ПРОСТИ ВИСТИНИ
Во изминатите 28 години странски и домашни душегрижници направија се што е можно да ги заборавиме некои прости вистини и да ги замениме со полувистини и лаги:
Проста вистина е таа дека „волкот крзното сго менува,но не и наравот„.Со други зборови,нема како нашите соседи грци,бугари,албанци,кои многу векови наназад сакале уништување на македонскиот народ,денес да се „преродат„ и да ни го признаат македонскиот идентитет,јазик,историја и држава.Значи,помирувањето не може да биде едноставно само на македонска сметка како што е во капитуланските договори со Бугарија,Грција и со Тиранската платформа.Намерно гиизедначувам грците со Грција,бугарите со Бугарија,како и германците например,со Германија,затоа што досега не сум видел во историјата некоја држава/официјална влада/ да започне војна или окупација,а народот да се спротивстави.Тогаш немаше ни да има Прва или Втора светска војна.
Проста вистина е дека кога еден народ ,кој повеќепати бил распарчуван од соседите и „големите„ сили,да не се пика во нивното друштво.Уште повеке,кога за да стане член на такво друштво/НАТО и ЕУ/,го уценуваат да прифати тоа кое са се обидувале да го направат кога го окупирале.Со еден збор – да го уништат.
Проста вистина е дека од 1991 година до денес македонските политичари украле од македонскиот народ 17 милиарди долари.Дури според една недамнешна информација цифрата е околу 50 милиарди долари.Така што,ние гледаме повеке на едната страна на предавството – во однос на име,идентитет и т.н.,а замижуваме пред социјалниот и физички геноцид врз македонскиот народ од страна на тие политичари.Затоа 28 години исти луге и нивните фамилии се истакнуваат во областа на политиката,бизнисот,трговијата,новинарството,науката и пр.Кратко кажано,бандитите се воспроизведуваат во сите области на управувањето на државата.Затоа и практично ја изгубивме готовата држава,која ја имавме при осамостојувањето.
Проста вистина е дека „рибата мириса откај главата„,од раководството на државата преку политичките партии.И во минатото,и денес најздрава јадка на македонскиот идентитет бил „обичниот„ македонски народ,додека СИТЕ СО ПРЕТЕНЗИИ ДА ГО РАКОВОДАТ НАРОДОТ биле лигуши,поткупливи и предавници.Затоа цврстото јадро на Македонската револуционерна организација во времето на Гоце Делчев биле селаните,а денес,на референдумот од 30 септември најголем бојкот направија македонците од мали населби како општина Илинден – 16 %,Зрновци- 19 %,Могила – 21 % или пак градови со богати револуционерни традиции како Велес – 28 %.
Овие прости вистини/а вистината е секогаш едноставна/ мора да бидат македонски патоказ за иднината. Тоа значи:
ПРВО, ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ САМО НА ЦЕЛОСНА РЕЦИПРОЦИТЕТНА ОСНОВА.АКО НЕ, АЈ СО ЗДРАВЈЕ!
ВТОРО, НЕМЕНУВАЊЕ НА КОНЈ ЗА КОКОШКА,УШТЕ ПОМАЛКУ АКО КОКОШКАТА Е САМО ВЕТЕНА,А НЕ Е ДАДЕНА.НАТО и ЕУ не заслужуваат тримилениумски дар како македонското име и идентитет.Притоа,од НАТО за возврат сакаат да бидеме топовско месо,а од ЕУ ветуваат евентуален влез околу 2030 година.Дали можете да влезете во магазин,да си земете што сакате и накрај да ветите на продавачот дека може евентуално да му платите по 12-15 години? Таков е односот со ЕУ – поклонуваш најскапото за гола надеж.Да не зборуваме дека таа надеш нема никаква врска со нормалните вредности.
ТРЕТО, ВЕДНАШ ПРЕКИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА АГОНИЈА,КОЈА ТРИ ГОДИНИ НАВАМУ Е ДИРЕКТЕН ГЕНОЦИД.Заев сака да продолжо агонијата,затоа што таа се уште го одржува.Тој е завршен и нема да му простат тие кои му истурија НЕБРОЕНИ МИЛИОНИ за да ги навлече македонската држава и народ.Во случајот дејствува принципот на мафијата,затоа што САД и НАТО се светска мафија.Затоа не може да има помирување мегу палачи и жртви.
ЧЕТВРТО И НАЈТЕШКО: ЦЕЛОСНО ПРЕУРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И ПОЛИТИЧКИ И СОЦИЈАЛНО.ТОА ЗНАЧИ НОВО УСТАВНОТВОРНО СОБРАНИЕ,НОВ МАКЕДОНСКИ УСТАВ,НОВ ЦРКОВЕН СИНОД. ДРЖАВА,ВО КОЈА КЕ БИДАТ ОДЗЕМЕНИ ГРАГАНСКИТЕ ПРАВА НА КРИМИНАЛЦИТЕ,НА ПОЛИТИЧАРИТЕ ПРЕДАВНИЦИ,НА УДБАШИТЕ/ЕДНАШ УДБАШ СЕКОГАШ УДБАШ/,НА НАВОДНИТЕ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ,НАУЧНИЦИ,НОВИНАРИ.Моментално практично ние немаме македонски медиуми,немаме македонска академија,немаме македонски синод.Во 1944 година во Македонија имало само 200 луге со високо образование,од кои 1/3 соработници на окупаторите,1/3 неутрални лигуши и 1/3 патриоти.Денес,во формално македонска држава имаме еден владика со македонски дух,неколку новинари/измегу десетици и стотици колумнисти со претензии/,неколку научници со македонски дух,3-4 писатели,ПОЛИТИЧАРИ НИТУ ЕДЕН. ТОА Е КАТАСТРОФА. ИСТО КАКО ВРЗ МАКЕДОНИЈА ДА ПАДНАЛА БОМБА.
ВО СУШТИНА БОМБАТА ПАДНАЛА ВРЗ ТАКА НАРЕЧЕНАТА МАКЕДОНСКА ЕЛИТА.ХВАЛА БОГУ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е УШТЕ ЗДРАВ И ЖИВ.НО ЗА ДА БИДЕ ЖИВ И ВО ИДНИНА МОРА ЦЕЛОСНО МЕНУВАНЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕЛИТА.
Стефан Влахов-Мицов