СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ

Зошто се самоубива ВМРО-ДПМНЕ

Денешната состојба во ВМРО-ДПМНЕ наликува на една бугарска анегдота од времето на социјализмот. Имено, била донесена одлука народот да биде обесен и луѓето имале само едно прашање, дали сами да си купат јаже или ке го добијат како поклон?

Во последниве три години ВМРО-ДПМНЕ активно работи на самоуништување, и за жал, тоа не е анегдота. Надвор од своето самоуништување, таа партија индиректно дејствува и за уништување на македонската држава, македонското име, идентитет и севкупно на македонскиот народ.

Во самоуништувањето на ВМРО-ДПМНЕ нема нормална логика. Нема логика да управуваш 11 години, да го направиш Скопје европска метропола, да го потврдиш преку градби и споменици континуитетот на македонскиот идентитет од пред три милениуми. И потоа да го затрупаш сето тоа како да не било.

Членовите на таа партија се нормални луѓе и никој од нив не сака да се самоубие. А уште помалку да биде уништена државата. Не сакаат самоуништување и сите нормални, чесни Македонци.

ЈАЗОТ Е СЕ ПОГОЛЕМ МЕГУ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ТУКАШНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ, КАКО И МЕЃУ ЧЛЕНОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И НЕЈЗИНИТЕ ЛИДЕРИ. Прашањето е зошто тие лидери на чело со Груевски сакат да ја уништат својата партија и преку тоа и македонската држава?

Истото прашање важи и за СДСМ, но, таму работите се јасни. Во изминатите 27 години таа партија никогаш не работела за македонските национални интереси.

Сум слушал многу приказни дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ попуштило и доброволно ја предало власта, затоа што многу украле. Познавам влади кои паднале поради очигледен или наводен криминал, НО, НИКОГАШ ТОА НЕ БИЛО ДОБРОВОЛНО. Точно е дека во последниве шест години, САД директно и преку нивната марионета ЕУ, сакаат да ја уништат Македонија во корист на „Голема Албанија“. Затоа и пред три години организираа вештачка политичка криза.

МЕЃУТОА, ТОГАШ, СЕКОЈА НОРМАЛНА ВЛАДЕАЧКА ПАРТИЈА КОЈА УЖИВА ДОВЕРБА КАЈ НАРОДОТ, НЕЗАВИСНО ДАЛИ И КОЛКУ УКРАЛА, ДАВА ЖЕСТОК ОТПОР. ДУРИ, АКО КРАДЕЛА, ДАВА УШТЕ ПОЖЕСТОК ОТПОР. ВО МИНАТОТО И ДЕНЕС САД УНИШТИЈА МНОГУ СУВЕРЕНИ ДРЖАВИ, НО, ТОА ГО ПРАВЕШЕ ПРЕКУ ПРОВОЦИРАНА ГРАЃАНСКА ВОЈНА ИЛИ ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА. НЕКАДЕ, НА ПРИМЕР, ВО ВЕНЕЦУЕЛА И СИРИЈА, САД НЕ УСПЕАА. Во нашиот случај тоа стана мирно и тивко, ако ги исклучам вербалните закани спрема Груевски и останатите.

Нема друг случај во светот кога една држава упорно се вовлекува кај непријателите кои сакаат да ја уништат. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ како и претседателот Иванов бараат прием во НАТО и ЕУ, иако тие одамна направија планови за распарчување на Македонија.

При нашата средба со Иванов во февруари годинава, тој ни покажа мапа изготвена од амбасадорот на Велика Британија, Гарет, во која Македонија е поделена на 7 кантони. Новите информации се дека тие мегувремено се ревидирани на четири кантони. Да го знаеш ова и да дадеш мандат за состав на влада која ќе го реализира планот за кантонизација на Македонија, е ДАЛЕКУ ОД ЗДРАВИОТ ЧОВЕЧКИ РАЗУМ. ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ДРЖАВНИЧКИОТ РАЗУМ.

За мене како обичен човек е ненормално претседател или било кој премиер на Македонија (Црвенковски, Георгиевски, Трајковски, Груевски, Иванов…) да се продава, или пак да попушта пред закани. Какви и да се тие закани, па, дури да се случи убиство, со тоа директно ги праќаат во македонските легенди и народната меморија.

ПАРАДОКСАЛНО Е ДЕКА ОД 2001 ГОДИНА ДО ДЕНЕС, САД ДОБИВАТ ОД МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ СЕ, САМО ПРЕКУ ВЕРБАЛНИ УЦЕНИ.

УЦЕНИ ЗА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ, ЗА ЕКОНОМСКИ БЛОКАДИ…, ГЛУПА И ЖАЛНА СЛИКА. СЕТО ТОА ПОКАЖУВА ПСИХОЛОШКИ, МЕНТАЛЕН ПРОБЛЕМ КАЈ МАКЕДОНСКИТЕ ЛИДЕРИ.

ОД ДРУГА СТРАНА, ПРОБЛЕМ Е ШТО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВО МИНАТОТО И ДЕНЕС ДОПУШТА НА НАЈВИСОКИ ФУНКЦИИ ЛУЃЕ СО ПСИХОЛОШКА ОПТОВАРЕНОСТ.

ШТО СОДРЖИ ТАА ОПТОВАРЕНОСТ?

