Стелт тенк

Стелт тенк

Денес имаш сѐ на сѐ три држави чии воени индустрии имаат капацитети да ги следат сопствените армии во голема војна. Значи имаат способност со новопроизведени борбени системи и муниција, како и тековно одржување на постоечките да ги покријат потребите на армиите. Тоа се САД, Русија и Кина. Останатото е гола вода. Дали од аспект на мали капацитети, дали заради зависност од увоз на клучни суровини и компоненти. Ќе ти дадам еден пример кој не е поврзан со втора светска војна, туку е од поново време. Американците за време на десетгодишната воена кампања во Виетнам изгубија преку десет илјади авиони и хеликоптери. И што се случи? Ништо. Нејзината индустрија произведе во тој период преку дванаесет илјади нови. Слично е и денес. Русите секако дека губат техника и трошат огромна количина муниција. Ама нивната воена индустрија сето тоа без проблем го надоместува и го надминува и имаш ситуација на константно зголемување на нивната воена моќ. Од друга страна и покрај огромните количини на борбени средства, украинците за овие 19 месеци помогнати од цел запад не се во состојба ни 20% од борбените капацитети од пред почетокот на конфликтот да ги одржуваат и се наоѓаат пред колапс. Тоа е начин да се добие или загуби војна. Нема друг. Ова со Австралија и нападните атомски подморници не е до капацитетите за нивна изградба, туку до некои други моменти. Реално американците можат да им ги произведат за десетина години. Сепак тоа се борбени средства кои доста споро се произведуваат, ама сепак не до толку. Ова околу „стелт“ тенковите, споменатата специјалната покривка која драстично го намалува топлинскиот потпис на тенкот додека е во функција. Ама има и еден друг битен момент. Тоа се однесува само на Т-80БВМ. Овој тенк нема класичен дизел мотор, туку млазна турбина која при работа е сто пати потивка од дизелот. Е сега, комбинација од термо покривката и тивката пропулзија го дава ефектот на тешко приметливо борбено средство на фронтот каде и онака има многу бука. Се случува украинците да не го чујат овој тенк на 50 метри од нив. Затоа русите исклучително го ценат и го враќаат во употреба во големи броеви. Инаку наменски е произведен за борбена употреба во исклучително ладните простори во близина на поларниот круг, не за борби во Европа. Едноставно на млазниот мотор не му е гајле дали е надвор +50 или -100 степени, за разлика од дизел или бензински мотори

АД на Телеграм