За нивна жал, завршиле средно школо, дипломирале на факултет, ама ништо не разбрале од тоа што го бубале за оценка. Мозок не вклучиле.
Просто е зачудувачки како на примери од македонската самоназови “невладина интелигенција“ се докажуваат сите базични тврдења на психоаналитичарот Зигмунд Фројд. Длабоко во себе потиснуваните комплекси, амбиции, планови, замисли едноставно соросписките “новинари“, “невладини“, “политичари“, “интелектуалци“ не можат да ги скријат.
Тие би да се вратат со временска машина назад. Назад во 1946-та, и таму да лажно обвинуваат а врз база на тоа да апсат, судат, стрелаат или праќаат на Голи оток. Телата им се во 2015-та, мозоците во 1945-та! Денешниве СМРДСМ-овци (убаво ги опишува Тони Шанац) би сакале да се Панта Марина, Коле Чашуле или Лазар Мојсов а сите ние да сме Ченто. Сакаат да не’ судат и пресудат врз база на нивни измислици и желби.
Зигмунд да е жив ќе се изнапише книги гледајки ги пациентиве во Македонија.
Пазете ваму! Ниту знаат дали има било какво дело или криминал, Тортевски ќе блокирал сметки, приведувал луѓе, давал забрани. Уште првиот ден откако ќе станел “Специјален“. “Балерината“ Најче веднаш се‘ би стрелала оти својот народ не го трпи сметајки го за глуп, смрден и одвратен. Калајџиев јавно кажа дека без него СДСМ не може да ги добие следните избори. А, нели, “специјалниот обвинител“ би требал да биде алатка на правдата, законот, прописите???!!! Непристрасен би требало да биде?! Како ли овој квази-професор ги учи студентите на Правен?
Крајно, најразочарани се “перјаниците“ на прозападната агитација, бриселките робови, СМРДСМ пера Ерол Риазов, Бранко Тричковски и Бранко Око Соколово Гериз. Последниов се опишува себе си како “мудросерковец“, што во основа и е. Сите тие се разочарани што најавениот Специјален обвинител од договорот во Црниче, не е таков каков што си го замислиле. А тие си ги замислувале Марина, Чашуле и Мојсов и наредбата од Маршалатот од Белград.
Во и околу опзоицијата во Македонија сеуште живеат и владеат луѓе со исклучив србо-комунистички став и однесување. Тоа се луѓе што не еволуирале па и не разбрале што е демократија, што е плурализам, што се избори, што е гласање, што е волја на нардот… Застанити се во 1945-та, 1946-та…
Јасно е и зошто?! Нивните родители и родителите на нивните родители, направиле кариера, имот, богатство, функции врз база на уништување на семејства, домови, судбини, кариери на обичен, вреден и македонски настроен народ. Направиле “успех“ во животот преку преземање на имоти со национализација, вселување во куки на Водно, зацеметирување по факултети и институции… Тие СМРДСМ-овци не знаат ништо друго да работат, да произведат, да створат. Тие се крлжеи, тие се трутови на нашето општество. Цицачи на народни пари, корисници на фондови од Белград (до 1991-ва) и на фондови од Брисел и Вашингтон (по 19910ва). Гледајте ги само примерите на фамилијата “Борјановци“ од Брајчино, примерот на Ана Павлова Данева, на Габерка, на Стево Црвенковски… На таа црвена аристокрација им се приклучија џандари и шпиуни од типот на Пендаровски, Фрчкоски, Верушевски, Богоевски, Саки Кировски, Бучковски, Кире Наумов…
Пред овие пациенти на Зигмунд Фројд истопурчен е МАКЕДОНСКИОТ народ. И не им дава да пркнат. Не помага нит ВОЛерс, ниту БЕЉИ (бејли), ниту Прибе, ниту Фејт…
Другари србокомунисти, во април догодина ве чека судирот со народот, судирот со вистината. Ова што сега сте разочарани од тимот на Јанева не е ништо со разочарувањето што ќе го доживеете тогаш.
Миленко Неделковски 02.10.2015
Смислено на денот на битката на Гавгамела.
Наишано ден потоа.