Судијата Панчевски за свинските црева во правосудството

Судијата Панчевски за свинските црева во правосудството

.

Заев онаков со “мутава” загрижена фаца со раката на гради им се обраќа на граѓаните, запнал ветинг па ветинг во судството и обвинителството: “судството да ти било последната тврдина на заробената држава под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции”, веднаш потоа ја гледаме Рената Дескоска министерка за “правда и мир” како ја зема метлата што некој и ја оставил тогаш кога потпишуваше за стипендијата од 40.000 евра на ќерката на Никола Димитров колегата од влада, па ја гледаме сподобата со титули закачени на “шишка” како му ја предава златната метла на Ќирчо Здравев од Судскиот совет, а овој па на фудбалерот од Кривичен Џолев и додека тие си се метларат со вакви театрални и популистички егзибиции Жбогар од делагацијата на ЕУ го поправа премиерот Заев дека не е потребен ветинг судиите се добри само требало внатре да се реформираат!

Замислете оваа последна тврдина на заробената држава од судство и обвинителство која ја држат одреден број судии и обвинители на моќни позиции требало тие самите од внатре да се реформираат??!

Па не би рекол дека Жбогар е во право! Добро се формирани за да се реформираат!

Замислете ако ги тргнете само за еден момент оние кои Заев посакува да останат наспроти оние што му сметаат и како што вели држат моќни позиции, е тогаш би останале само овие “не толку моќни и чесни судии и обвинители” како на пример судија Софија Медарска сопруга на адвокатот на Заев – Филип Медарски или неговата мајка обвинителката Јелица Медарска или судијата Фаик Арслани кадар на ДУИ и нивни Екс министер, а сега ВД претседател на Врховниот суд заедно со другарчето судијата Џемали Саити исто така кадар на ДУИ и нивни Екс министер, но сега претседател на Здружението на сите судии кое молчи како риба во море за состојбите и прозивките од премиерот и министерката, а молчи скоро 4 години колку Џемали е претседател на тоа здружение или судијата Шпенд Деваја сопругот на градоначалничката на Тетово Теута Арифи исто така кадар на ДУИ. Од независните и не толку моќните ќе останат судијата Тања Милева експресно избрана во Апелација Скопје од судот во Велес инаку сопруга на Игор Милев човек од доверба на СДС во ДИК, или судијата Санде Зиков сопруг на сестрата на Хари Костов екс министер во МВР во времето на СДС или обвинителот Момир Маричиќ татко на советникот на Заев во влада Бојан Маричиќ или судијата Габриела Гајдова од расадот на НСДП ВО 2008 година од Тито Петковски близок пријател на нејзиниот чичо Милчо Трајков и сопруга на Кирил Гајдов член на совет на Општина Велес од редовите на НСДП или судија Добрила Кацарска блиска семејна пријателка на тајкунот Орце Камчев која деновиве доживува судиско роуд-шоу по националните телевизии, судија која македонското судство ќе ја памети по тоа што му пресуди на Македонскиот народ за тероризам во сопствената држава и повреда на чл.6 од ЕКЧП или политички контаминираните обвинители: Трајче Пеливанов манекен по ароганција дури и Катица му велеше дека “ја лигавел”, Ленче Ристоска-ќерка на разрешен корумпиран судија, Фатиме Фетаи-глумица со фасцијална експресија, Гаврил Бубевски кум на адвокатот на Заев – Филип Медарски, Артан Ајро син на бивш судија член на Судскиот совет, Елизабета Јосифовска внука на познатиот Софроније Миладиновски звани 6 за 600 декан и професор за царина и туризам, Лиле Стефанова актерка во Рекет 1 сите тие прво најспособни (СЈО) од неспособните (ОЈО) беа вратени кај сега способните (ОЈО), откако за милиони народни пари изработија во приватни цели политичката партија на власт за политички прогон во Република Македонија. Или можеби судиката Лорета Ѓоргиева од судија во Струмица избрана во 2006 година во време на СДС како човек од доверба лично на Зоран Заев е избрана во Судскиот совет за да има директна контрола врз судството, нејзиниот сопруг Зоран Ѓоргиев е директор на комуналното претпријатие во Струмица и советник и десна рска на поранешниот градоначалник сега премиер Зоран Заев, или пак судиката вдовица Гордана Спиреска поранешна сопруга на министерот за здравство од СДС Владо Димов во кое време е избрана за судија, од пред 1 година член на Судскиот совет или судиката Мери Дика Георгиевска кумата на Боки 13, делегат во Неговиот Меѓународен сојуз поранешен член на Судскиот совет или судијата Лазар Нанев претседател на полигичката комисија на Министерството за правда преку која за прв пат надвор од сите правила и закони извршната власт изврши упад во Кривичниот суд и го креираше предметот за АКМИС распределување на предметите кој послужи како параван актуелната власт да прави што сака со судската власт во свои политички цели или судијата Злата Попова претседател на судот во Гевгелија блиска до обвинителката Катица Јанева чија сестра Вилма Петкова е на платен список на СЈО, судиката Злата Попова како граѓански судија и претседател надвор од сите законски правила и надлежност издаде наредба за претрес на судија и поранешен претседател на Кривичниот суд со спектакуларен упад и сеење страв кај судиите како да ги судат предметите на СЈО во корист на актуелната власт или обвинителката Катерина Коларевиќ ќерка на поранешен судија во Уставен суд Вера Коцо послушник на режимот на комунистичката власт или обвинителката Наташа Сарамандова послушник академец која по наредба на Јавниот обвинител Љубомир Јовевски и обвиниѕелот Сашо Рајчев покренува обвинение за АКМИС системот за да се покријат нарачките на владта и да се направи дефокус од исполитизираната состојба во судството и обвинителството или обвинителката Ана Гоговска Јакимовска послушник академец која по наредба на Јавниот обвинител Љубомир Јовевски и обвинителот Сашо Рајчев ги покрива злоупотребите на обвинителката Катица Јанева и судијата Злата Попова со тешки прекршувања на законот за кривична постапка или обвинителот Коле Штерјев послушник на власта кој како претседател на Советот на јавни обвинители врши избор на политички подобни кадри за актуелната власт ги прикрива грешките и селективноста при работењето на јавните обвинители или обвинителката Фиданка Рајевска сопруга на  генерален директор на една од нај моќните банки во Македонија, контроверзна банка од која вработени украдоа повеќе од 2.000.000 швајцарски франци кои пари никогаш не се пронајдоа истата како член на Советот на јавни обвинители послушник на власта врши избор на политички подобни кадри за актуелната власт ги прикрива грешките и селективноста при работењето на јавните обвинители или Кирчо Здравев послушник на власта избран во едноумието за судија напредува до судија во Врховниот суд од каде е избран за член на Судскиот совет на кој е поставен за претседател, со неговото назначување тој отпочнува пракса на клиентелистичко однесување на Судскиот совет кон власта и координација со владата за разрешување на судиите со интегритет и неистомисленици или Вилма Русковска која уште 90-сетите години како стручен соработник на моторче Томос од дома кај Хотел Лаки покрај партиската испостава доаѓаше на работа во ОЈО Скопје.

