МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСЛУЖУВА И ПОЛИТИЧКА КАСТА
И ТАКВА СУДБИНА
АКО ПЕНДАРОВСКИ СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“, ЌЕ БИДЕ ДОКАЖАНО НЕГОВОТО ТВРДЕЊЕ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е „СТОКА“ СО КОЈА СЕКОЈ МОЖЕ ДА ПРАВИ ШТО САКА.
АКО СИЛЈАНОВСКА СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ БИДЕ ДОКАЖАНО ИСТОТО, ИАКО БЕЗ ГОРНИТЕ ЗБОРОВИ, ЗАТОА ШТО СОРОСОИДСТВОТО ЗНАЧИ АНТИМАКЕДОНИЗАМ. НЕЈЗИНАТА ИЗЈАВА ДЕКА ТАРЧУЛОВСКИ Е ВОЕН ЗЛОСТОРНИК ЗНАЧИ ПОТКРЕПА НА ТЕРОРИСТИЧКАТА ВОЈНА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ОД 2001.
ПРИТОА, И ПЕНДАРОВСКИ И СИЛЈАНОВСКА СЕ ЗА ФАШИСТИЧКИТЕ САД, НАТО И ЕУ, КАДЕ ШТО ЌЕ ОДИМЕ „ЗАЕДНО НАПРЕД“ СПОРЕД ПЕНДАРОВСКИ, ИЛИ ЌЕ БАРАМЕ „ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА“ СПОРЕД СЛОГАНОТ НА КАМПАЊАТА НА СИЛЈАНОВСКА?
ЛАГА ДО ЛАГА, ЧИИ КРЕАТОРИ СЕ СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ. ЗА АЛБАНЦИТЕ НЕ ЗБОРУВАМ, ЗАТОА ШТО ТИЕ ОТВОРЕНО САКААТ ГОЛЕМА АЛБАНИЈА. СПРОТИВНО НА НИВ, СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ ГОЛЕМИ И МАЛИ ПРАКТИЧНО НЕ САКААТ НИТУ МАКЕДОНСКО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ, НИТУ МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА, ЈАЗИК И КУЛТУРА, НИТУ МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сакаат само да крадат во континуитет, како што тоа го прават веќе три децении. Според најнови информации, украденото од Македонија за тоа време, не е како што се мислеше досега 15, туку 50 милијарди евра. Тие информации се од западни извори кои не ги оспоруваат кражбите. Три децении Мурто и Курто се менуваат на власт, ја грабат македонската „стока“ и ја уништуваат македонската држава. Преку партии, преку државни институции, преку невладини организации, преку медиуми, преку пропагандни кампањи. Кампањта за претседател одвај почна и медиумските слуги на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе се на партискиот браник.
ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ ОД 30 СЕПТЕМВРИ КАЖАВ НЕШТО И СЕГА ЌЕ ГО ПОВТОРАМ. ОБРАТЕТЕ ВНИМАНИЕ КОЈ НАВИВА ЗА КАНДИДАТИТЕ. ДАЛИ ТОА СЕ ПАТРИОТИ ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА ИЛИ ПАРТИСКИ ФАЦИ КОИ СТЕКНАЛЕ ПАРИ И КАРИЕРИ ВО ВРЕМЕТО НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ. ДАЛИ ТИЕ ПАРТИСКИ ФАЦИ СЕ ИЗЈАСНИЛЕ БАРЕМ ЕДНАШ ПРОТИВ САД, НАТО И ЕУ ИЛИ БАРААТ БЕНЕФИЦИИ ЗА СВОЈОТ ЏЕБ ПОДРЖУВАЈЌИ ГО ТОА. И АКО СЕ СЛУГИ И КРАДЦИ ПО МЕНТАЛИТЕТ, ШТО Е ЗАЕДНИЧКОТО ШТО ГО ИМААТ ТИЕ СО ДЕСЕТИЦИТЕ ИЛЈАДИ НЕВРАБОТЕНИ И СТОТИНИТЕ ИЛЈАДИ СИРОМАШНИ МАКЕДОНЦИ. ЗАЕДНИЧКОТО СЕ САМО ИЗБОРИТЕ КОИ ЈА ЛЕГИТИМИРААТ ГОСПОДАРСКАТА СОСТОЈБА НА ЕДНИТЕ И РОПСКАТА ПОЛОЖБА НА ДРУГИТЕ.
