СПЕЦИЈАЛЕН СЕЉАК

Вистината е како шило, ќе изјави Груевски во Собранието на седница за пратенички прашања.

Дали е визионер или знаел нешто што ние смртниците не сме знаеле, кога еве, стартува политичката есен со вистината на виделина. И тоа не “сељачки“, како што го опишува кумановката Оливера Црпкото од СДСМ, туку елегантно. Односно, не “сељачки“ со оговарања, илегални прислушкувања, монтажи, адаптации…, туку елегантно со документи од судовите од САД. Нели де, тој САД во кој сите политичари се колнат, тој САД кој ни е “единствен“ стратешки партнер, тој САД што поставува губернатор/владател во оваа наша држава во ликот на нивниот амбасадор. Тој САД де, на чија прослава на 4-ти јули одат сите. Сите де, што не смеат да одат на идентична прослава на амбасадите на Иран Русија, Кина!!!

https://youtu.be/A_zR-f1ilzI

И додека “свекрвите“ од СДСМ се занимаваа со оговарање и незаконско прислушкување, не ВМРО ами медиумите се бавеа со истражувачко новинарство и објавија официјални докумени од сослошувањата, сведочењата, изјавите и пресудите за корупција и манипулација на Маџар Телеком во Македонија. Приглупите “колеги“ од Фокус заклаа вол за една шницла, со објавите за сведочењето на криминалецот Слободан Богоевски (лежи затвор во овој момент), и од таму почна лавината.

И додека “свекрвите“ од СДСМ се занимаваа со оговарање и незаконско прислушкување, не ВМРО ами медиумите се бавеа со истражувачко новинарство и објавија официјални докумени од сослошувањата, сведочењата, изјавите и пресудите за корупција и манипулација на Маџар Телеком во Македонија. Приглупите “колеги“ од Фокус заклаа вол за една шницла, со објавите за сведочењето на криминалецот Слободан Богоевски (лежи затвор во овој момент), и од таму почна лавината.

Во овој момент неколку работи се јасни:

1. Сведочењата и документите од американските судови се необорливи докази, валидни документи, неприкосновени аргументи за гонење, судење, апсење и осудување на криминалци – политичари рушветџии.

2. Сељачките “Бомби“ не се докази, не се валидни, не се неприкосновени и не се доказ за било каков процес.

3. За Маџар Телеком не треба специјален обвинител, доволен е и овој сегашниов Зврлевски кој е поставен според закон и во согласност со Уставот на Република Македонија.

Не сељачките “бомби“, ами оверени документи од суд во САД покажуваат дека комплетниот состав на СДСМ бил корумпиран со вкупна сума што надвисува 40 милиони евра. Задачата им била да работат НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Сега станува јасно зошто Црпко уште есеноска брзал да влезе во кабинетот на Груевски и да го уценува што е можно побрзо да се направи некаква мешовита “влада“. Сега станува јасно зошто Црпко посалуваше кратки рокови за пад на Груевски. Да се потсетиме: “ќе падне за два-три дена“, па потоа “готов е до март“, па до април, мај, па до доаѓањето на Нуланд, па до Прибе, па до Пржино, па до Хан… И се така по ред. Сега станува јасна нервозата во редовите на криминалците во СДСМ што земале рушвет, а сакаа таа работа да се покрие со ала-бала муабетите по телефон. Сега станува јасен и расколот во СДСМ, бидејки е јасно дека знаеле оти големи пари се вртат од маџарите. Ама некој лапал многу, некој таман, а некој ич.

Аххх, да! Сега станува јасно зошто темата не ја третира Алсат, 24 вести, Телма… Зошто не бекнува Чом, Среќко, Попетрески… Сега станува јасно дека Никола Младенов ги имал копиите од сметките на Бранко и Хари во кипарските банки, каде се префрлени парите од Маџар Телеком. Тоа дава јасна индикација доколку Младенов бил ликвидиран, од која канцеларија дошол налогот. Од канцеларијата, односно налогодавачот што го нареди убиството и на Диме Поштарот. Од кај Хари Костов. Финасиерот на СДСМ и Оливера Трајковска.

И да, јасно е дека ова што го објавува “Република“, не е се. Има уште многу.

Од досега објавеното можеме да видиме дека:

1. Перо Гошев како Гувернер на Народна банка на Македонија перел пари во корист на Маџар телеком.

2. Владо Бучковски и Бранко Црвенковски биле најгнасните политичари рекетари. Јасно е дека Бучко судењето за криминалот со Маџар Телеком ќе го дочека во затвор заради веќе постоечката пресуда. На Бранко ќе му е сефте.

3. Таканаречи професорите (а бога ми по некој и декан) Борче Давитковски, Дејан Мицковиќ, Бучковски, Тупанчевски, Тито Беличанец биле длабоко корумпирани и влезени во шема да подготвуваат закони НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Свесно да работат против своите сограѓани.

4. Можеме да видиме како и зошто Радмила Шекеринска ја заслужила јахтата што плови под грчко знаме! Исполнувајки му ги сите желби на Кондоминас, ете како.

5. Дека членовите на комисијата за Телекомункации како што се Жерновски, Макрадули, Тромбев и нивниот надворешен координатор Бузле “Панта Реи“ биле диретни извршители. За пари, секако. За многу пари, секако. НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, се знае.

6. Дека Сречко Поповски не го саботирал криминалното работење на кабинетот во кој бил активен и неодминлив член, туку го штител својот шеф криминалец Бучко.

7.  И дека јас имам направено најголема утка во ангажирањето на Кире Наумов пред две сезони, оти сите го откриле и прогласиле дека е некомпететен. Односно, абдал.

Заклучок:

Не видовме сеуште проверка на факти. Коко Бојаровски молчи. Не видовме Сашо Орданоски да објави “Чин четврти: Констатиран Специјален криминал“. Не видовме саботажа на Среќко Поповски, оти бил директно вклучен во криминалот на Бучко. Не видовме згрозеност од Слаџана (преку)Тасева и нејзината институција, од Калајџиев и неговата институција…

Поука од авторот:

Со Маџар Телеком не зваршува елегантната и интелигентна “вистината е како шило“ стратегија. За сељакот од Муртино и неговиот тим (5.000 тима, да потсетам) претстои уште една голема сага која се вика ЕВН. Заради бомбона бизнисот на Радмила Шекеринска немирно ќе спијат сите овие ликови плус Слаѓана Тасева и Зоран Јачев.

Политичката сцена во Македонија до пролет ќе мора да се расчисти од фекалиите. И од оние во ВМРО и од оние во СДСМ. Но и во ДУИ и ДПА. На задовослтво на народот во Македонија.

Пандорината кутија сељачки ја отвори Специјалниот Црпнат Сељак. Сега следи епилогот.

Миленко Неделковски

26.09.2015

21.03 часот – Скопје