КАКО ДА ЈА ГЛЕДАМЕ „ГОЛЕМАТА СЛИКА“?
Намерно ги користам зборовите на Груевски од неговиот разговор со Миленко
Неделковски (тој ми беше пратил порака „најди си некој друг да го навредуваш и да му држиш
предавања по патриотизам и политика и да му одредуваш што треба да прави“) за илустрација
како поранешниот премиер си мислеше дека е највидовит за Македонија, па и за светот. Така
на времето во Бугарија, Тодор Живков зборуваше за „големата вистина“ и за „малата вистина“
и мислеше дека само тој има патентно право врз „големата вистина“. ПРОБЛЕМОТ Е ДЕКА НЕ
САМО ГРУЕВСКИ, ТУКУ И СИТЕ ОСТАНАТИ ПОЛИТИЧАРИ ОД БАЛКАНОТ ГЛЕДАТ НА „ГОЛЕМАТА
СЛИКА“ ПРЕКУ СОПСТВЕНОТО ЕГО И ПРЕКУ СОПСТВЕНИОТ ЛИЧЕН ИНТЕРЕС. КОГА Е ПОТРЕБНО,
ДУРИ ГО ЖРТВУВААТ ЕГОТО, НО НИКОГАШ ЛИЧНИОТ ИНТЕРЕС.
Со своето навремено бегство, Груевски се покажа одличен прагматичар. Иако не го
користеше изразот „математички прецизно“ како Мицкоски, кој пак покажа дека нема врска
со математика. На 5 ноември Груевски доби Одлука на Комисијата за заштита од
дискриминација дека е подолго време дискриминиран од судскиот систем во Македонија.
Целосно исправна одлука, уште повеќе дека судиите го малтретираа и исмејуваа. Во тој случај
тој го жтрвуваше своето его за да добие резултат. На 9 ноември Собранието не му го одзеде
пратеничкиот мандат, но истиот ден го бараа да му дадат решение за одење во затвор.
Независно што пратеник може да оди во затвор САМО ако е осуден на 5 и повеќе години. НО
ГРУЕВСКИ ВЕЌЕ ГО НЕМАШЕ. Со одлуката на Комисијата и пратеничкиот мандат тој може да
добие политички азил ВО СЕКОЈА НОРМАЛНА ДРЖАВА НИЗ СВЕТОТ, А НЕ САМО ВО УНГАРИЈА.
Ако Груевски беше делувал на истиот прагматичен начин за време на наметнатата
политичка криза во Македонија, резултатите ќе беа сосема различни од денешните. Но тој, а и
сите пред него СЕ ПРАГМАТИЧАРИ БЕЗ ДА РИЗИКУВААТ, КАЛКУЛИРААТ ДУРИ И ЗА СЕБЕ ДО
ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ. Зошто например, си ги подигнал парите во Македонија уште во
септември? Затоа што не бил сигурен како ќе заврши референдумот. Ако беше успешен, тогаш
ќе го апсеа уште во почетокот на октомври и мораше да биде спремен за бегство. Зошто не
избега до крајот на октомври? Затоа што чекаше да види дали ќе оди во затвор, а меѓувремено
го чекаше и документот за азил.
Зошто обрнувам толку многу внимание на Груевски? Зашто тој секако не е „големата
слика“, но е делче од неа. Зашто е целосен прагматичар и ладнокрвен како никој друг во
Македонија, иако не ги искористи тие вредности во корист на македонскиот народ и држава.
Бегството на Груевски покажува два цврсти факта:
Прво, Заев и неговата Хунта немаат никаква врска со него.
Второ, Мицкоски е политички патник.
Глупи се тврдењата дека фашистичката Хунта и американската амбасада дејствуваат
како едно цело. Хунтата е марионета на Амбасадата и е во целосна зависност од неа, но Заев
не ја знае американската агенда. Оттука и прашањето, дали Груевски избега со знаење на
Американците. Официјалната маршрута на неговото патување преку Албанија и Црна Гора (и
двете членки на НАТО) наведува на таков заклучок. Тоа значи дека за Американците Мицкоски
е политички патник, а Заев е на цедило. Само што, таа опција го содржи условот Груевски да
остане во Унгарија.
