Заминувам за Русија. Ангажиран сум да снимам воведна емисија за СП во фудбал Русија 2018.
Користам прилика, со помош на Офф Трендо Спорт да го соопштам мојот идеален тим, пред да биде започнато првенството.
Секако, најзастапени се фудбалерите од Бразил предводени од нивната најголема звезда Муртињо. Познат е по прекарот Шупотињо.
Муртињо инаку игра за клубот Илинденска, како позајмен играч од ФК Бихачка.
Тука е и ветеранот Branco, кој игра за сараевски Жељезничар.
Да не го заборавиме постојано корисниот, олраунд играч, играч за сите позиции и клубски бои Амди Вртињо.
За него е сеуште нејасно за која репрезентација ќе настапи заради постојаната навика да мења дресови и да дава голови со петица.
Бековскиот пар го сочинуваат Пиштињо Вриштињо кој моментно игра за прилепскиот ФК Провизии, и Микрометрињо од ФК Бихачка.
Во тимот има и една/еден “шимејл” од репрезентацијата на Бразил, популарната/популарниот Изнајмињо.
Од муслиманскиит дел од светот тука е Тендер Бег од ФК Зајас.
На голот ќе е најдобриот светски голман Хорхињо, кој последниве години настапува за ФК Калинка од Античка Македонија.
Предњи везни, задолжен за задњи пас, ќе е данецот Нетос Брутен.
Нај истурен, во шпицот на нападот е играчот на ФК Вардар Надојден, рускиот репрезентативец Кристијано Змицко.
На клупата за резервни играчи ќе се Илијас Халкидикис од Северна Грција и Крадињо од Северна Македонија.
СП Русија 2018
Саранск, Руска федерација
- 04.06.2018