Слободно производство на оружје за масовно уништување

Слободно производство на оружје за масовно уништување

Гледајќи и слушајќи последниве години се повеќе тажни вести за сообраќајните несреќи и жртвитите како последица од нив,дојдов до еден многу грд заклучок.Државата како институција низ времето перманентно пронаоѓа начини како да собере што e повише можно средства од граѓаните на секој можен начин.Порано тоа биле арачи,мостарини……а во современо време еволуирале во даноци,казни,дозволи,патарини,комуналии,тв претплати,секаков вид сметки итн.Секогаш е изговорот на властите сличен.Да се напуни буџетот,да се намали сивата економија,да се подобри инфраструктурата,да ви дојде паметот и ред други.Али кога треба да даде или да направи нешто за својот народ тука оправдувањата во стил “тешко е,не е време за тоа” и слични немаат крај.

Никаде освен во Германија не можете да возите автомобил побрзо од 140 km/h!
влада воопшто дозволува производство на автомобили кои имаат можности за постигнување брзина поголема од 100 km/h ????
По логиката на нештата штом е јасно дека над оваа брзина е се супер опасно и непредвидливо,зошто не е лимитирана брзината на возилата? Нееееее нема потреба од ваков зафат.Давачките за појаките коли се поголеми,казни ќе има колку ти душа сака а луѓе и животни што гинат е помалце битно.Дури и продавачите во авто-салоните се трудат да ви доловат колку е подобро да имате што поснажна машина.Ќе претекнувате побрзо,од 0-100 за 4-5 секунди итн.Авто индустријата се раскости од покажување по авто саеми кој направил појак и побрз автомобил.Дури и автобусите со кои нашите деца идат на екскурзии развиваат брзини до 150km/h.Се ова е еден вид на потикнување да направите прекршок или сообраќајна несреќа со смртни последици.Државата и на ова замижува и се понаша како да не е ништо страшно.Правно кажано “Злосторничко здружување со цел за остварување добивка”.
Секоја година во сообраќајните несреќи животот го губат 1,25 милиона луѓе,а во војни дејствија и убиства заедно 440,000 луѓе.Ова се страшни податоци на кои државите низ целиот свет не обрнуваат никакво внимание,али кога треба да се наплати казната за брзо возење делуваат као струја со опомени,закани и извршители.

Да биде појасно:
дозволено е да купиш автоматско оружје и можеш да пукаш ама пази да не те фатат,казниво е според законот.

by Explorer