Прво, недостаток на индивидуална самодоверба – затоа се додворуваат на странците и барат покровители,

Второ, т.н. стокхолмски синдром – респект, приврзаност, па дури и љубов кон оние кои те киднапираат или силуваат,

Трето, недоверба кон народот, кон неговите желби. Третирањето на македонскиот народ како маса за гласање, а не како СУВЕРЕН КОЈ НОСИ ОДЛУКИ, А ПОЛИТИЧАРИТЕ МОРА САМО ДА ГИ СПРОВЕДУВААТ АДЕКВАТНО,

Четврто, концептот за македонската историја, непознавање на македонската психа, трансформирање на сопствениот страв врз народот, „да не се закрвиме“, создавање на поделби мегу народот за да се владее, јасни критериуми за македонец според делата, а не само по потекло. На тој начин се уништува границата мегу патриоти и предавници, мегу херои и одродници, „сите сме македонци“, се уништува концептот за нацијата.

Сличен синдром, како македонскиот лидерски генетски код, демонстрираат и повеќето од лидерите на Македонската револуционерна организација, дури во времето на Гоце Делчев. Практично, револуционерната мрежа тогаш не е изградена од ЦК, а по модел на Делчев. Четничката институција е реализирана од „обичните„ граѓански и селски комитети. „Придонесот„ на ЦК воден од бугарскиот врховист Гарванов е забрзаното Илинденско востание против волјата на Делчев. И пак македонскиот народ беше тој, кој по зборовите на поетот Вапцаров „во Илинден внесохме наша содржина„. Содржина македонска, а не бугарска.

Каде се денес лидерите на ВМРО-ДПМНЕ да го спречат погубниот договор со Бугарија и општото славење на македонскиот свет празник Илинден? Дали се таму каде беа при гласањето на Тиранската влада на Заев – неми сведоци и дури соучесници. Да се потсетиме, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Георгиевски ја потпиша Декларацијата со Бугарија во 1999 г.

Каде се лидерите на ВМРО-ДПМНЕ кога премиерите на Грција, Бугарија и Србија се собраа во Солун, ЗА ДА ГИ ДОГОВОРАТ ИДНИТЕ КАНТОНИ ВО МАКЕДОНИЈА? ВСУШНОСТ, СУШТИНСКИОТ ДЕЛ ОД СРЕДБАТА ВО СОЛУН БИЛ ЗАТОА. Патем, Бугарија го користи истиот кукавички потфат како и во однос на ТМОРО пред Илинденското востание, кое сега сака да го славиме заедно. Тогаш Бугарија се договарала за поделба на Македонија, а истовремено им ветувала на лидерите на Организацијата безусловна подршка. Бугарија сега сака да потпише Договор за пријателство, а води преговори со Грција и Србија за поделба на Македонија кои од кантоните да и припаднат. Едниот од кантоните за кој инсистира Бугарија е со центар во Струмица. ТАКА ШТО, ЗАЕВ ЌЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР ЗА ПРИПОЈУВАЊЕ НА „НЕГОВИОТ„ ГРАД И ОБЛАСТ КОН БУГАРИЈА.Â

И малите деца знаат дека ако вистински сакаш нешто, никој не може да те спречи. Затоа, секогаш децата го добиваат тоа што го сакаат.

ДОКОЛУ ВМРО-ДПМНЕ САКА ДА ЈА СПРЕЧИ ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА, МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИ ТОА!

ДОКОЛКУ САКА ДА ГО СПРЕЧИ ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА И ОПШТОТО СЛАВЕЊЕ, ИСТО ТАКА МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ ТОА!

СЕ РАЗБИРА, МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ И МЕНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ/ИДЕНТИТЕТ!

МЕЃУТОА, ПРОБЛЕМОТ Е ШТО ВМРО-ДПМНЕ НЕ САКАШЕ ДА ГО НАПРАВИ СЕТО ТОА КАКО ВЛАДЕАЧКА ПАРТИЈА, И ДЕНЕС КАКО ОПОЗИЦИЈА!

Се разбира, спречувањето не може се направи во Собранието, со разни процедури, реплики и дуплики, туку, СО ПОДРШКАТА НА НАРОДОТ. СО ТАА ПОДРШКА МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ И НОВИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ.

Меѓутоа, ВМРО-ДПМНЕ направи погрешни работи, прво, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ ја трошат народната енергија само за калкулантски, партиски цели и затоа ги запоставија бранителите од 2001, а ги згрижија терористите во своите влади и второ, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ се оградија и ги осудија граѓаните патриоти кои влегоа во Собранието на 27 април да ја бранат Македонија, кога тие ја предадоа а претседателот Иванов одби да ги аболицира патриотите, иако минатата година аболицираше политичари за криминал, како што беа аболицирани и терористите од 2001 година.

Значи, за криминал може, а за патриотизам не може аболиција, да не зборуваме за државните одликувања.

За каква историска меморија и достоинтсво станува збор, КОГА Е СУДЕН ЗА ВЛЕГУВАЊЕ ВО СОБРАНИЕТО, ЈАНЕ ЧЕНТО, ВНУКОТ НА ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА, НА КОЈ ВМРО-ДПМНЕ МУ ПОДИГНА СПОМЕНИК. СПОМЕНИЦИТЕ НЕ ГО КОМПЕНЗИРААТ ПРЕДАВНИШТВОТО. ЈАНЕ ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИЕТО ЗА ДА СЕ БОРИ НА ИСТИОТ НАЧИН. НА КОЈ СЕ БОРЕШЕ ДЕДО МУ, И ПРИТОА Е ОСУДЕН ОД ИСТИТЕ ПАРТИСКИ ПРЕДАВНИЦИ, КОИ ГО ОСУДИЈА И МЕТОДИЈА ЧЕНТО.

МЕЃУТОА, СЕ БЛИЖИ ДЕНОТ ЗА НОВА ВИСТИНСКА МАКЕДОНСКА ПАТРИОТСКА ПАРТИЈА КОЈА КЕ РАСЧИСТИ СО МАРИОНЕТИТЕ НА САД И ЕУ ОД СИТЕ ПАРТИСКИ БОИ.