Српски Пржински договор

Српски Пржински договор

Србте кои ни се смееа за Зоран Заев, не заебаваа за промената на името, со радост користеа “северна“ пред Македонија…, србите кои соработуваа со грците, шуруваа со бугарите и преку Дачиќ ни‘ делеа лекции – доаѓаат на она што ние го преживеавме!!!

Пржинското сценарио започнува во Србија. И тоа во уште по брутална форма!!!

Кај нас Пржино се случи во резиденцијата на амбасадорт на ЕУ, а медиатори (убедувачи) беа три европратеници плус амбасадори на САД, В. Британија…

Во Србија, западниот фактор е решен да ги понизи во уште поголема мера од онаа кога им назначи премиер лезбејка.

Првиот состанок кој е наречен “бурен“ и каде претставник на Вучиќ е радикалното крило претставено од Џука (Владимир Џукановиќ, пратеник и водител на емисијата “На кафи са Џуком“ на телевизија Коперникус), е замаглување на стварноста, замајување на јавноста во смисла “ми као нешто нападамо, они се као бране…“.

Тој прв состанок, за разлика од македонскиот, е одржан во салата на Факултетот за политички науки. Значи тоа е кај некој нивен Фрчковски!

За разлика од македонскиот случај каде посредници беа ЕУпратеници, Хан, амбасадорт на САД, амбасадорот на ЕУ и слично, кај србите тоа е, верувале или не, Фондацијата за отворено општество!!! Значи српскиот пржински договор го раководи Џорџ Сорос. Браво брачо срби. Алаф вам чуфте.

Згора на се‘, во познатиот “демократски“ капацитет на соросоидите, од сето ова беа исклучени медиумите, односно јавноста.

И, шлаг на тортата е дека “Фондацијата за отворено општество“ ќе дала соопштение два дена по настанот. Пазете, ни партии, ни факултет, ни политичари – Сорос ќе го даде соопштението!!!

Крајната цел на српскиот пржински е признавање на Косово за држава, приклучување на Медвеџа, Бујановац и Прешево кон таа држава. Комплетна автономија на териториите околу Нови Пазар (Санџачка република) со Прибој, Пријепоље, Нова Варош, Сјеница, Тутин и Нови Пазар. И, автономија на Војводина.

Значи, набивање на Србија во еден Белградски пашалук проширен со Шумадија и дел од поморавјето.

Таква отепана и понижена Србија, која нема сила да си ги спаси сопствените територии, луѓе, цркви, манастири и споменици, за наша жал, нема никаква сила да се наметне во моменталното распарчување на Македонија. Планираната поделба на Македонија, која нема како таква да постои, ќе е плен за Албанија и Бугарија. Дури и границата е веќе договорена. Србија која нели “двапут ратовала“, без разлика што беше на вистинската победничка страна во првата и втората Балканска, како и во првата и втората Светска војна, губи од држави сојузници на тогаш поразените сили и армии.

Не само што губи влијание на Балканот, ами ја губи и својата територија.

Не дека нас нешто поарано ќе ни е да не делат Србија, Бугарија и Албанија, а не само Албанија и Бугарија, туку во поголема збрка шансите да преживееме како држава ни се поголеми.

 

https://www.kurir.rs/vesti/politika/3294879/evo-sta-se-stvarno-desavalo-na-sastanku-vlasti-i-opozicije-poceli-bez-pozdrava-sevale-varnice-sa-obe-strane-sve-kljucalo-od-netrpeljivosti

 

МН и БН за Дудинка

01.08.2019