Стефан Влахов Мицов

Стефан Влахов Мицов

.НАМЕСТО ДРЖНАВАТА, ТРЕБАШЕ ДА ГИ ИЗГУБИМЕ НАШИТЕ ИЛУЗИИ

ВО 2018 ГОДИНА ДЕФИНИТИВНО ЈА ИЗГУБИВМЕ МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. ЈА
ИЗГУБИВМЕ, ЗАТОА ШТО НЕ ЈА ЧУВСТВУВАВМЕ КАКО СВОЈА. ЗАТОА ШТО, СЕГАШНИТЕ
ГЕНЕРАЦИИ НЕ СЕ БОРЕА ЗА НЕА, НЕ ЈА ГРАДЕА, ТУКУ ЈА ДОБИЈА НА ТАЦНА. КОГА ЌЕ ДОБИЕШ
ПОДАРОК, НЕ ЈА ЗНАЕШ НЕГОВАТА ВРЕДНОСТ И НЕ ТИ Е МНОГУ ЖАЛ АКО ГО ИЗГУБИШ ИЛИ
АКО ГО ЗАМЕНИШ ЗА ИЛУЗИИ, ЗА ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА.
ОД 1991 Г. ДО ДЕНЕС НИЕ ЈА ГУБЕВМЕ НАШАТА РЕАЛНА ДРЖАВА ЗАРАДИ ИЛУЗИИ,
ПРИТОА ИЛУЗИИ СО АНТИМАКЕДОНСКА СОДРЖИНА. ДА ЈА ЗЕМЕМЕ АНТИМАКЕДОНСКАТА
ИЛУЗИЈА НАТО И ЕУ. Знае ли некој од нивните бројни приврзаници во Македонија каква е
нивната содржина, надвор од пропагандните написи и говорења? Пропагаторите политичари и
новинари добиваат пари за своите лаги, но народот зошто ги слуша?
НАРОДОТ ГИ СЛУША ЛАГИТЕ, ЗАТОА ШТО САКА ДА ЖИВЕЕ ВО ИЛУЗИИ, ВО ДРУГА
ПОУБАВА РЕАЛНОСТ. КРАТКО КАЖАНО – ВО ЛАГА. Во вистинската реалност е потребна борба и
за сопствената егсистенција и за државата. Но таа борба бара жтрви, а ние како ГМО на
„демократијата“ во изминатите три децении, не сакаме да даваме жртви. Ние сакаме да
бидеме итромани по теркот на Итар Пејо. Само што не сфаќаме дека случките со Итар Пејо се
само приказни, создадени од нашите претходници, кои исто така сакале да бидат итромани.
ОТТУКА И ЦЕЛОСНАТА ВЕРИГА: ПАРТИСКИТЕ РАКОВОДСТВА НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ
САКАА ДА ИТРОМАНУВААТ ИСТОВРЕМЕНО СО САД И ЕУ, А И СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
НАРОДОТ ПАК ИТРОМАНУВАШЕ СО ПАРТИИТЕ, СЕ ЗАЧЛЕНУВАШЕ, ГИ МЕНУВАШЕ ЗА
ВРАБОТУВАЊЕ И ЕГЗИСТЕНЦИЈА. Затоа и државната администрација надмина 200 илјади
вработени. Затоа кога Груевски владееше, собираше по 100 илјади на плоштад, а кога падна од
власт не можеше да собере ни 100 луѓе.
ПО 30 ГОДИНИ НАРОДОТ РАЗБИРА ДЕКА САД, НАТО И ЕУ СЕ ОКУПАТОРИ И ДЕКА
МОМЕНТАЛНО ВО МАКЕДОНИЈА ВЛАДЕЕ ФАШИСТИЧКА ХУНТА. НО ПРОДОЛЖУВА ДА ЖИВЕЕ
ВО ИЛУЗОРНА, ПАРАЛЕЛНА РЕАЛНОСТ.
Две години приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се залажуваа со глупостите на Груевски за
боксери, рунди и чекаа да се пројави како Тајсон. Денес тие се залажуваат со глупостите на
Мицкоски за црнила, искри и победа на претседателските избори.
Приврзаниците на Заев се залажуваат со добивање на лична егсистенција, независно
од уништувањето на државата. Тоа е апсурд, но само за нормални луѓе.
Некои македонски патриоти пак се залажуваат дека Иванов ќе направи нешто за спас
на државата и не гледаат дека тој само чека безбедно да му заврши мандатот.
По старата македонска традиција пак многу Македонци се иселуваат со илузијата дека
надвор ги чека мед и млеко.
ЗОШТО СЕ ТИЕ ИЛУЗИИ? ОД ЕДНА СТРАНА ЗАРАДИ ГЛУПОСТ, ОД ДРУГА ЗАРАДИ ЖЕЛБА
ЗА РЕАЛНО (ПРЕКУ ИСЕЛУВАЊЕ) И ВИРТУЕЛНО БЕГСТВО ОД РЕАЛНОСТА. НО ВО ЖЕЛБАТА ЗА
БЕГСТВО ОД ЕДНИОТ И ДРУГИОТ ВИД ПОСТОИ СТРАВ ОД СООЧУВАЊЕ СО НАДВОРЕШНИТЕ И
ВНАТРЕШНИ НЕПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА И БОРБАТА СО НИВ.
Моментално ние сме во ситуација на „дисиденство“ како во Источна Европа во 70-80-
те години на минатиот век. Во речниците „дисидент“ значи критичар на даден режим, но не
реален борец против таков режим. Уште полошо е тоа што во време кога ја губиме државата
македонските дисиденти се бројат на прсти. Ги нема во ниту еден медиум (со исклучок на
Дудинка), во ниту еден весник. ЦЕЛОСНА ОКУПАЦИЈА И САМООКУПАЦИЈА КАКВА ШТО
НЕМАШЕ ВО НИТУ ЕДНА ЗЕМЈА ОД НЕКОГАШНИОТ ИСТОЧЕН БЛОК, ВКЛУЧИТЕЛНО И
СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ.
ДА ЗАКЛУЧИМЕ:
Прво, илузија е дека Иванов во идните неколку месеци ќе го направи тоа што не го
направи 10 години. На 28 декември пред Собранието пак ќе се слушнат неговите „офкања“ за
државата. И никому ништо.
Второ, илузија е дека Заев ќе „се опамети“ како што очекуваат тие, кои живеат во
паралелна реалност.
Трето, илузија е дека Мицкоски ќе отиде подалеку од повиците за телевизиски „дуели“
во стилот на Љубчо Георгиевски.
Четврто, илузија е да се мисли дека ВМРО-ДПМНЕ (или која било друга партија) може
да биде алтернатива за спас на државата.
ВМРО-ДПМНЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ВИСТИНСКА ПАРТИЈА
САМО АКО БИДЕ ЗАБРАНЕТА. ТОГАШ И МИЦКОСКИ ЗАЕДНО СО ЦЕЛИОТ ИЗВРШЕН И
ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ ЌЕ ЈА НАПУШТАТ, ИСТО ТАКА КАКО И СИТЕ РЕГИОНАЛНИ И МЕСНИ
ФУНКЦИОНЕРИ. СО ЕДЕН ЗБОР, СИТЕ КОИ ДОШЛЕ ВО НЕА ДА ПРАВАТ КАРИЕРА И ПАРИ. ТОГАШ
ВО ТАА ПАРТИЈА ЌЕ ОСТАНАТ 1000, А МОЖЕБИ И 500 ДУРИ ПОМАЛКУ ЛУЃЕ. НО ТИЕ ЛУЃЕ ЌЕ
СТАНАТ ЈАДРО НА ПАРТИЈА ЗА МЕНУВАЊЕ НА ЦЕЛИОТ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ.
Пето, илузија е да се мисли дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претседателските избори.
Тоа нема да се случи независно од квалитетите на кандидатот. Заев, Албанците и странскиот
агресор ќе обезбедат победа на нивниот кандидат, а со своето учество во изборите, ВМРО-
ДПМНЕ само ќе му даде легитимност.
Шесто, ЗА ЖАЛ ОВОЈ ПАТ И БОЈКОТОТ НЕ ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ. При успешен бојкот
нелигитимниот Џафери ќе биде привремен претседател. Што ќе потпишува во тој период не е
толку важно. Но ќе мора да има повторни избори, а дотогаш цензусот ќе биде симнат на 30 %
(пак ќе се прекршат законите и роковите и толку). Значи и тука нема добаро излезно решение.
Седмо, илузија е дека ако има истовремено претседателски и парламентарни избори
ВМРО-ДПМНЕ може да ги добие. Ниту Хунтата, ниту надворешниот агресор ќе го дозволи тоа.
Осмо, илузија е дека ако се соберат потписи за повторен референдум за зачувување на
македонското име, дека тој ќе успее. Пример – 2004 година. Македонскиот менталитет е за
тивко бојкотирање, а не јавно да ја манифестира позицијата. Уште повеќе, кога за тоа се
потребни 900 илјади гласа.
СЕ ЗНАЕ ДЕКА РУСИЈА Е ПРОТИВ ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО. ЗАРАДИ
УСЛОВОТ ЗА ТОА ЧЛЕНСТВО МАКЕДОНИЈА ДА ГИ СМЕНИ СВОЕТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ, РУСИЈА
НИ ДАВА ПОТКРЕПА ЗА ИМЕТО. ЗАРАДИ НАШАТА ГЛУПОСТ НИЕ ТАА ПОДРШКА МОЖЕМЕ ДА ЈА
ИЗГУБИМЕ, КАКО МНОГУ ПАТИ ВО ИСТОРИЈАТА. ХУНТАТА ЌЕ ГО РЕАЛИЗИРА СЦЕНАРИОТО ЗА
МЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ ВО УСТАВОТ, А ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ
МОЖЕ ДА НЕ ГО РАТИФИКУВА. ТОГАШ НЕМА НАТО (КОЕ Е ОДЛИЧНО), НО РУСИЈА НЕМА ДА МРДНЕ СО ПРСТ ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ООН ЗА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ. РУСКО ВЕТО
МОЖЕ ДА ИМА САМО ПРИ ГРЧКА РАТИФИКАЦИЈА. АКО РУСИЈА СЕ ДОГОВОРИ СО ГРЦИЈА, НИЕ
ЌЕ БИДЕМЕ ВО ИСТАТА ПОЛОЖБА КАКО ОД ПРЕД ЕДЕН ВЕК, КОГА БЕВМЕ РАСПАРЧЕНИ ЗАРАДИ
ИДИОТИЗМОТ ДА ГЛЕДАМЕ КОН СОФИЈА И ЗАПАДОТ, НАМЕСТО КОН МОСКВА И НЕ ГО
БРАНЕВМЕ КАКО И ДЕНЕС МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ.
СПАСОТ НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ДОЈДЕ САМО ОД НАДВОР (СИМБОЛИЧНО ОД
ГОСПОД), НО ТОА ЌЕ БИДЕ ГОЛЕМ СРАМ, ЗАТОА ШТО СЕ ПОВТОРУВА ВЕЌЕ ТРИ МИЛЕНИУМИ.
Стефан Влахов-Мицов