ЗА ИСТАКНАТИТЕ ТУЃИ ЗНАМИЊА ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА РЕЗИДЕНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
– Според член 5 од Уставот на Република Македонија, државни симболи на Република Македонија се :Грб, Знаме и Химна. Грбот, Знамето и Химната на Република Македонија се утврдуваат со Закон (“Службен весник на Република Македонија” бр.52/1991). Значи, Знамето на една суверена држава се истакнува на сите државни институции, што значи ја бележи територијата на државата.
– А, што се случува со истакнувањето на знамето на Република Македонија во најважните државни институции во Република Македонија?
– Во Претседателската резиденција на Водно Пендаровски, покрај знамето на Република Македонија, ги истакнал и знамињата на НАТО и ЕУ.
– Исто така, Заев во Владата на Република Македонија, покрај знамето на Република Македонија, ги истакнал и знамињата на НАТО и ЕУ, а пред зградата на Владата на Република Македонија, покрај знамињата на Република Македонија истакнал и две знамиња на НАТО.
– По аналогија веројатно истото се случува и во другите државни институции.
– МАКЕДОНСКИОТ НАРОД јавно ги прашува Пендаровски и Заев?
– Дали истакнувањето на знамињата на НАТО и ЕУ, покрај знамето на Република Македонија, во највисоките државни институции со кои тие раководат значи дека Република Македонија е ОКУПИРАНА од НАТО и ЕУ, па тие сојузи окупирајќи ја Република Македонија си ги забоделе нивните знамиња?
– Ако нивниот одговор е ДА, тогаш тоа нека му го објаснат на македонскиот народ и јавно нека го посочат окупаторот.
– Ако нивниот одговор е НЕ, тогаш под ИТНО нека ги тргнат туѓите знамиња и нека го остават барем Македонското знаме да се вее слободно.
– Истакнувањето на знамето на Република Албанија во Република Македонија е посебна приказна и за него во друга прилика.
– О, полтронство и лигавење!!!