КОГА ЌЕ СЕ ПОВАМПИРИ МАКЕДОНСКИОТ ГЕН ?
Македонските непријатели од надвор и од внатре секогаш се обидувале да го уништат македонскиот генетски код преку менување на неговата суштина. За таа цел се пробани сите
потфати – уцени, притисоци од секаков вид, маштабен холокауст. Но истовремено и лажни ветувања, интриги, поткупи.
Во сите историски периоди до денес на удар била македонската меморија и историја.
Со спомнатите потфати се правени обиди за фалсификување на историската меморија на македонскиот народ, а потоа тие лаги биле наметнувани како официјална историја.
На пример, при окупациите на Македонија од страна на бугарската екзархија и на бугарската, грчката и српската држава, Македонците се идентификувани како Бугари, Грци, Срби во нивните државни документи, а денес тоа се смета како „историски“ доказ дека Македонците биле соодветно Бугари, Грци или Срби.
МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИСКА НАУКА МОЖЕЛА ДА ГО РЕШИ ОВА ПРАШАЊЕ
ЕДНОСТАВНО УШТЕ ВО 1944 ГОДИНА И ОФИЦИЈАЛНО ДА ГИ ОБЈАВИ СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ОКУПАТОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА (СО ФАЛСИФИКУВАНАТА ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ) ЗА НЕВАЖЕЧКИ.
ТАКА, КАКО ШТО ТРЕБА, ЕДНА ВИСТИНСКА МАКЕДОНСКА ВЛАДА ВО
ИДНИНА МОРА ЕДНОСТАВНО ДА ГИ СУСПЕНДИРА СИТЕ ШТЕТНИ ДОГОВОРИ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ВО ИЗМИНАТИТЕ ДЕЦЕНИИ.
НАМЕСТО ТОА, ВО ВРЕМЕТО НА СФРЈ РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, КАКО И МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ СЕ ЗАМАРАЛЕ И ВЛЕГУВАЛЕ ВО ГЛУПИ ДИСКУСИИ СО
БУГАРСКИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ И БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ.
ПРИМЕР ЗА ТОА СЕ СТЕНОГРАМИТЕ НА КРСТЕ ЦРВЕНКОВСКИ СО ТОДОР ЖИВКОВ И ДРУГИТЕ БУГАРСКИ
ФУНКЦИОНЕРИ, А СÈ ВО ИМЕ НА ИДЕОЛОШКОТО КОМУНИСТИЧКО ЕДИНСТВО. ДЕНЕС ПАК ТАА МАКЕДОНСКА КАПИТУЛАЦИЈА СЕ АРГУМЕНТИРА СО НЕКАКВО ИМАГИНЕРНО ДОБРОСОСЕДСТВО.
НИТУ ЕДНА НОРМАЛНА ДРЖАВА НЕ МОЖЕ ДА ПРИФАТИ ЗАЕДНИЧКИ КОМИСИИ ПО ИСТОРИЈА СО НЕКОЈА СОСЕДСКА ОКУПАТОРСКА ЗЕМЈА. НИКОЈ НОРМАЛЕН ДРЖАВНИК НЕМА ДА ПРИФАТИ ПОТПИШУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА „ДОБРОСОСЕДСТВО И
ПРИЈАТЕЛСТВО“ СО АКТУЕЛНИ ОКУПАТОРИ НА МАКЕДОНИЈА. АКТУЕЛНИ ОКУПАТОРИ, ЗАТОА ШТО И ДО ДЕНЕС ГРЦИЈА ЈА ВЛАДЕЕ ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА, А БУГАРИЈА
ГОСПОДАРУВА ВРЗ ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА. ПРИТОА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВНИ
ИДИОТИ НЕ САМО ШТО ПОТПИШУВААТ ДОГОВОРИ СО ОКУПАТОРИТЕ, АМИ ГО УНИШТИЈА И ОНОЈ МАЛ ОСТАНАТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ МЕНУВАЊЕ НА ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ИСТОРИЈА.
НО, ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ КОГА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ
ПРЕДАВНИЦИ, СЕ ПРАВДАМЕ ЛИ И СИТЕ НИЕ.
