Следните три емисии!!!

Не верував дека било кога во својата кариера ќе го премавнам “рекордот“ за подготовка на една емисија, од онаа со интервјуто на Аиртон Сена. Тогаш емисијата започнав да ја подготвувам во мај, ја снимав во септември а ја емитував во октомври. Тоа беше пред точно 25 години. Немаше имејл, вибер, сигнал, конфиде, вотц ап, фејс, инстаграм… Немаше ништо од тоа, ами само обична пошта, телефон на вртење и како најголемо техничко-технолошко достигнување имаше факс. И, ми требаше 6 месеци, 1/2 година, да реализирам емисија.

Сега, со безмалку истото темпо одосно од мај до сега – значи 7 месеци, ми требаше да го завршам планот за серија од три емисии, од која првата ќе оди сега во петок на   10-ти ноември. Тешкотијата во обработката на оваа тема се гледа и преку тоа што во денешно време кога има се‘ ( имејл, вибер, сигнал, конфиде, вотц ап, фејс, инстаграм…), мене ми требаше повеќе од половина година да ги најдам доказите, соговорниците, да ги поканам, или да одам до нив, да ги снимам, измонтирам – и, емитувам. И сето тоа да го исфинасирам. А, се гледа дека не сум миленик  ни на власт, ни на опозиција, ни на Сорос…  Само јас си знам колку ѓаволски тешко беше сето тоа.

Во овој период направив и мрежа од медиуми и телевизии низ Европа (Србија, Црна Гора, Далмација, БиХ, Италија, Франција, Каталонија, Германија и Шведска) каде оваа мини серија исто така, по премиерата во Македонија, ќе се емитува.

Темата е шкакљива, опасна, непријатна за гледање и слушање!

Темата открива како се нарачува и спроведува рушење на легално избрана власт. Темата открива како се нарачуваат и обавуваат убијства на цивили, униформирани лица, недолжни минувачи. Темата посочува кој ги регрутира убијците. Емисиите понудуваат сведочење дадено само за мојата емисија на најмалку 3-ца платени убијци – снајперисти. Темата открива кој обезбедувал оружје, муниција… Кој одредувал мети за елиминирање. Која ја правел нарачката за да предизвика хаос.

Досега, немам чуено и видено, оние што биле пратени да убиваат и на кои им било наредувано да пукаат да сведочат со нескриен свој идентитет (име, презиме, земја на живеење, лик, глас…).

Во емисијата нема затемнети фаци, сликани интервјуа со луѓе во сенка без да им се гледа фацата, качулки…

Ќе се бунат амбасади? Ооо, да.

Ќе се караат амбасадори? Да, бе – да.

Нашата власт и опозиција ќе е незадоволна? Сигурно.

Се ќе е јавно и транспарентно.

И, опасно.

 

 

М. Неделковски

 

Скопје, 08.11.2017