Судијата Панчевски

Судијата Панчевски

ФЕНОМЕНОТ КОЈ НЕ УМИРА – ПОЛТРОНСТВО!

Полтронството постоело и ќе постои откако постои светот и векот го има во најразлични “форми” и “големини”, а кај нас во Македонија е развиено до состојба на колективна свест која најмногу се изедначува со политичка култура на однесување и навлегува дури и во семејните корени и родослови, па дури наследно се пренесува.

Полтронството како феномен не познава граници, а како најпрост пример е државниот врв и она што го направија со името РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА зачинето со односот на странските фактори како “сојузници” на полтронството, а демек за добробит на државата и народот на Македонија но суштински за сопствена материјална и нематеријална корист, што несомнено сите го видовме. Па зарем да требало да се смени името Македонија досега немало тоа да го направат сите оние кои Македонија ги величи и слави како херои со векови наназад, не тие имале други вредности, можеби биле полтрони по разноразни прашање историјата ги обзнанува но никогаш полтронството како лична корист не било пред Македонија, бидејки без неа ќе не нема сите, бидејки на крајот ќе изумреме, ќе се претопиме, исчезнеме! Овде полтронството е најповеќе кон народот лажен приказ дека се работи во име и за идеалите на својот народ погѕд максимата: тоа е мојот народ геаѓанитена Северна Македонија за кои нели “чукамо се ударамо се у грудима нашим”

Полтронството најчесто го има во редовите на политиката таму е нај изразено бидејки преку полтронство функциичка добива секој кој ќе се потчини на туѓите желби и потреби за да ги оствари сопствените ниски страсти на уште еден феномен, а тоа се комплексите на “ниска и висока вредност” кои се почесто ги гледаме наоколу. Дури и да нема човек кој не е заразен од оваа зараза, таа со години речиси и наследно се пренесува од колено на колено, дедовци и баби, татковци и мајки, деца и внуци намесници во функционерски фотељи кои само метастазираат и генетски се модифицираат на условите и состојбите.

Полтронството како збор доаѓа од зборот “Полтрон” именка од машки род , а неговото значење дигиталниот речник на македонски изрази го дефинира како: Лажен додворувач, човек со особина на улижување пред други што ги смета за авторитети, бескарактерен човек. Интересна дефиниција но повеќе како состојба отколку како последица! Зошто? Бидејки, оние бескарактерните, лажните додворувачи и улижувачи ги има многу на секој чекор наоколу но тоа е нивна лична особина која пак има поголем импакт за последица да влијае на животите на оние кому полтронот му го манифестира ваквиот однос или пак поради што го манифестира тој однос на полтронство. Полтронството е лажен однос кој во себе има некаква цел за остварување некаков бенефит за себе или за друг или и двете истовремено но пропратено со последица – штета за оној кон кого е насочено полтронството. Штетата може да биде материјална изразена во пљачкање на народните пари или материјални загуби на субјектот на полтронство или нематеријална изразена во губење на довербата што преоѓа и во општествен феномен.

Во Република Македонија со оглед на феноменот што политиката го има поклопено секое делче од општественото живеење и опстанок полтронството се развило до врвни граници па така имаме полтрони од кариера, пливачи со секоја политичка гарнитура кои се делат на притаени извршители кодоши, поткажувачи, клиентелисти кои тајно го потхрануваат егото на секој политичар или функционер додека е во зенитот на власта со единствена цел да профитираат или материјално или воопшто да стекнат некаква корист во некакви права и привилегии, најчесто тука се работи за синџир на повеќе поврзани полтрони кои тајно или јавно ги даваат своите услуги на секоја политичка гарнитура и се всадени длабоко во општеството и државата. Додека ја пишувам колумнава дури ми навираат лепеза на ликови на реални луѓе кои се вклопуваат во овој профил кој со сигурност може да се каже е всаден како нај трулиот носечки темел на државата.

Друг вид на полтрони се оние партиски војници кои истапуваат јавно со всадена матрица и слепа наклонетост без свое размислување се приклонуваат на наметнатите правила од поединци или групи даваат безрезервна поддршка слепо, па дури и од инает без никаков бенефит туку едноставно од инает кон другиот табор исти такви. За ова најдобар одраз се големите политички партии без разлика на етникум и убедување, но ова е тесното грло преку кое се регрутираат полтроните во првата група како всаден елемент на носечкиот темел на државата.

Сите овие споменати со сигурност ќе се препознаат но секако нема да се засрамат туку со блага насмевка ќе се радуваат на успесите и материјалните богатства што ги постигнуваат со ваквиот свој однос со генерации, сите тие се соучесници и извршители во криминалот кој и се случува на Република Македонија и додека не се прочисти и хирушки отстрани ова метастазирано ткиво од Македонија таа е на сигурен пат за изумирање, бидејки полтронството полека низ годините ја замагли но веќе сигурно ја презеде националната свест на македонецот.

Би завршил со една длабоко аналитичка реченица од поново време на еден странски намесник по име Ван Хауте дадена за екранското остварување на БИБИСИ за СЈО под наслов “Чарлиевите ангели”, тој вели: “ВМРО заборави дека Катица доаѓа од семејство кое веќе има традиција во судството од стариот југословенски систем, а по тоа што тој “знае” во системот се старите судии луѓе кои биле професионални и упорни, прилично независни, па менталитетот и намерата било работите да се сработат поинаку.” Како поинаку видовме сите една епизода останува да гледаме до крајот, заплетот, кулминацијата и расплетот само што не почнаа, останува сите да видиме кој е Чарли? Ако е Чаплин тогаш сите слатко ќе се смееме…