НЕ ГО ПРИФАЌАМ СТАВОТ: ПОЛИТИЧАРИ И ДРЖАВНИЦИ ПРЕДАВНИЦИ, ТУКУ ПАТРИОТСКИ НАРОД. ТИЕ ПРЕДАВНИЦИ СЕ ДЕЛ ОД
НАС И АКО НЕ УПРАВУВААТ, ВИНАТА Е ЦЕЛОСНО НАША. МИЛИОН И КУСУР МАКЕДОНЦИ ГЛЕДАТ КАКО НЕКОЛКУ ДЕСЕТИЦИ МУЛТИМИЛИОНЕРИ ГИ КРАДАТ ТРИ ДЕЦЕНИИ И НИКОМУ НИШТО. МИЛИОН И КУСУР МАКЕДОНЦИ ГЛЕДАТ КАКО НЕКОЛКУ СТОТИНИ ПРЕДАВНИЦИ УНИШТУВААТ СÈ МАКЕДОНСКО И НИКОМУ НИШТО. АМА ТИЕ ИМАЛЕ
НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ПОЛИЦАЈЦИ ШТО ГИ ЧУВААТ. А ТИЕ ПОЛИЦАЈЦИ ДА НЕ СЕ ПАДНАТИ ОД МАРС, ТА НЕЛИ СЕ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
ИЛИ ПАК ДРУГАТА ПРИКАЗНА:
КОМУЊАРИТЕ НАПРАВИЛЕ ТОА И ТОА. ЈАС ПАК НЕ ГЛЕДАМ ПАТРИОТИ КОИ САКААТ ДА ГО СПРЕЧАТ ТОА ШТО ГО ПРАВАТ „КОМУЊАРИТЕ“.
КАКО И ДА СЕ ПРАВДАМЕ, ВО ИЗМИНАТИТЕ ДЕЦЕНИИ НИЕ СИТЕ СМЕ ВО ПРЕДАВНИЧКИОТ ТАБОР ВО ОДНОС НА НАШИТЕ ИСТОРИСКИ ХЕРОИ, И ВО ОДНОС НА НАШАТА ИСТОРИЈА.
НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ИМАМЕ ДОЛГА, ДРАМАТИЧНА И СЛАВНА ИСТОРИЈА, АМА НЕМАМЕ ДОСТОЈНИ ЗА НЕА ИСТОРИЧАРИ. БАРЕМ ИСТОРИЧАРИ, АКО НЕМАМЕ ПОЛИТИЧАРИ И ДРЖАВНИЦИ.
НОРМАЛЕН ИСТОРИЧАР НЕМА НИКОГАШ ДА СТАНЕ ПОЛИТИЧКА ПОДЛОГА. ПРИТОА НЕ СТАНУВА ЗБОР ДА ЈА ПОНИЖИШ АНТИЧКАТА
МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА ЗАРАДИ БРАТСТВОТО И ЕДИНСТВОТО ВО СФРЈ, ИЛИ ПАК ДА ГО НЕГИРАШ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЗА СМЕТКА НА ТИТО. СТАНУВА ЗБОР ДА СЕ ОТКАЖЕШ ОД
ЦЕЛАТА АНТИЧКА И ОД ЦЕЛАТА СРЕДНОВЕКОВНА ИСТОРИЈА, КАКО И ОД МАКЕДОНСКАТА ПРЕРОДБА И ПОЧЕТОК НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА ДА ТИ СТАНЕ 1944 Г.
ТОА НЕ Е ИСТОРИЧАР, А И НЕПИСМЕН ЧОВЕК СО ГРАМ МОЗОК НЕМА ДА ГО
ПРИФАТИ ТОА.
САМО ШТО „МАКЕДОНСКИ“ ИСТОРИЧАРИ ОДАТ НА „БАЦИ РАКА“ НА БУГАРСКИОТ ФАШИЗАМ. ДЕНЕС ТОЈ ФАШИЗАМ САКА ДА ЈА ПРЕНАПИШЕ НЕ САМО МАКЕДОНСКАТА, ТУКУ И СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА.
ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНОВИ БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ (ЛИКА-ПРИЛИКА СО СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИОТ ДИМИТРОВ) ИЗЈАВИ ДЕКА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ НЕ ЈА ОСЛОБОДИЛ ЕВРОПА ОД ФАШИЗМОТ, АМИ ЈА ЗАРОБИЛ.
ЗОШТО ЗА БУГАРИТЕ ФАШИЗМОТ Е УБАВА РАБОТА? ЗАТОА ШТО ХИТЛЕР ИМ ЈА ДАДЕ НА ТАЦНА МАКЕДОНИЈА И ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА. ЗАТОА ШТО БУГАРИТЕ КАКО ПРОСЈАЦИ СЕКОГАШ СЕ УМИЛКУВАЛЕ КАЈ ГОЛЕМИТЕ СИЛИ ДА ИМ ФРЛАТ ПО НЕКОЕ ПАРЧЕ.
СЕ ЗНАЕ ЛИ ТОА ОД „МАКЕДОНСКИТЕ“ ИСТОРИЧАРИ?