Ако се точни тврдењата дека ГРУЕВСКИ ВЕЌЕ ЈА НАПУШТИЛ УНГАРИЈА И Е НА
ЕВРОАЗИСКА ТЕРИТОРИЈА, работите одат во друг правец. Тогаш неговата реална маршрута е
преку Србија и без знаење на Американците. Фактот дека Албанија и Црна Гора веднаш
официјално ја објавија неговата маршрута низ нивната територија и дури спомнаа разни
унгарски дипломати, раѓа сомнеж. Дипломатите можеби патувале, а Груевски е „поврзан“ со
нив со пропагандна цел дека избегал со американска подршка. А оттука и индиректната
порака кон Заев и Мицкоски. МЕНЕ МИ СЕ ЧИНИ ДЕКА ВЕРЗИЈАТА: АЛБАНИЈА-ЦРНА ГОРА И
НАТАМУ… Е ПРОПАГАНДЕН ФЕЈК.
Кратко кажано, со напуштањето на Македонија, Груевски се враќа (поточно, го враќаат)
на политичката сцена. За почеток, како резервен играч, а понатаму може и како клучен. Тоа е
сосема логично ако се имаат предвид состојбите во Македонија. Одамна сум кажал и напишал
дека со протести од видот какви што ги гледаме веќе ТРИ ДЕЦЕНИИ ништо не се постигнува. Не
само во Македонија, туку и на Балканот. Таму каде што протестите успеале (во Бугарија 1997 и
2013 во Романија), е со поткрепа на надворешни сили. Не е битно колку народ ќе се собере
(минатата година при посетата на Хан излегоа 250 000 Македонци), битни се и други работи.
МАКЕДОНСКАТА ПСИХА Е ТАКВА ШТО НЕ МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ 3-4 ДЕНА НА УЛИЦА ДЕЊЕ И
НОЌЕ. МОЖЕ ДА ГО ИЗДРЖАТ 500 ИЛИ 1000 ЛУЃЕ, НО 50 000 НАПРИМЕР, Е АПСУРД. А СО 500
ИЛИ 1000 ЛУЃЕ НЕ СЕ СИМНУВА ВЛАДА. ТОА ХУНТАТА ОДЛИЧНО ГО ЗНАЕ.
Каде е силата на македонскиот народ? Не во јавните блокади, туку во тивкиот бојкот
или во анонимно дејствување. Затоа и пропадна референдумот. Македонците победија преку
неизлегување – 1 милион и 200 илјади не излегоа. Но тие 1 милион и 200 илјади, иако се
против фашистичката Хунта и за македонското име и идентитет, нема да излезат јавно на
улица. Кој и да ги повика. Кога Груевски беше на власт, без проблем собираше по 100 000 луѓе.
Пред него – и Љубчо Георгиевски. Кога Груевски се самосимна од власт не можеше да собере
ниту 200 луѓе. Е тоа е македонска психологија.
Со еден збор, македонската Хунта може да биде симната само со зафати, кои држат
сметка за македонската психа. НИЕ ЌЕ УСПЕЕМЕ КОГА ЌЕ ГИ ТРАНСФОРМИРАМЕ СВОИТЕ
ИНДИВИДУАЛНИ ИЛИ НАЦИОНАЛНИ НЕГАТИВИ ВО ПОЗИТИВИ. Ќе дадам еден пример. Кажав дека протести од по 2 часа не носат целосен резултат. Но може да носат добар резултат, дури
ако на нив зборуваат Тодор Петров, Палевски, Грчева. Како? Активистите на „Бојкотирам“ се
следени на социјалните мрежи, како и нивните телефони. Но во голема толпа од неколку
илјади луѓе, во рамките на 2 часа тие можат не само да се поврзат меѓу себе, туку и да си
одржат состанок во движење за идни дејствија. Пред очите на власта и полициските камери.
Затоа што, ниедна полиција не може да знае што зборуваат „обичните“ граѓани додека шетаат
на улица. А Тодор нека се глупира на бина.
ПРОТЕСТИ ОД ВИДОТ КАКО НА 18 НОЕМВРИ ЌЕ ДОНЕСАТ ЦЕЛОСЕН УСПЕХ КОГА ЌЕ СЕ
ПОВРЗАТ СО УШТЕ ТРИ ФАКТОРИ. ТИЕ МОМЕНТАЛНО НЕ СЕ ПРИСУТНИ, НО ЌЕ ГИ ИМА.
НАСКОРО. ТОГАШ, БЕЗ ДА СФАТАТ ЌЕ ГИ ИЗКОРИСТИМЕ ДУРИ УДБАШИТЕ, КОДОШИТЕ И
ШПИУНИТЕ ЗА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ПОБЕДА. КАКО ШТО ЗАСЛУЖУВААТ.
Стефан Влахов-Мицов