-
ГРУЕВСКИ КАКО ПОП ГАПОНГеоргиј Гапон бил руски свештеник кој останал запаметен во историјата по „крвавиотчетврток“ на 9 јануари 1905 г. кога повел кон Зимскиот дворец во Петербург 50-илјаден народ сожелби и молби до рускиот цар. Но царската полиција ги испострелала мирните луѓе.Слично на Гапон, и Груевски ги води приврзаниците на ДПМНЕ кон доброволно уништувњјеод страна на денешниот господар САД и неговите орудија НАТО и ЕУ. Сличното меѓу Гапон иГруевски е и двојната посредничка улога: кај Гапон меѓу руските работници и царската полиција (сокоја соработувал), а кај Груевски меѓу македонскиот народ и неговите непријатели. И уште нештослично – и двајцата се самобендисани тврдоглавци, си се замислуваат месии и не им е гајле залуѓето. Истовремено, и двајцата се харизматични, добри оратори и успешно го заблудуваат народот.Денес, секој нормален човек се чуди како Гапон излажал толку многу луѓе и ги испратил восмрт. Утре, на секој нормален човек ќе му биде чудно како во последниве три години Груевски чекорпо чекор капитулира, а се уште кај мнозина остава впечаток дека се бори за победа. Таквитепсихолошки манипулации врз народот се познати од пред илјадалетија. Одамна ги има и кај нас.Денес ни е тешко да сфатиме како токму Македонци гореле во 1903 г. Книгата на Мисирков „Замакедонцките работи“, во која тој јасно го објаснува поразот на Илинденското востание и ја цртаисправната македонска иднина. Да го почувствуваш поразот на својот грб, да ти бидат објаснетипричините за тоа и да не ги сфатиш и се буниш, тоа е неверојатно, но е факт. Денес е истатамистерија.Груевски дeфинитивно ја предаде државата и нејзините институции, го предадемакедонскиот народ кој гласаше 10 пати за ДПМНЕ и веќе од позиции на никој и ништо, ветува „новаера“ и има луѓе кои му веруваат. Уште пред минатогодишните избори на 11 декември, Заев ветувашедвојазичност, менување на македонското име, распад на државата, а неколку стотини илјади гласачиму дадоа поткрепа.КАКВА E TAA НЕНОРМАЛНОСТ?СЕТО ТОА ДОЈДЕ ОД ПАРТИСКИОТ СИСТЕМ ВО ИЗМИНАТИТЕ 27 ГОДИНИ. ПОСТОЕЊЕТО НАПАРТИИ Е ОПРАВДАНО САМО ВРЗ ЈАКА НАЦИОНАЛНА БАЗА, КОЈА СЕКОГАШ МОРА ДА БИДЕПРВ И ЦЕЛОСЕН ПРИОРИТЕТ. ПАРТИИТЕ МОЖЕ ДА БИДАТ САМО НИЈАНСИ-НАДГРАДБИ НАНАЦИОНАЛНАТА БАЗА: ЕКОНОМСКИ, СОЦИЈАЛНИ, КУЛТУРНИ И Т.Н. АКО НЕМА ТАКВАНАЦИОНАЛНА БАЗА, ПАРТИИТЕ СЕ ШТЕТНИ ЗА ОПШТЕСТВОТО. СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА,ВЛАДЕЈАЧКИТЕ ОД 1991 Г. ДО ДЕНЕС СДС И ДПМНЕ БЕА ШТЕТНИ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НАМАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВА И ИЗВРШИЈА КОНТИНУИРАНО ПРЕДАВСТВО ВРЗ НИВ.ЗАТОА И НИТУ ЕДНА ОД НИВ НЕ СМЕНИ НИТУ ЕДЕН КЛУЧЕН АКТ НА СВОЈАТА ПРЕТХОДНИЧКАВО ОДНОС НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СЕ УШТЕ НЕ МОЖЕ ДАСФАТИ ДЕКА НЕЗАВИСНО ОД ЗЛОБАТА МЕЃУ НИВ, РАКОВОДСТВАТА НА СДС И ДПМНЕ СЕ ИСТИПО ЦЕЛИ, ПО УПРАВУВАЊЕ, ПО ПАРТИСКА СТРУКТУРА, ПО УЛИЗУВАЧКА НАДВОРЕШНАПОЛИТИКА.Кон прокламираната од ДПМНЕ конвенција „новаера“ може само да се додаде: „безМакедонија“. Затоа што, постоењето на Македонија е поврзано со оневозможување нафедерализација и кантонизација (закон за јазици), со неменување на македонското име, соанулирање на капитулантскиот договор со Бугарија, со оневозможување градење на емигрантскикампови во Источна Македонија. За тие работи во „новата ера“ на Груевски нема зборови. Таму сезборува за економија, екологија и т.н. бла-бла приказни. Ако и досега економијата беше приоритет,зошто во последните 10 години околу 300000 Македонци ја напуштија Македонија? Зошто околу 60000 зедоа бугарски пасоши, а 53 000 чекат да ги добијат? Тие факти ја покажуваат катастрофата ина економски план. ДПМНЕ само наводно е македонска партија. Инаку нема Коце Трајановски даветува дека ако стане градоначалник на 811-илјадното Скопје, негов заменик ќе биде Албанец. Амимного кратното додворување на Груевски на Албанците (најновото на Алсат), дека ДПМНЕ подобро изаконски ќе го спроведел законот за јазици, во споретба со СДС. Демек ќе направи поисправнопредавништво, кое би било прифатено од Уставниот суд.СЕТО ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СДС И ДПМНЕ СЕ КОНКУРИРААТ ВО СВОЕТО ПРЕДАВНИШТВО.НАМЕСТО ГРУЕВСКИ ДА СЕ БОРИ ДА ДОБИЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКА ПОТКРЕПА, ТОЈ И ЗАЕВ