СЕКАКО! УШТЕ ПОВЕЌЕ ЧЛЕНОТ НА КОМИСИЈАТА ОД МАКЕДОНСКА СТРАНА ВАНЧО ГЕОРГИЕВ ИЗЈАВИ ДЕКА УШТЕ НА ПРВАТА СРЕДБА БУГАРСКИТЕ „ИСТОРИЧАРИ“ ИМ ДАЛЕ УЛТИМАТУМ ЗА ДЕЛЧЕВ И ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ. НАМЕСТО ВЕДНАШ ДА ГИ ПРЕКИНАТ РАЗГОВОРИТЕ, ДА СЕ ВРАТАТ ВО МАКЕДОНИЈА И ДА НАПРАВАТ МЕЃУНАРОДЕН СКАНДАЛ, НАШИТЕ
СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ ВЕЌЕ ВТОРА ГОДИНА ПРИФАЌААТ КАКО ПОПЧИЊА СЕ ШТО ЌЕ ИМ НАРЕДАТ БУГАРСКИТЕ ГАЗДИ.
ЗОШТО? ВЕРОЈАТНО, ЗАТОА ШТО „ГОСПОД (ИСУС) Е БУГАРИН“ КАКО ШТО ТВРДАТ БУГАРСКИ ИСТОРИЧАРИ. ПРЕД ДВА ДЕНА ЕДНА „НАУЧНА“
БУГАРСКА ГУСКА ПАК ИЗЈАВИ ДЕКА ПУТИН ИМАЛ БУГАРСКИ КОРЕНИ.
ДА СЕ ДИСКУТИРА ШТО И ДА БИЛО СО ТАКВИ ФАШИСТИЧКИ НЕПИСМЕЊАЦИ ЗНАЧИ ИЗЕДНАЧУВАЊЕ СО НИВ.
КОГА ПАК СТАНУВА ЗБОР ЗА НАВОДНИ ДИСКУСИИ ПРЕКУ КОИ СЕ КРАДЕ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ТОА Е ВЕЛЕПРЕДАВСТВО НА N-ТА
СТЕПЕН. СО КОЈ УМ И ПАМЕТ МАКЕДОНСКИ ИСТОРИЧАРИ МОЖАТ ДА ДИСКУТИРАТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СО ЛУЃЕ КОИ НИТУ ЗНААТ ШТО ЗНАЧИ ЗБОРОТ „БУГАРИ“,
НИТУ ПАК ОД КАДЕ СЕ ДОЈДЕНИ? МАКЕДОНИЈА БИЛА ГЕОГРАФСКИ ПОИМ. САМО ШТО ПОЗАДИ СЕКОЈ ГЕОГРАФСКИ ПОИМ (НА ПРИМЕР МИЗИЈА, ТРАКИЈА, ДАКИЈА, ИЛИРИЈА И Т.Н. ИМА ЕТНОСИ ОД КОИ ПРОИЗЛЕГУВА ТОЈ ПОИМ. ПОЗАДИ МАКЕДОНИЈА ИМА МАКЕДОНЦИ. ЗАШТО НЕМА ГЕОГРАФСКИ ПОИМ БУГАРИЈА? ЗАТОА ШТО БУГАРИ НЕ
ПОСТОЈАТ КАКО ЕТНОС. БУГАРИЈА Е ПОЛИТИЧКИ ПОИМ ВО КОЈ ПОСТОИ МЕШАВИНА ОД ЕТНОСИ. ТОГАШ КОЈ ИМА ИДЕНТИТЕТ, А КОЈ НЕМА ИДЕНТИТЕТ?
ЗА ЖАЛ, МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИСКА НАУКА (КАКО И ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА) Е ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА. ВЕЌЕ КАЖАВ ЕДНАШ: ПРЕДАВНИК ДО ПРЕДАВНИК, ОВЦА ДО ОВЦА.
ЗАТОА И НА МЕЃУНАРОДНИ ФОРУМИ ЧЕКАМЕ И ОДИМЕ ДО ТАМУ ХРВАТИ,
ПОЛЈАЦИ, РУСИ ДА НЕ БРАНАТ ОД АГРЕСИЈАТА НА БУГАРСКИ И ГРЧКИ „ИСТОРИЧАРИ“.
КОЛКУ Е ВЕЛИЧЕСТВЕНА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ТОЛКУ СМЕ МИЗЕРНИ НИЕ КАКО НАСЛЕДНИЦИ НА НАШИТЕ ПРЕТЦИ.
Стефан Влахов-Мицов
11.09.19