најголемиот фудбалски натпревар во историјата на тлото на Македонија.

Благодарејки на правовремената апликација, успешните релации со УЕФА и професионалноста на канцеларијата на ФФМ, Македонија доби шанса да се постави на фудбалската карта на оваа наша планета.

“Градски“, Скопје и Македонија утревечер ќе ги види целиот свет.

Без разлика колку кому не му се допаѓал Илчо Ѓоргиоски, без разлика на моментната позиција на ФИФА ранграњето на “А“ тимот (за таа математичка операција треба засебен текст), без разлика на разно-различни амбиции за рушење на оваа фудбалска Влада – факт е дека досега немало, а и во следните неколку десетлетија исто таа нема да има вака габаритен фудбалски настан во Македонија. И, за тоа, треба да му се оддаде признание на ова раководство на ФФМ.

Но, за жал, кај нас се‘ ќе ти признаат, само успехот – не. Ниту еден медиум, електронски, пишан или оние од социјалните мрежи не му оддаде респект за сработеното на Претседателот, Управниот одбор  и генералниот секретар на ФФМ. Еве, со текстов, Дудинка се обидува малку барем да го поправи медиумскиот впечаток.

Втора работа е што нашиот најголем, и единствен фудбалски стадион, ќе блесне пред светот со сите свои 4 трибини.

Пред само неколку години, сеуште актуелниот градоначалник на општина Центар јавно објави дека “северната“ трибина не била добро изградена и заради тоа била небезбедна, односно ќе се срушела. Северна, инаку, ја градеше фирмата Бетон Високоградба, фирма на вице премиерот во владата на Бучковски, сопственост на до скоро најбогатиот македонец Минчо Јорданов.

Северната не се сруши – досега. Минчо добро ја изградил. Сопартијците на Минчо, Бучковски и Зиков никогаш не реагораа на лагите на идеолошкиот истомисленик Жерновски! А и Жерновски никогаш не ја повлече таа своја констатација дека “северната ќе се сруши“.

Граѓаните на Македонија, жителите на Скопје, луѓето што гласаат во општина Центар се научија на лагите на се што е СДСШ-овско и од неговите калиционите партнери.

Треба да си говедо за на своите гласачи и сожители не им се извиниш за лагата со која си се добрал до градоначалничка функција. Чудно! Ниту еден новинар не отиде кај Жерновски, или на прес конференција негова, не побара одговор на прашањето за рушењето на “северна“.

Е, сега, за некој друг текст оставам зошто Центарци (и јас сум од таа општина) гласале за градоначалник лажго, зошто 350.000 наши сограѓани гласале за во Македонија да се говори албански а не Македонски?! Зошто гласале да се амнестираат џелатите на нашите комити и народни херои од НОВ?! Зошто гласале за низ градовите на Македонија да се укотват 100-тици илјади азијати, арапи, африканери, црнци, муслимани (немам ништо против црнци и муслимани, имам против нивно насилно населување во мојот комшилук)…

Да си имавме работа со нормални медиуми и нормален градоначалник на Центар, редно ќе беше да очекуваме на Илчо да му се оддаде признание а Жерновски да се извини.

Вака, текстот на Дудинка ќе е единствениот што ќе ја третира оваа тема.

07/08/17

 

Скопје