Вовед:
И покрај тоа што Дудинка е длабоко навредена од ФБ коментарите на ФБ страната на Тони Науновски каде пишува во врска со оваа колумна: “да видиме дали ќе објави Нетпрес (Инфомакс), па ако не ќе ја дадеме на Дудинка”, иако третирани како резерва, втора опција и слично – решивме дека тоа не може да е причина на народот да му се ускрати читање на еден текст кој е политички погчед и документ.
Така да, Дудинка е поголема од понижувањата. Со објавуваењто на текстов од кој СИТЕ СЕ ПЛАШАТ тоа и го докажува.
Поздрав,
Дудинка
—————–
ОПОЗИЦИЈА НА СИНЏИР ДА БИДЕМЕ НА ЧИСТО:
Секогаш размислувам со сопствена глава. Притоа, од позицијата на само една „партија: Македонија. Со нејзиното автентично име/идентитет, народ, јазик, повеќемилениумска историја, култура и традиции. И во индивидуалните односи и во однос на Македонија поаѓам од еден принцип – целосен реципроцитет. Кажано просто: почит за почит, око за око. Не менувам принципи туку само ставови за луѓе кои го менуваат својот однос кон македонските национални интереси. Во 2007 година, при посетата на премиерот Груевски, во македонската амбасада во Софија, му кажав дека секогаш ќе бидам со него во одбраната на МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА. Со еден збор – не бранам личности, туку принципи. Правам строга дистинкција меѓу македонски пријатели и непријатели. Не може да има добрососедство со држави кои украле делови од македонската територија и крадат македонска историја (Бугарија, Грција, Албанија). Македонски непријатели се и тие кои сакаат да ја дораспарчат Македонија и да го уништат македонскиот народ и идентитет (САД и ЕУ). Македонски непријатели се и сите внатрешни предавници и сепаратисти кои го поддржуваат геноцидот врз македонскиот народ. И со едните и со другите и со третите сум спремен да се пресметам на секој можен начин. За вовед толку. Во 1978 г., во разговор со генерал Темпо, на неговите прашања: „Што не е во ред со Југославија?„ и „Што не е во ред со партијата?„, Тито му одговара: „Ја нема веќе Југославија„ и „Ја нема веќе партијата„. Значи, повеке од 10 години пред распаѓањето на Федерацијата, Тито гледал на тоа како на свршен чин. Затоа што КПЈ била веќе табла без содржина, а државните институции амортизирани. Веќе три години, македонската држава е во целосен распад, државните институции се окупирани, а ВМРО-ДПМНЕ е табла без содржина. СДСМ стана таква табла уште во 90-те години на минатиот век. Во споредба со политичарите од лево и оддесно кои го знаат тоа, приврзаниците на двете партии сѐ уште се лажат. Мемориите на тие приврзаници сѐ уште ги идентификуваат таблите со содржината: СДСМ со поранешните комунисти, ВМРО-ДПМНЕ со митологијата од минатото. Меѓутоа, двете табли се полнат со спротивна содржина на насловите. СДСМ се откажува од својата антифашистичка историја и меморија, најавува пријателство со грчките и бугарските окупатори и од спомениците на загинатите антифашисти го брише насловот„бугарски„. Испаѓа дека во периодот 1941-1944 г. Македонија била окупирана од вонземјани, а вонземски биле и куршумите испукани врз 26 000 убиени македонци. ВМРО-ДПМНЕ, пак, претходно се откажа од зборовите на Г. Делчев: „Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припагаат на сите македонци„. И девете политички табли СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од пораките на Крсте Мисирков: „Јас сум Македонец и интересите на мојата татковина ги претставувам вака: Русија и Австро-Унгарија не се непријателите на Македонија туку Бугарија, Грција и Србија. Само енергичната борба со тие три држави ќе ја избави од погубување нашата татковина„. Одамна се знае,дека ако сите соседи се против некој, тој има поголема вредност од нив. Така е и со Катар и со Израел и со Македонија и т.н. Само што не гледаме во Катар и Израел, ниту пак во Северна Кореја спремност за добрососедски договори. Политичките табли СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги туркат не само своите приврзаници туку и целиот македонски народ во устата на волците од САД и ЕУ. Катастрофална улога во тој однос има уште една табла: Претседателство. Луѓето позади тие табли се кријат со иста реторика, не само при залажувањето на народот за „пријателите„ од НАТО и ЕУ. Заев веќе ги користи и зборовите на Груевски: „Нема да дозволам…„, баш кога е со симнати гаќи. Од 2009 г. досега, опозицијата на чело со СДСМ беше на синџирот на меѓународниот неофашизам, кој ја