-
БАРАТ АЛБАНСКА. ЗАТОА ШТО ПОЗАДИ АЛБАНЦИТЕ СЕ САД, А ЗАЕВ И ГРУЕВСКИ СЕ НИВНИМАРИОНЕТИ.Денешниот закон за јазици го почна ДПМНЕ уште во 2008 г., кога имаше целосно мнозинство од 63пратеници, го надгради во 2011 кога имаше влада. Денешниот албански претседател на Собранието,терористот Џафери беше министер за одбрана во владата на ДПМНЕ. Лажниот патриотизам е и кајпратените дипломати во светот од ДПМНЕ. Невидениот скандал во Торонто на празникот намакедонската независност го направи конзулката Александра Стојкова, која брутално го спречиговорот на претседателот на „Обединети Македонци“ Мендо Бакаловски. Затоа што тој зборува замакедонската агонија. Кога бев минатата година во Торонто, тамошната македонска дијаспора сежалеше од таа фаца, која не ги примала нивните документи за македонско државјанство. Амииспратениот амбасадор од ДПМНЕ и „фикусот“ Иванов во Бразил Ивица Боцевски, нели се фалешедека најголемо негово достигнување како вицепремиер на владата на ДПМНЕ било признавањетона Косово. Во листите за градоначалници на ДПМНЕ и за советници во Скопје има не само многулигуши, но и директни македонски предавници. Кој ги е ставил таму, нека си гласа за нив.ОДАМНА СДС И ДПМНЕ СЕ „УМРЕНИ“ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (ЗА НИВ ТОЈНЕ Е НАРОД, ТУКУ „ГРАЃАНИ“, ЗАТОА ДПМНЕ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ПРАВИ „ГРАГАНСКА ДЕСНИЦА“),И МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.Во спомнатата 1905 г. капитулантската и предавничка политика на попот Гапон еразоткриена и почнува првата Руска револуција. Таква народна револуција е веќе на хоризонтот.Иако тешко, се раѓа МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, со неколку главни и неминливипо никоја цена приоритети:Прво, МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ, Т.Е. ЗА СИТЕ КОИ НЕЗАВИСНО ОД ПОТЕКЛО ИРЕЛИГИЈА ПРИФАЌААТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА.Второ, ДЕФИНИТИВЕН ОТКАЗ ОД НАТО И ЕУ И ОБЈАВУВАЊЕ НА НЕУТРАЛИТЕТ, СО ПОДРШКАНА ДРЖАВИТЕ ОД БРИКС ПРЕКУ ПОТПИШУВАЊЕ НА СТРАТЕШКИ ДОГОВОРИ.Трето, ЗАБРАНА НА ПАРТИИ, ЗДРУЖЕНИЈА И ОРГАНИЗАЦИИ, КОИ СЕ ФИНАНСИРААТ ОДЗАПАДНИ ЦЕНТРИ НА МОЌ СО ЦЕЛ РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, НЕГИРАЊЕНА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ЈАЗИК И КУЛТУРА.Четврто, ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ И ЕКОНОМСКИ ПРОЦЕСИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 27ГОДИНИ И СТРОГИ КАЗНИ ЗА КРИМИНАЛОТ И ДРЖАВНИТЕ ПРЕДАВСТВАПетто, НОВ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСНОВАН ЦЕЛОСНО ВРЗ МАКЕДОНСКИТЕИНТЕРЕСИ И АНУЛИРАЊЕ НА СИТЕ ШТЕТНИ ОДРЕДБИ.Шесто, ВОСПОСТАВАЊЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНСКИТЕ СОСЕДИ, ВКЛУЧИТЕЛНО ПРИОД КОНМАЛЦИНСТВАТА, НА ЦЕЛОСНО РЕЦИПРОЦИТЕТЕН ПРИНЦИП.Седмо, АНУЛИРАЊЕ НА СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ ОД 1991 Г. КОИ СЕ ШТЕТНИ ЗАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.П.С. Доказите дека Македонија е окупирана држава се селојдневни. Саботсѕс претшладне моето интервју давано за австрслискоторадио во Перт, давано телефонски, беше прекинувано18 пати. Но вистината за Македонија и нејзините предавници не може да биде замолчена.
Previous Post: С. КОРЕА – ХАВАИ – МУРТИНО
Next Post: ЦУЦУЛОВСКИ