СООПШТЕНИЕ
Почитувани, бидејќи многумина од вас ни поставија прашања во врска со ставот на Сончева за престојните избори, чуствуваме потреба на сите оние кои се прашуваат кој е тој, јавно да го соопштиме.
Ова наше соопштение важи и за сите понуди кои ги имавме за било какво учество во изборите. Иако ова не беше став донесен прекуноќ, сепак остануваме доследни на она што значи Сончева револуција како и нејзината идеја и цел.
#СончеваРеволуција е надпартиска и всемакедонска организација и не е заинтетесирана за понуда или претставување на свој членови за овие избори како и за обединување. Оние кои ќе побараат од нас поддршка, ако сметаме дека се со идеологијата кои ние ја негуваме и градиме, ќе ги поодржиме, но не се обединуваме за никакви политички и изборни активности. На овој чекор се одлучивме зошто цениме дека нашта заложба и задача е поголема од овие избори и дневнополитички случувања.
А до тогаш ве повикуваме сите да присуствувате на дефилето и настанот на #СончеваРеволуција на 11ти јануари. Кажете и направете нешто добро за Македонија. Ви благодариме на вниманието.
Томче Ширков
Сончева револуција
02.01.20 – Скопје