водеше како панаѓурска мечка. Во последните години на синџирот приклучена и ВМРО-ДПМНЕ. Политичките таблаши се изедначија во прифаќањето дека на власт се доаѓа со „поддршка на партнерите од меѓународната заедница„,како што изјави Груевски на Конференцијата на УМС во Охрид. СЕГАШНАТА ОПОЗИЦИЈА ПРАВИ СЕ ЗА ДА МОЖЕ ВЛАДЕЈАЧКИТЕ ПАРТИИ ДА ГИ ПРОТУРКААТ, КАКО КАПИТУЛАНТСКИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА,ТАКА И ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ (ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈАТА) И МЕНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ. Тоа го прави,за да стекне доверба кај неофашизмот и кога сегашната влада ќе се истроши заради предавничките одлуки, ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт. Тогаш, како и во 2006 г., СДСМ ќе биде обвинета. Овојпат, за кантонизацијата на Македонија, но ВМРО-ДПМНЕ нема да преземе ништо. Инаку, уште во 2006 г. ќе ги суспендираше и Законот за територијалната поделба и Рамковниот договор. Со еден збор, политичките табли СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја предаваат штафетата по предавство, но си играат „добар„ и „лош„ полицаец, „вистински„ и „наводни„ патриоти, додека им служат на странските окупатори. Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го објавија договорот со Бугарија кога го видоа на затворената седница? Наместо тоа, сега бараат отворена седница за дискусии, а времето тече. ПРИТОА, УШТЕ ПРЕД ЗАТВОРЕНАТА СЕДНИЦА ТОЈ ИМ Е ПОЗНАТ БАРЕМ ПРЕКУ СТРАНСКИТЕ АМБАСАДИ. СЕКАКО, И ТОЈ ДОГОВОР И ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ И МЕНУВАЊЕТО НА ИМЕТО МОЖАТ ДА БИДАТ СПРЕЧЕНИ ДУРИ САМО ОД ПАРТИЈАТА ВМРО-ДПМНЕ. НО, НЕ ОДЛУЧУВА ПАРТИЈАТА, Т.Е. ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ ПОЛИТИЧКАТА ТАБЛА ВМРО-ДПМНЕ. ТАА ВРХУШКА НЕМА ВРСКА СО СВОЕТО ЧЛЕНСТВО НИТУ КАКО СОЦИЈАЛНА ПОЛОЖБА, НИТУ КАКО ПРИВАТЕН И НАРОДЕН ИНТЕРЕС. ТОА ГО ПРИЗНА НЕ ЕДНАШ И САМИОТ ГРУЕВСКИ ДЕКА ЧЛЕНОВИТЕ БАРАЛЕ РАДИКАЛЕН ОТПОР, ВИЕТНАМСКО СЦЕНАРИО И СЛ., НО ТОА НЕ ОДГОВАРА НА ПАРТИСКИТЕ ФОТЕЛЈАШИ. Целта на двете табли, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, е да си вртат заеднички игри и да ги лажат своите членови за да не бидат симнати. Затоа е заинтересиран и Бејли – шефот на сите владејачки и опозициски политички потрчковци и мочковци во Македонија. Другата општа цел е да не се појави АЛТЕРНАТИВНА МАКЕДОНСКА НАРОДНА СИЛА, КОЈА ЌЕ ГИ ПОГРЕБЕ ТАБЛИТЕ, ИСТОВРЕМЕНО СО НИВНИТЕ НОСИТЕЛИ. За остварувањето на таа цел: Прво, секојдневно, по неколку пати, непознати фаци од ВМРО-ДПМНЕ читат протестни декларации за сѐ и сешто. Преку таа гужва и галиматија се разводнуваат границите мегу битно и небитно и се трга вниманието на македонците од трите катасрофални прашања: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА, ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ, МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО. Второ, за подгревање на народот се создаваат десетици „комитски„ здруженија и се организираат „комитски„ вечери со присуство на Груевски. Наводно, комитски здруженија, а КОМИТИ НЕМА. Во спротивно, немаше потреба Груевски да бара 20 бодигарди од службата за безбедност. Трето, со своите безумни ветувања за македонска унитарност, нација и јазик, Заев сака да скрие дека еден од проекто-кантоните во идна Македонија, со центар Струмица, ќе биде под бугарска контрола. Овој човек го подарува дури своето родно место, а што останува за државата. При доброволното предавање на власта на СДСМ, таблата ВМРО-ДПМНЕ го искористи делумно потфатот на ЦК на ТМОРО од 1901 г. Тогаш Татарчев, И.Х.Николов, Христо Матов ја смислиле Солунската афера и пред да бидат уапсени, ги предале документите и печатот на Организацијата на бугарскиот врховист Гарванов. Апсењето било потребен мотив за создавање на новиот ЦК со Гарванов, а инаку сите излегле од затворот само по една година. Сега таблата ВМРО-ДПМНЕ ја предаде власта, демонстрирајќи спремност за апсење (иако моментално се жалат од тоа) за да ја докажеле својата невиност. Тоа личи на анегдотата во која полицаец не спречил силување, затоа што рацете му биле зафатени – во едната имал пиштол, а во другата бомба. Како резултат на Солунската афера биле уапсени 188 луге, а 101 биле осудени. Како резултат на сегашното предавство, цела Македонија е на смртен одар. ЗАТОА КАЗНАТА И РАСЧИСТУВАЊАТА ЌЕ СЕ ОДВИВААТ ВО СИТЕ ПРАВЦИ.
Ст. В. Мицов