Во цела Источна Европа и на Балканот политичките касти по 1990 г. го украдоа трудот на своите народи од претходните четри децении. Станаа мултимилионери на нивна сметка. НО ЕДИНСТВЕНО ВО МАКЕДОНИЈА ПОЛИТИЧКАТА КАСТА НЕ СЕ ЗАДОВОЛИ СО КРАДЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ТАА ЗА ПАРИ ГО ПРОДАДЕ И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Ѝ СТАВИ КРСТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. ТАА КАСТА ГИ НАПРАВИ МАКЕДОНЦИТЕ РОБОВИ ВО СВОЈАТА СОПСТВЕНА ДРЖАВА. НИ ГИ ОДЗЕДЕ НАШИТЕ ПРАВА И НАШАТА ЗЕМЈА, А НИЕ НАВИСТИНА СЕ ДРЖИМЕ КАКО „СТОКА“.
Со исклучок на антифашистичката борба, македонскиот народ секогаш бил предаван од своите „елити“. Затоа што не ги бирал, туку дозволувал да му се наметнат и да го управуваат во негово име и за свој личен интерес. Но и народот е виновен, затоа што прифаќал со акламации тоа што му се наметнува. Ги славеше Киро, Љупчо, Бранко, а потоа ги плукаше. Ги славеше Трајковски, Груевски, Иванов, а сега не сака да ги види. Сега ги слави Заев и Мицкоски. Повторно до безумие.
Ние Македонците, ако бевме паметни можевме да имаме своја држава уште во 19-от век. Истовремено со Србија и пред Бугарија и Грција. Документите го покажуваат тоа, ама нашите историчари и во минатото и денес се продаваат за ситни пари и молчат како копуци. Друга шанса да имаме автономна држава е во почетокот на 20-от век. Денес наводни историчари тврдат дека Русија била против автономија на Македонија. Но еве што пишува рускиот министер за надворешни работи, гроф Ламздорф за руското противење. Според него, се уште во Македонија „нема македонци, туку конгломерат од народности и Турци“ (Дневник А.Н. Куропаткина, Красниј архив 1922, т.2, с.75-76). На 22 мај 1901, рускиот конзул во Скопје Машков во „Таен извештај“ соопштува: „Ако оваа девиза Македонија за Македонците беше прифатена искрено, навистина добивањето автономија би можело да се смета за најдобро решение на македонското прашање. За жал, оваа девиза е обична дрска бугарска мистификација…при реализација на идејата за автономија, природно, ќе се истакне таканаречената интелигенција, т.е. бугарските учители, младината што поминала низ бугарските училишта и екзархиските попови. Оттука, нема никакви основи да се надеваме дека овие фактори, кои треба да бидат претставници и раководители на автономна Македонија, ќе го соочуваат нејзиниот општословенски, или посебно – македонскиот карактер“. Ете зошто, грофот Ламздорф во октомври 1902 г. се залага пред султан Абдул Хамид II за реформи во Македонија и во својата акција ја убедува Англија и Франција. Во февруари 1903 Русија и Австро-Унгарија ѝ наметнуваат на Османлиската империја план за суштински реформи во Македонија, со учество на Македонците во администрацијата и војската. На тој начин можело да се зацврсти македонската самосвест. Истовремено Русија ги предупредува Бугарија и Србија да не се мешат во македонското прашање. Русија жестоко го осудува и така нареченото Горноџумајско востание организирано од софиските врховисти во 1902. Делчев и Сандански биле во тек со дипломатските напори на Русија, затоа што биле против избрзаното Илинденско востание, чија што идеја била на бугарската влада, кнезот Фердинанд, врховистите во Софија и во Македонија. Македонскиот народ требало да биде поразен, а со тоа и реализацијата на автономна Македонија.
Антимакедонските дејствија на таканаречените македонски лидери (за кои пишува уште тогаш и Мисирков) ја принудило Русија на соработка со Србија и Бугарија на штета на Македонија. Истото го видовме и во изминатите три години кога руските понуди за подршка беа одбиени од наводните патриоти Груевски и Иванов. Слично како пред повеќе од еден век (пред и по 1903, пред и по Балканските и Првата светска војна) македонската политичка каста ги предаде и продаде македонските национални интереси. Затоа и Русија беше една од првите земји кои го признаа идиотизмот „Северна Македонија“. ЕДЕН МНООООГУ ВИСОК РУСКИ ПРЕТСТАВНИК МИ КАЖА: „АКО САМИ САКАТЕ ЦЕЛОСНО ДА СЕ УНИШТИТЕ, ВЕЌЕ И ГОСПОД НЕМА ИНТЕРЕС ДА ВЕ СПАСУВА“.
Во моментов не само ние, Македонците, туку и Србите се однесуваме како „стока“. Тогаш патот е сосема јасен – КОН КЛАНИЦАТА.
Стефан Влахов-Мицов