Стефан ВЛАХОВ МИЦОВ

Стефан ВЛАХОВ МИЦОВ
НЕМА СПАС КОГА САМ ЌЕ СЕ ЗАФРКНЕШ
 
Во сабота вечер на ТВ „Алфа“ го слушнав од Груевски најголемиот виц за последниве 10 години: било отворено досие „Македонски екстремизам и тероризам“ и сега македонските служби прислушкувале 100 функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Супер виц, затоа што за цело време управување на Груевски не сме забележале (за жал) ниту еден „екстремист“ функционер од ВМРО-ДПМНЕ, да не зборуваме за 100. СИТЕ ДО ЕДЕН СЕ ЛАЖНИ ПАТРИОТИ И ЛИГУШИ. Лажниот патриотизам се разоткри целосно во последниве три години, но тој е присутен во целата историја на таа партија од нејзиното создавање во 1990 г. до денес. КАЖЕТЕ МИ ВО КОЈ МОМЕНТ ТАА ПАРТИЈА ИЗЛЕЗЕ ДА ГИ БРАНИ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ И ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ НАДВОР ОД ТРИБИНИ И МИТИНЗИ? ДАЛИ ПРИ ПРИЕМОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ СО СРАМНАТА РЕФЕРЕНЦА? ДАЛИ ПО ГЛАСАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА ИЛИ ПАК ПРИ ПОТПИШУВАЊЕТО НА КАПИТУЛАНТСКИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА НЕОДАМНА? ВО ПОСЛЕДНИОВ СЛУЧАЈ ДУРИ НЕМАШЕ НИТУ ПРОТЕСТЕН МИТИНГ. ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ТЕРОРИСТИЧКАТА ВОЈНА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА КОГА ГЕОРГИЕВСКИ И ТРАЈКОВСКИ НЕ ИЗВРШИЈА МОБИЛИЗАЦИЈА, НИТУ ПОБАРАА ВОЕНА ПОМОШ ОД РУСИЈА.
ПОВЕЌЕ ПАТИ СУМ КАЖАЛ ДЕКА АНТИМАКЕДОНСКА ПАРТИЈА КАКО СДСМ МОРА ДА БИДЕ ЗАБРАНЕТА. НО И ВМРО-ДПМНЕ ТАКВА КАКВА ШТО Е, Е ШТЕТНА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАРАДИ НЕЈЗИНИТЕ РЕАЛНИ ПРЕДАВСТВА. ЗАПОМНЕТЕ: ТОА НЕ СЕ ГРЕШКИ, НЕ СЕ СЛАБОСТИ, ТОА СЕ ПРЕДАВСТВА. Во 1990 г. таа партија беше создадена како филијала на бугарската националистичка ВМРО-СМД, формирана  половина година пред тоа. Затоа и македонската ВМРО и до денес е турлитава од бугаромани, поранешни комунисти, страшливи или поткупени луѓе, селектирани од нејзиното раководство. Затоа таму секогаш имало и има калкулации меѓу разните крила, со општо додворување на странците и на домашните петоколонаши. Таа партија НЕ Е ХОМОГЕНА, А УШТЕ ПОМАЛКУ ХОМОГЕНА СО ЦВРСТИ МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛНИ СТАВОВИ. Како и СДСМ, и таа беше создадена преку политички инженеринг (странски). Затоа и повиците за враќање кон основачите на партијата се глупави. Враќање кон бугароманството на Георгиевски? Или пак избор меѓу странските марионети Милошоски, Попоски, Ѓорчев, американските „реформатори“.
СО СИТЕ НИВ ЗАЕДНО СО ГРУЕВСКИ ДО КАТАСТРОФА. Уште во 2010, во најпознатиот роман „Свирци“ на Блаже Миневски, се карактеризира детално психолошки Оркестриран погреб на Македонија во состав: зурлаџијата (Киро Глигоров), шупелкарот (Бранко Црвенковски), тамбурашот (Љубчо Георгиевски), тапанарот (Никола Груевски), свирачот на дудук (Зоран Заев). Овој Оркестар ја погреба Македонија, а ние уште не сме го сватиле тоа.
ЗАТОА НАЈДОБРОТО ЗА МАКЕДОНИЈА Е ВМРО-ДПМНЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ НА СВОИТЕ ПРВИЧНИ ДЕЛОВИ. И РАДИКАЛНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ ВО ТАА ПАРТИЈА, ЗАЕДНО СО ОСТАНАТИТЕ НОРМАЛНИ ВО СДСМ И СО ДОСЕГА БЕСПАРТИЈЦИТЕ ДА СОЗДАДАТ НОВА ПАРТИЈА – МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ.
Партија, ниту лева, ниту десна, а само МАКЕДОНСКА ПО ДУХ И РАДИКАЛНА ПО ДЕЈСТВИЕ.
Партија за борба против НАТО, ЕУ, домашните предавници и албанските екстремисти.
Партија за МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА, во која суверен е македонскиот народ, а малцинствата уживаат права доколку го почитуват тој суверенитет и се сметаат за дел од македонската нација.
Партија која ке се бори за воена неутралност на Македонија и потпишување на стратешки сојузи со Русија и Кина.
Партија која ќе се бори за забрана на сите организации кои се против тримилениумската македонска историја, против македонското име, идентитет, јазик и култура.
Партија која ќе се  бори за НОВ МАКЕДОНСКИ УСТАВ на силна социјална основа и со реципроцитетен однос кон сите македонски соседи.
Партија која ќе ја врати смртната казна во Македонија.
 