Не, ова се тие чесните, но кои се нечесните и со години етаблирани кадри на кои почива правосудството, кадри на македонската длабока држава, чесни по Заев, Ленче, Бранче само стави си ги во функција на команда и чесни се да сторат се, па и нечесни работи!

Ах тој сплет на судско обвинителски политички и политикантски спреги постоел и постои тој е постар и од независна Македонија корените ги влече од старата Југа, Правниот факултет во Скопје и метузалемите како Камбовски кога нив ќе ги снема се раѓаат нови Калајџии или Лажитичи, Тупанчиња и нови и нови да го бодрат и оплеменуваат овој корумпиран судско бизнисменски систем на право и правда.

Знам има и уште многу други знајни и незнајни јунаци кои не се наброени од апелационите подрачја на Гостивар, Штип, Скопје и Битола но ги знаеме сите.

Кога овие на Заев милениците ќе се поттргнат со леснотија ќе се уловат оние судии и обвинители на моќни позиции кои така цврсто еве четврта година ја бранат од власта на Заев последната тврдина на заробената држава! Е тие таквите судии и обвинители треба да се разрешат со реформирање или да се реформираат со разрешување трето нема и тогаш целосно се ослободува правдата од прангите на режимот и судството ќе му биде целосно слободно на Заев и неговите слободоумни другари и другарки.

Службени кривични дела на овие не застаруваат лесно треба најмалку 10 години за да застарат бидејки злоупотребите не се само за “не гонење” туку и за “гонење по нарачка” а штетата не е само материјална може да биде и во повреда на права, а паралелата ќе се види во нивното чинење или нечинење, селективноста и начинот на лежерно синхронизирано политикантско  постапување, глума и театралност, од тоа дали се работи за сторител на власт или не.

Секако најповеќе од се од денешен аспект зачудува фактот да си главен обвинител во државата, еве дури и главен обвинител за организиран криминал и корупција под тебе да се сите инструменти за прогон, а ти да не знаеш каков криминал се случува околу тебе во државата па дури Рекетот бр.1 да ти го пријави премиерот?! А тој пак сиромашкиот јавно се обраќа на граѓаните против судството кое да ти било последната тврдина на заробената држава под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции!

Како и да се свртиш премиере, газот ти е позади!

 

Владимир Панчевски – судија

Скопје, 20.12.19