ЗА ДА СЕ СОЗДАДЕ И БИДЕ УСПЕШНА ТАКВАТА ПАРТИЈА КОЈА НЕ СЕ ПЛАШИ ДА ВЛЕЗЕ ВО СЕКАКОВ СУДИР И ВОЈНА ЗА ОДБРАНА НА НАРОДОТ И ДРЖАВАТА, ОД ПОЧЕТОК МОРА ДА ПРИЗНАЕМЕ ДЕКА НИЕ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИМАМЕ ГОЛЕМА ВИНА ЗА ЗАГУБАТА НА ДРЖАВАТА.
Прво, уште во неревидираниот Устав од 1991 заложивме бомба за уништување на државата кога практично ги изедначивме малцинствата со македонскиот суверен. Наместо да направиме македонски национален Устав, направиме Устав сличен на југословенскиот. Зошто тогаш баравме независност?
Второ, не може истовремено повеке од 70 % од македонскиот народ да бара зачувување на името и идентитетот и влез во НАТО и ЕУ. Тоа се неспоредливи работи дури и ако тие не сакаа да не уништат. Затоа и странците не прекоруваат дека не знаеме што сакаме.
Трето, не може да си ја сакаш државата и истовремено да земаш масовно бугарски пасоши. Економскиот мотив не е оправдување, затоа што е бегство наместо борба.
Четврто, во изминативе три години ние мирно гледавме како функционерите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја уништуваат државата. Се оправдувавме дека немало кој да не поведе, а во суштина стравуваме.
              Петто и најбитно. ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД КАФАНСКИ ПАТРИОТИЗАМ, ОД КОМИТСКИ ВЕЧЕРИ БЕЗ КОМИТИ, ОД ПЕСНИ ЗА ИМЕТО И ДРЖАВАТА КОИ СЕ БЕЗ ПОКТИТИЕ. Груевски итроманства дека бил спремен да биде уапсен со останатиот дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а во суштина се пазарат да не бидат затворени. Ако сакаше да умре во битка за Македонија и да биде херој имаше доволно време да го направи тоа.
НАКРАЈ, СИТЕ МОРА ДА ЗНАЕМЕ ДЕКА ДРЖАВА СЕ БРАНИ СО МНОГУ КРВ И ЖРТВИ. НИЕ НЕ ГО СBАТИВМЕ ТОА ЗАТОА ШТО ДРЖАВАТА НИ БЕШЕ ПОДАРЕНА ВО 1991 И НЕ ИСПУКАВМЕ НИТУ КУРШУМ ЗА НЕА КАКО СРБИТЕ, ХРВАТИТЕ, БОШЊАЦИТЕ. НАВИКНАВМЕ ДА БИДЕМЕ ПОЛТРОНИ, ДА СЕ ПЛАШИМЕ ОД СУДИРИ, ЧЕКАМЕ НАГОТОВО НЕКОЈ ДА НЕ ОСЛОБОДУВА И ДА УМРЕ НАМЕСТО НАС. ЗА ДА ИМАМЕ ДРЖАВА МОРА ДА ЈА ЗАСЛУЖИМЕ. НИЕ ВО ОВОЈ МОМЕНТ НЕ ПОКАЖУВАМЕ ДЕКА ЈА ЗАСЛУЖУВАМЕ.
            Стефан Влахов-Мицов